Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, согласно даденото ветување на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, донесе одлука за зголемување на таксата (надоместок) за судии и контролори.
40 проценти е зголемена таксата за судии и конторлори за натпреварувањата во Прва МФЛ, Втора МФЛ, сите младински категории (младинци, кадети, пионери, помали пионери, петлиња, помали петлиња), женски младински категории (младински и кадетки);
60 проценти е зголемена таксата за судии и конторлори за натпреварувањата во Супер лига – младинци и кадети.
100 проценти е зголемена таксата за судии и конторлори за натпреварувањата во Прва и Втора футсал лига и женска Прва и Втора лига.
Ова е само прва фаза од најавеното зголемување за судиите и контролорите. Претседателот на Комисијата за натпревари, Игор Франговски во следната фаза ќе даде предлог за зголемување на таксата (надоместокот) и за делегатите на натпреварите од МФЛ.
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за укинување на забраната за присуство на публика на натпреварите од северниот регион во Детска лига. Тренерите на тимовите, учесници во натпреварувањето се известени да го почитуваат кодексот за фер-игра и однесување. Секое спротивно однесување ќе подлежи на дисциплински сакнции. Исто така, повикуваме, сите родители и гледачи во иднина да размислуваат за влијанието што нивните постапки го имаат врз децата и секогаш да се однесуваат на начин кој поддржува и поттикнува позитивен развој. Приоритет е да обезбедиме секое дете да ужива во играњето фудбал во безбедна и позитивна средина.
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го одреди датумот и местото на одржување на Редовно изборно генерално Собрание на Фудбалска федерација на Македонија. Редовното изборно генерално Собрание на ФФМ ќе се оддржи на 15. март 2025 година со почеток во 10:00 часот во хотел „Хилтон“ во Скопје.
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука федерацијата да се откаже од 50 проценти од приходот остварен од регистрација на странски фудбалери. Приходот од кои се откажува ФФМ, ќе биде пренасочен кон Општинските фудбалски Сојузи (ОФС).
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го прифати предлогот за измени на членови во Одборот на тренери во Фудбалската федерација на Македонија.
Актуелниот состав на Одбор на тренери во ФФМ е следниот: Алексо Мацков, Борче Христов, Благоја Китановски, Кочо Димитровски, Менсур Јакупи
Во продолжение ТУКА прочитајте го целосниот извештај на Фудбалската Федерација на Македонија