Здравје и убавина
Комбинација која ублажува анемија, чир, импотенција..

Комбинацијата од мед и ореви на нашиот организам му ги обезбедува сите неопходни витамини, минерали, протеини, масти, јаглени хидрати и уште многу нешта.
За анемија
Се што ви е потребно е половина килограм квалитетен ливадски мед, половина килограм мелени ореви и еден лимон.
Состојките треба да ги измешате во тегла во која ќе ја чувате мешавината се додека не ја потрошите.
Лекот се зема на секои три до четири часа.
За висок крвен притисок
Кај проблемите со висок крвен притисок се препорачува секојдневно консумирање на 100 грама ореви и иста количина на мед во периодот од 45 дена.
За чир во желудникот
Кај проблемите со чир во желуднокот се подготвува оревово млеко со мед. Потребни се 200 грама мелени ореви да ги помешате со врела вода, добро да ги изматите во блендер и да ги процедите. Во добиеното млеко да додадете 2 лажици мед. Консумирајте 2-3 лажици половина час пред секој оброк.
За импотенција
Мелени ореви треба да помешате со мед во ист размер. Земајте две лажици два-три пати на ден, половина час по јадењето. За да го постигнете саканиот ефект, третманот треба да трае од 20 до 30 дена.
© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.
Здравје и убавина
Кафе на празен стомак и не е баш добра идеја, еве зошто..

Прашањето дали кафето е здраво или не, се уште трае, но она што со сигурност може да го кажеме е тоа дека кафето на празен желудник не е ниту најмалку добра идеја. Шолја кафе на празен желудник претставува вистински удар за организмот.
Неоспорно е тоа дека кафето претставува значаен извор на антиоксиданси. Докажано е дека има ефект во превенцијата на некои малигни заболувања, како што е карциномот на дебелото црево. Но, влијанието на кафето врз нашиот организам може да биде и прилично негативно – особено ако се пие на празен желудник.
Шолја чисто црно кафе на празен желудник стимулира излачување на хлороводородна киселина во дигестивниот систем, а тоа многу брзо ќе го почувствуваат личностите кои се подложни на гастритис.
Во овој случај не се поштедени ниту оние кои немаат никакви здравствени проблеми, бидејќи хлороводородната киселина се користи за разградување на храната, а ако не сте појадувани, тогаш дефинитивно ќе имате проблеми во текот на останатите оброци. Особено тешко ќе се разградуваат протеините. А тоа е проблемот број два.
© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.
Здравје и убавина
Направете домашен сируп за воспаление на грлото

Болки во грлото е нешто што го среќаваме во кое било време од годината, но најмногу за време на студените месеци.
Тешкотии при голтање, засипнатост, иритирано и болно грло придружено со чувство на печење се најчестите симптоми на воспаление, а може да ги ублажите со природни состојки.
Направете си едноставен сируп кој помага при воспаление на грлото.
Состојки за сируп од грло:
– 4 големи лажички мед
– 1 лажичка куркума во прав
– 1 лажичка ситно рендан ѓумбир
– 1 лажичка мелен лук
– ½ лажички цимет во прав
– ½ лажички лута пиперка во прав
– 4 лажици сок од лимон
– сок од 1 портокал
© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.
Здравје и убавина
Мажите кои се под стрес имаат негативно влијание врз плодноста

Резултатите од истражувањето објавени во списанието „Fertility and Sterility“ ги поврзуваат стресните настани со квалитетот, обликот и количината на спермата. По земањето предвид на репродуктивната здравствена состојба на испитаните поединци, истражувачите заклучуваат дека стресот е поврзан со квалитетот на спермата кај мажите.
– Мажите кои се често под стрес би можеле да бидат во група на оние кои во текот на ејакулацијата исфрлуваат мала количина сперма чија содржина и не е толку „квалитетна“.
Веројатно е дека сперматозоидите ќе бидат побавни и со неправилен облик, наведува др. Пам Фактор-Литвак, професор на Универзитетот Колумбија и додава дека се наведено може да биде и причина за неплодност.
Истражувањето вклучувало 193 мажи, од 38 до 49 години возраст, кои дале примерок на сперма на анализа.
Преку тестови се собрани податоци за количина на преживеан стрес и за тоа дали тој влијаел врз нив.
По анализата на сите собрани податоци, авторите заклучуваат дека стресот во голема мерка влијае на квалитетот на спермата и неплодноста.
Стресот поврзан со работното место немал преголемо влијание на наодите, а ефектот бил присутен без оглед на фактори како возраста, етничкото потекло или степенот на образование.
© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.
-
Музика3 дена
(ВИДЕО) Христијан Тришоски направи прекрасна преработка на песната „Распукај срце ко Шар планина“
-
Кичево13 часа
(ФОТО) Кичевчанка нацрта новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно, хуман гест за почит!
-
Временска прогноза3 дена
Поларниот бран доаѓа од вечерва, за „Василица“ снег и на пониските места
-
Временска прогноза17 часа
Поларна воздушна маса од Сибир се движи кон нашата територија, очекувани температури под -20 степени, детали..
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (14.01) четврток
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за денес (15.01) петок
-
Македонија3 дена
Денеска 477 нови случаи на Коронавирус во Македонија, починати 10 лица, ова е билансот по градови
-
Кичево21 час
Вчера во Кичево четири лица пријавиле напад од кучиња скитници