Следете не

Живот и стил

Едноставна утринска вежба која ќе ви го промени животот

Avatar

Објавено пред

на

Животното темпо станува се побрзо, а здравјето неретко поради тоа страда. Обидете се да забавите и да издвоите само пет минути на оваа вежба за да ги почувствате сите нејзини благотворни дејства.

Вежбата „Поздрав на сонцето“ или Surya Namaskara претставува утринска јога рутина која ќе ви помогне да се справите буквално со се што ве очекува во текот на денот.

Многу е едноставна, па може да ја изведе секој.

Што добивате од оваа вежба?

– таа го обновува нервниот систем

– го зајакнува имунолошкиот систем

– го поттикнува здравјето на белите дробови

– го стимулира системот за варење

– ги намалува мастите во телото

– ја подобрува работата на бубрезите

– поттикнува правилно држење

– го чисти вашиот мозок од негативни и конфузни мисли

– ја центрира вашата енергија

– совршено ве подготвува за претстојниот ден

Ова е една од најздравите вежби во светот, погледнете го видеото и применувајте ја секојдневно:

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Живот и стил

Ве напаѓа постојано чувство на глад? Овој е начинот да се ослободите од истото..

Avatar

Објавено пред

на

Чувствувате голем глад, иако сега јадевте, изедовте обилен оброк или нешто „грицнавте“? Дознајте каде грешите и ослободете се од причините за константен глад.

Премногу зашеќерени пијалоци

Засладените пијалоци како газирани сокови, леден чај и слично, полни се со високофруктозен пченкарен сируп. Фруктозата го залажува мозокот, односно му испраќа на телото сигнали дека е гладно, иако сме јаделе доволно.

Воедно, стручњаците препорачуваат дека просечната жена не би смеела да конзумира повеќе од 100 калории на ден од дополнителен шеќер од било кој извор, а мажот не повеќе од 150 калории.

Го прескокнувате појадокот

Оваа навика некому можеби му изгледа како добар начин за губење на килограмите, но истражувањата го сугерираат спротивното – појадокот е неизоставен дел од дневната исхрана.

Доколку не појадувате во периодот од два часа по будењето, подоцна ќе се чувствувате уште погладно, а тоа пак доведува до прејадување и постојано грицкање на секаква (најчесто нездрава) храна што ќе ви дојде под рака. И така се до вечера.

За да ослабете, јадете умерено и не го прескокнувајте појадокот. Појадокот благо ви го зголемува нивото на шеќер и инсулин за да имате доволно енергија во текот на денот, а со тоа и помала желба за храна.

Избегнувате салати

Користа од консумирањето на салати е огромна. Богати се со фолати кои се одлични во борбата со вишок на килограми, заморот и депресијата. Салатите се исто така полни со витамин К кој е регулатор на инсулинот и хранлива материја која помага во отстранувањето на чувството на глад – поради него ќе се чувствувате сити со часови.

Малку вода

Дехидрираноста обично создава чувство на глад, па доколку тукушто сте јаделе, а сеуште чувствувате глад испијте чаша млака вода.

Всушност, 15 минути пред секое јадење испивајте по една чаша вода и набљудувајте дали гладот ќе се намали.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

Ова е решението доколку лошо спиете

Avatar

Објавено пред

на

Маската за очи може да го подобри квалитетот на сон, како и да ја продолжи РЕМ фазата од спиењето, велат научниците по истражувањето кое го спроведете американскиот Институт за здравје.

Оваа маска, која може да биде од памук, свила, сатен… на нашиот мозок му дава сигнал дека сме во темница, и дека ни треба хормон потребен за релаксација и сон – мелатонин.

Најважно во врска со маската е тоа што не може да нашетите, нема никакви негативни ефекти, освен доколку не ве затега премногу и е од некој непријатен материјал кој ви пречи, а особено им се препорачува на лицата кои работат ноќе или на оние кои ја промениле временската зона.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

Утрински напитоци за поголема енергија преку ден

Avatar

Објавено пред

на

Доматот, краставиците, пиперката или ротквицата одлично ќе се согласуваат со јогуртот, кефирот и зачинските билки. Егзотичните сокови се идеални за појадок, бидејќи на организмот му даваат енергија и виталност и претставуваат брз и сигурен пат до саканата виткост.

Напиток од краставица и киви

Состојки:

– 200 гр краставица

– големо киви

– 2-3 гранчиња естрагон

– сок од три портокали

– лажица лимонов сок

– лажица мед

– сол

Подготовка:

Излупете и исецкајте краставица и киви. Ставете ги во миксер, додадете го сецканиот естрагон, половина количина сок од портокали и лимонов сок. Кратко измиксајте. Додадете го остатокот од сокот од портокал, зачинете со мед и сол, па повторно кратко измешајте.

Јогурт со домати и босилек

Состојки:

– 2 зрели домати

– 8 листови босилек

– 1-2 лажици балзамико оцет

– 300 гр јогурт

– сол

– бибер

– ворчестер сос

Подготовка:

Во миксер ставете ги крупно исецканите домати. Додадете шест листови босилек исецкан на лентички, оцет и пола јогурт, па се добро измешајте. Додадете ја преостанатата половина од јогуртот, солта, биберот и ворчестер, па уште еднаш кратко измешајте.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 14 минути

Денешен Хороскоп [29.10] четврток

ОВЕН Како за личност која е доста брзо се лути, денес ќе се чувствувате прилично опуштени цело време а тоа...

МакедонијаПред 1 час

Изгласани дополнувањата на Законот за заштита од заразни болести, овие работи треба да се почитуваат со цел заштита на сопственото здравје и здравјето на другите!

Со 53 гласови „за“ и 26 воздржани, пратениците вечерва ги изгласаа измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Здравје и убавинаПред 1 час

Нешто што не сме знаеле за шеќерот и неговото вистинско лице

Освен слатките, шеќерот има и мрачна страна која малкумина ја познаваат. Според експертите, шеќерот го загадува нашиот организам, а луѓето...

Временска прогнозаПред 2 часа

Најава за северен ветер кој од петок значително ќе дува и ќе ја намали загаденоста во најголемиот дел од државата, детали..

Влеговме во период во кој загаденоста низ котлините забрзано расте, па така овие денови особено во Скопскиот регион, но и...

МакедонијаПред 3 часа

НОВ РЕКОРД НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19, ДЕНЕС 870, Кичево 20?

Во последните 24 часа се направени 2647 тестирања, а регистрирани се 870 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 422...

МакедонијаПред 9 часа

Во петок поради изведување на градежни работи према Охрид ќе има изменет режим на сообраќај, ова се деталите..

Г.П. Викторија Инвест известува дека на 30.10.2020 (петок), ќе се започне со изведување на градешни работи на пат на патниот...

Временска прогнозаПред 15 часа

Најнови детали за временската прогноза, викендов можни промени и дожд

Денеска времето во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, локално ќе има и позначителна облачност а ќе дува...

ХороскопПред 24 часа

Дневен Хороскоп (28.10) среда

ОВЕН Вие сте упорни во сѐ што ќе наумите, па ако деловниот успех е ваш приоритет нема сомнежи дека ќе...

СпортПред 1 ден

ФФМ: Извлечени се двојките за 1/4 финале за Купот на Македонија

Извлечени двојки за 1/4 финале од Купот на Македонија: Академија ПАНДЕВ – ШКУПИ СТРУГА Трим Љум – РЕНОВА БЕЛАСИЦА –...

МакедонијаПред 1 ден

Страшни бројки денес, нови 628 регистрирани – Апел да се почитуваат Ковид мерките!

Во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 353...

НАЈЧИТАНИ