Мобилни уреди
Секој мобилен има тајни кодови, внесете некој од овие и дознајте повеќе за вашиот уред
Постојат кодови кои се наменети за само една серија на уреди.
Она што многу од корисниците на Android не го знаат е дека во менито за повици може да се внесат различни кодови кои покажуваат скриени менија, услуги, дијагностика и многу повеќе.
Имајте на ум дека некои кодови се скриени од причина што не треба да бидат достапни за корисниците, затоа што со погрешено внесен код, може да се расипе телефонот.
Исто така, пред да внесете одреден код, важно е да знаете дека некои од нив нема да работат на сите уреди, бидејќи се наменети само за едена серија на уреди или одреден модел.
Во продолжение можете да погледнете кои се тие кодови и да ги испробате:
- *#06# – IMEI број
- *#0*# – Мени за сервис
- *#*#4636#*#* – Информации за батеријата на уредот
- *#*#34971539#*#* – Детали за камерата
- *#*#273282*255*663282*#*#* – Backup медиа
- *#*#197328640#*#* – Акивација на тест режим
- *#*#232339#*#* – Тест за Wireless LAN
- *#*#0842#*#* – Тест за вибрација и позадинско светло
- *#*#2664#*#* – Тест за екран чувствителен на допир
- *#*#1111#*#* – FTA (фабричка) верзија на софтверот ( со 1234 во кодот дава приказ PDA и FW)
- *#12580*369 – Информации за софтверот и хардверот
- *#9090# – Дијагностички информации
- *#9900# – Системски dump mode
- *#301279# – HSDPA/HSUPA контролно мени
- *#7465625# – Статус за заклучување на телефонот
Магазин
iPhone 16 се продава подобро од iPhone 15 – но не насекаде
Извршниот директор на Apple, Тим Кук, изјави дека новите модели од серијата iPhone 16 се продаваат подобро во споредба со iPhone 15 во истиот период минатата година.
Каде iPhone 16 не бележи голема продажба?
Иако продажбата расте на некои пазари, во одредени земји побарувачката е послаба, особено таму каде што Apple Intelligence сè уште не е достапен. Ова се однесува на кинескиот пазар, каде што корисниците се помалку заинтересирани за надградба без целосно функционални AI карактеристики.
Како Apple Intelligence влијае на побарувачката?
Кога iPhone 16 првпат беше лансиран, недостасуваа AI-функциите што Apple ги најави. Подоцна, дел од Apple Intelligence беше додаден преку ажурирања, но сè уште не се достапни сите функции.
On #Apple16 sales
CEO @tim_cook tells me that the 16 sold better than the #iphone 15 family 👇Sales dropped 1% from last year owing to #appleintelligence delay $aapl pic.twitter.com/aGx4tF34pO
— Susan Li (@SusanLiTV) January 30, 2025
Што ќе се промени со iOS 18.4?
Со претстојното iOS 18.4 ажурирање, Apple Intelligence треба да стане достапен во повеќе земји. Ова може да придонесе за поголема продажба на iPhone 16 на пазарите каде што досега интересот беше слаб.
Извор: B92
Магазин
Apple повторно испраќа порака до корисниците: Дали вреди да се надградите на iOS 18.3?
Магазин
Android 16 ги принудува програмерите да ги оптимизираат апликациите за големи екрани
Со Android 16, Google презема чекори за подобрување на корисничкото искуство на уреди со големи екрани, како што се преклопливите телефони и таблети. Досега, многу апликации не беа прилагодени за овие формати, што резултираше со црни ленти на страните, неискористен простор и непрактичен распоред на елементите.
Крај на заклучената ориентација и фиксниот сооднос
Во Android 16 Beta 1, Google воведе значајни промени во начинот на кој оперативниот систем се справува со ориентацијата и големината на апликациите. Програмерите повеќе нема да можат да ги заклучуваат апликациите во одреден формат или сооднос, со што ќе се спречи избегнувањето на адаптација за поголеми екрани. Наместо тоа, Android автоматски ќе ги прилагодува апликациите според ориентацијата на уредот – портрет или пејсаж.
Ова значи дека апликациите што не се оптимизирани ќе изгледаат непривлечно или дури и ќе станат нефункционални, освен ако програмерите не го прилагодат нивниот интерфејс според препораките на Google. Ова ќе ги поттикне развивачите да усвојат подобри UI практики и да овозможат подобро корисничко искуство.
Зошто е важна оптимизацијата за големи екрани?
Google истакнува дека апликациите кои се оптимизирани за поголеми екрани забележуваат зголемена популарност. Како пример, ја наведува апликацијата FlipaClip, алатка за 2D анимација, која по оптимизацијата на својот интерфејс забележа 54% пораст на корисниците.
Овие промени во Android 16 ќе овозможат пофункционални и визуелно попривлечни апликации за корисниците на преклопливи телефони и таблети, што значително ќе го подобри искуството со користење на уреди со големи екрани, пишува Notebookcheck.
-
Кичево2 дена
Вчера во Кичево глутница бездомни кучиња нападнале 12 годишно момче
-
Кичево4 часа
Вчера вечер се случила тешка сообраќајна несреќа на влез во Кичево
-
Временска прогноза16 часа
Од понеделник сув студ со доста ниски утрински температури – Ова се деталите
-
Lifestyle2 дена
Пет работи што никогаш не треба да ги правите на празен стомак
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (февруари 2025)
-
Lifestyle17 часа
Научниците откриваат: Зошто не треба да јадете банани на празен стомак
-
Временска прогноза2 дена
На повидок краткотрајна пролет, температури во пораст до 20°C
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за недела (2 февруари)