Следете не

Кичево

Кичевско: Поради обилните дождови подигнато нивото на водотеците

Објавено пред

на

Врнежите од дожд кои во кичевскиот регион беа поинтензивни во изминатите два дена, придонесоа да порасне водостојот на реките, но поради долготрајната суша речните корита се уште не се доволно полни за да дојде до нивно излевање. Најголемата река во регионот Треска, се уште е далеку од времето кога често се излеваше и крајречните жители барем засега можат да бидат спокојни.

– Долготрајната суша до тој степен ја испразни најголемата наша река Треска, што нејзиниот водостој по дводневните врнежи воопшто не се промени. Мора да врне многу посилен дожд во подолг период, за да почне коритото на Треска забрзано да се полни и да предизвика излевање од нејзиното корито. Засега сме спокојни и да очекуваме и наредните денови Треска да има стабилен водостој без опасност од излевање. Овој дожд е добредојден за есенските посеви бидејќи ја зголеми почвената влага – вели Ќемаил Сами, од село Лисичани.

Инаку, овие дождови ја зголемија штедроста на изворот на Треска, што е добредојдено за рибниците на извориштето, за да можат без потешкотии да егзистираат, за разлика во претходниот период кога беа на границата на опстанокот.

Подготви: Зоран Антоски

Кичево

Кичевската улица „Скопска“ утре блокирана за сообраќај поради градежни работи

Објавено пред

на

ЈП Комуналец – Кичево ги известува граѓаните со живеалишта на ул. „Скопска“ утре на ден 17.06.2021 (четврток) од 08:00 до 14:30 часот ќе биде блокирана за превоз поради изведба на градежни работи за промена на водоводни, фекални и атмосферски цефки на улицата.

Прочитај повеќе...

Кичево

Кичево денес прв град по новозаболени од Ковид-19, ова е билансот по градови

Објавено пред

на

Министерството за здравство денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 15 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 5 случаи во Кичево, 4 во Скопје, 3 во Тетово и по 1 случај во Прилеп, Охрид и Делчево.

Регистрирани се 14 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 11 и по 1 од Куманово, Гостивар и Кичево.

Од МЗ посочија дека во изминатото деноноќие не се регистрирани починати лица од Ковид-19.

Прочитај повеќе...

Кичево

Бакарди: Потребни се работници со искуство за претстојната сезона

Објавено пред

на

Нашите партнери од Bacardi Lounge Bar – Кичево ве известуваат дека поради проширување на својата дејност и надополнување на својот успешен тим за сезоната која следи, потребно е пополнување на персоналот, односно потребени се работници со искуство на следниве позиции :

Пица мајстор

Готвач за на скара

Келнер 

За информација, лицата кои ќе работат ќе бидат во редовен работен однос.

Сите заинтересирани можат да контактираат на броевите

☎️ 076/980-888 и 075/416-550

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

СпортПред 59 минути

Арнаутовиќ се спаси, доби само 1 натпревар суспензија, неговата навреда не е карактеризирана на расна и етничка основа

Австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ денеска е суспендиран на еден натпревар откако го навреди нашиот македонски репрезентативец Езѓан Алиоски на меѓусебниот...

МакедонијаПред 1 час

Навивај за Македонија со најдобрите и квалитетни телевизиски понуди на ТоталТВ !

Навиваме за Македонија сите заедно! Со Тотал ТВ утре во 15:00 часот не го пропуштајте натпреварот за ова лето Македонија...

КичевоПред 2 часа

Кичевската улица „Скопска“ утре блокирана за сообраќај поради градежни работи

ЈП Комуналец – Кичево ги известува граѓаните со живеалишта на ул. „Скопска“ утре на ден 17.06.2021 (четврток) од 08:00 до...

КичевоПред 4 часа

Кичево денес прв град по новозаболени од Ковид-19, ова е билансот по градови

Министерството за здравство денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 15 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 5...

МагазинПред 5 часа

„Протече“ новиот Windows 11: Како изгледа, како звучи и што ни носи?

Информациите за изгледот и новите карактеристики на Windows 11, познат и како „Sun Valley“, стигнаа до медиумите откако неколку слики...

СпортПред 6 часа

ФФМ известува дека мора негативен Ковид-19 тест за сите кои имаат билети за утрешниот натпревар со Украина

Фудбалската репрезентација на Македонија, утре од 15 часот на „Националната Арена“ во Букурешт го игра вториот натпревар на ЕП 2020...

СветПред 6 часа

Канцерогени хемикалии пронајдени во шминка производи во САД и Канада

Една нова студија открила високи нивоа на маркери за токсични PFAS супстанции во 52 проценти од 231 шминка производи тестирани...

Временска прогнозаПред 13 часа

Покачување на дневните температури, во попладневните периоди продолжува нестабилното време

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со умерена локална облачност. Попладне особено во планинските региони ќе има...

СпортПред 13 часа

Алиоски: Точно знаеме што да подобриме, најважно е да веруваме во себе и во тимот, одиме на победа!

Македонската А репрезентација на 17. јуни ја очекува вториот натпревар од Европското првенство. Украина е селекцијата на која ќе им...

На денешен денПред 14 часа

На денешен ден – 16 јуни

1671 година – Водачот на востанието Дон Козак и селанец, Степан Стењака Тимофејевиќ Разин, беше јавно погубен во Москва. Во...

НАЈЧИТАНИ