Следете не

Забава

Кога е вистинско време за кафе?

Avatar

Објавено пред

на

Заклучок е дека кафето треба да го одбегнувате кога нивото на кортизол во крвта е најголемо во текот на денот, а највисок е меѓу осум и девет часот наутро.

Кон кофеинот би требало да се однесуваме токму како што пациентите се однесуваат кон лековите за болки и антибиотиците, значи земање според посебен рецепт. Според Стефан Милер, студент на докторски студии на подрачјето на неврологијата, најдобро време за пиење кафе наутро е меѓу 9.30 и 11.30 часот.

Милер, на својот блог NeuroscienceDC, објаснува дека правилното темпирање на пиење кафе спречува развивање на толеранција на тој глобално популарен пијалак. Тој истакнува дека принципот на развивање отпорност на кафето е сличен како и со антибиотиците и аналгетиците што пречесто се земаат, пренесува popsci.com.

Тоа што е поинаку кај кофеинот, за разлика од наведените лекови, е тоа што не си играте со промената на прагот на болка или со бројот на штетните бактерии во телото. Се поигрувате со иднината на сопственото тело.

Токму како што луѓето не би смееле да земаат аналгетици за лесни главоболки, размислувајќи само за брзо решавање на проблемот, така Милер истакнува како кафето треба да се избегнува да се пие кога телото се наоѓа меѓу тие најбудни периоди во денот. Ако сакате да испиете кафе и попладне, тогаш најдобро е тоа да го направите меѓу 17.30 и 18.30 часот, истакнува Милер на својот блог.

Всушност, се работи за погодување на најдоброто време во рамките на вашиот биолошки часовник што е регулиран од хипоталамичкото јадро, што регулира и други телесни функции. Наведените јадра го контролираат циклусот за спиење и неспиење, хранење и трошење на енергијата во телото, хомеостазата на шеќерот на тие хормони, од кои за будност е релевантен кортизолот (често наречен и хормон на стресот).

Заклучок е дека кафето треба да го одбегнувате кога нивото на кортизол во крвта е најголемо во текот на денот, а највисок е меѓу осум и девет часот наутро, нагласува Милер.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Занимливости

Кичево популарно и по рачна изработка на уникатни модни додатоци за вашето секојдневние, Наталиа ќе ве воодушеви со нејзините дела

Avatar

Објавено пред

на

Нашиот град е на далеку прочуен по својата уникатност во повеќе области. Пред неколку денови откривме дека рачната изработка на уникатните модни додатоци кој се практично дел од нашиот живот многу се барани токму кај нас и стапивме во контакт со најголемиот виновник за своите ценети продукти „Наталиа“ која долго време креира и на ваше барање дополнително изработува додатоци кои даваат посебност во вашата модна колекција..

Да токму така, веќе подолго време изработувам уникатни модни додатоци и сум премногу задоволна бидејќи ова ми е хоби и секојдневие, уште како дете преовладуваше заинтересираноста за изработка на шноли, најразлични видови на лептир машни, марами и што уште не – за нашиот портал на кратко изјави Наталиа.

Изработува по нарачка, идеја, истите продукти можат да ви бидат доставени до вашиот град.

Сите дела можат да се видат на нејзината официјална фејсбук страница „Handmade by Natalia“ и инстаграм профил.

Браво!

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Забава

Човек се искачи на кулата на Трамп, барајќи да разговара со него

Avatar

Објавено пред

на

Неидентификуван маж се искачил на кулата на Трамп во Чикаго, барајќи тој да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп и медиумите.

Човекот, на возраст од околу 20-тина и наводно член на движењето „Црни животи се важни“, се искачил на кулата Чикаго Трамп околу 17:30 часот и висел на јаже во неделата вечер и бил со часови таму, додека полицијата се обидувала да го убеди да слезе. Пренесува “New York Post”.

Полицијата соопшти дека човекот се заканил дека ќе се самоубие доколку не разговара со Доналд Трамп.

На видеата што се појавија на социјалните мрежи, можете да видите како човек виси на портокалово јаже, тврдејќи дека е член на движењето и има порака за Трамп.

„Не сакам да умрам, но ако некој се обиде да го повлече ова јаже, ќе скокнам и ќе умрам“, рече човекот.

Како што се наведува, тој се снимал со камера и ги дал тие изјави, а сè било пренесувано во живо на Фејсбук.

„Имам нож. Ако некој го повлече јажето, ќе го пресечам “, рече момчето.

Тој додаде дека ако Трамп вети нешто, тој мора да го исполни пред изборите.

Засега е непознато како завршила ситуацијата.

 

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Кога ќе се намачкате со овој продукт за јадење никогаш веќе нема да ви излезе „модринка“

Avatar

Објавено пред

на

Кога ќе се удрите вие, вашето дете или било кој друг, веднаш намачкајте го удреното место со путер или маргарин и модринките нема да се појават.

Важно е да го намачкате што побрзо, ако е возможно веднаш. Зошто путерот така делува?

Телото е полно со крвни садови и при ударот, удреното ткиво е изиритирано и во околното ткиво се испушта хистамин. Хистаминот ги разбива ѕидовите на крвните жили и од нив започнува да тече крв во околното ткиво. Последица на тоа е крварење или отекување на ткивото кое започнува да добива нијанси на црвено-виолетова боја. Така настануваат модринките.

Путерот е полн со фосфолипиди (група на соединенија кои сочинуваат клеточна мембрана), а со мачкањето со путер на удреното место тоа го впива и ги обновува ѕидовите на крвните садови, на тој начин го спречува понатамошното крварење.

Можете да користите и маргарин, бидејќи и тој изобилува со фосфолипиди, но путерот е подобар. Освен фосфолипидите, тој е богат и со витамините Е, А и Ф, како и со незаситени масни киселини, кои имаат и антигабични и антивоспалителни својства и ја регенерираат кожата забрзувајќи го производството на колаген.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 1 час

Нема град во нашата држава во кој нема активни случаи на Ковид-19, над 100 во Кичево, вкупно 7,408 случаи, ова е листата по градови..

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, заедно со бројката од потврдените 561 заразени вчера. По градови редоследнот...

ХороскопПред 2 часа

Денешен Хороскоп (26.10) понеделник

ОВЕН Денес ќе биде вообичаен ден. Бидете повнимателни во сообраќајот. Ќе добиете нова информација во врска со некој правен проблем....

МакедонијаПред 6 часа

Нови 561 случаи на Ковид-19, починати дури 22 лица

Во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 271...

СпортПред 14 часа

Хабиб Нурмагомедов: Победата беше сон на татко ми!

Тоа беше сонот на тато, што повеќе да ви кажам. Џастин и Конор ќе се борат во јануари, но не...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес (25.10) недела

ОВЕН Денес ќе биде вообичаен ден. Бидете повнимателни во сообраќајот. Ќе добиете нова информација во врска со некој правен проблем....

Временска прогнозаПред 1 ден

Од ноќва влажен воздушен бран носи локални врнежи од дожд кои утре ќе бидат застапени на секаде, ова се најновите детали за времето..

Во втората половина од оваа ноќ од северозапад и запад ќе навлезе влажен воздушен бран кој ќе услови повремени локални...

МакедонијаПред 1 ден

Нови 404 случаи на Коронавирус, 14 починати, црниот биланс продолжува..

Во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 172...

ВидеоПред 1 ден

(ВИДЕО) Уште е хит видеото каде таткото со свирење пијано го заспива бебето

Сеуште е голем хит видео записот каде таткото го заспива своето синче со пијано музика, доколку не сте го погледнале,...

СлучувањаПред 2 дена

Почина Амди Бајрам

На 64-годишна возраст денеска почина Амди Бајрам. Жалната вест ја потврдија од болницата Жан Митрев, каде веќе бил донесен починат....

МакедонијаПред 2 дена

Рекордно непочитување за носење маски, МВР издаде 983 казни

Во текот на изминатото деноноќие во Македонија, по однос на мерката за носење заштитни маски регистрирани се 983 прекршоци. Министерството...

НАЈЧИТАНИ