Следете не

Култура

Краткиот македонски филм „Dogs of War” во трка за прво место на интернационален фестивал “My Rode Reel” :

Објавено пред

на

 

Краткиот филм „Dogs of War”  е единствениот претставник од Македонија и се натпреварува за прво место на најголемиот интернационален натпревар за краток филм „My Rode Reel” , организиран од компанијата RODE.

Филмот е драма во која се зборува за изборот помеѓу чесност и материјализам – изборот е очигледен. На разбојник фатен на сред ограбување патрола, единствениот начин да се спаси е да го изманипулира својот поранешен колега.

Инаку, гласањето за избор на најдобар филм трае до 5 септември и се врши на линкот https://www.rode.com/myrodereel/watch/entry/6078 . На овој линк воедно може и да се погледне филмот.

Во моментов „Dogs of War”  е на 3. место од вкупно 1616 филмови од цел свет.

Култура

Свештената Бигорската Обител го славеше благодатното соединување со светлината на светите ангелски чинови, предводени од непобедливиот Архистратиг Михаил

Објавено пред

на

©bigorski.org.mk

Благословеното пристаниште на небесната радост, Свештената Бигорската Обител, во изминатото ноќеденство со особена радост и чест го славеше благодатното соединување со светлината на светите ангелски чинови, предводени од непобедливиот Архистратиг Михаил. Возвишеното богослужение нè повикуваше да го насочиме својот живот кон божествениот поредок, следејќи ја љубовта и послушанието на небесните сили кои непрестајно Го славословат и воспеваат Бога.

Изминатата ноќ, под осветените сводови на Претечевиот храм, осветлени со тивката светлина на многубројните свеќи и кандила, Бигорски и неговите населници беа потонати во молитвено бдение. Во блесокот на молитвите и на песнопенијата, притекнатите верници го чувствуваа присуството на небесните заштитници. Тоа беше духовна претстава на бескрајната небесна Литургија, каде што Земјата и Небото стануваат еден простор.

Утрово, пак, на Светата архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше нашиот возљубен Старец, Преосветениот Епископ Антаниски г. Партениј, тоа сијание заблеска уште посилно. Под неговото тајноводство, сите собрани се почувствуваа како дел од хорските чинови на Светите Ангели. Како што ангелите служеа пред престолот Божји, така и ние, собрани во љубовта Христова, ја принесовме бескрвната жртва на благодарност и славословие.

Навистина, Божествената Евхаристија беше едно благодатно соединување со светот на Светите Ангели.

Денешниот празник ни дава можност повторно да се вратиме на суштината на нашиот живот – да се соединиме со Бога и да учиме од Ангелите како да го чуваме својот дух чист и незлоблив. Оти, небесното царство не е далечно, туку е реалност што постои во нашето срце, кога тоа се отвора за љубовта Христова.

Нека Светиот Архистратиг Михаил и сите небесни сили ни бидат застапници и чувари на нашиот пат кон соединувањето со Бога, истакнаа од Бигорскиот Манастир.

Во продолжение повеќе фотографии од настанот ќе најдете ТУКА

Прочитај повеќе...

Култура

Денеска е Св.Архангел Михаил, на помош празникот на војводата на сите ангели!

Објавено пред

на

Празникот на Aрхангел Михаил се нарекува уште и празник на војводата на сите ангели. Инаку според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 септември

Главниот празник на свети архангел Михаил се празнува на 8 ноември (јулијански календар). Се вика Собор на свети архангел Михаил. Денес, пак, црквата утврдила да се празнува споменот на неговите чуда што се случија во местото Хони, близу Ерапол во Фригија, каде што подоцна исто во спомен на неговите чуда беше подигната црква посветена на свети архангел Михаил.

Но во ноември пак меѓу поголемите есенски празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот Собор на свети архангел Михаил, меѓу народот попознат како Аранѓел, Оранѓел или Аранѓеловден. Црквата го определила овој ден за празник во чест на сите ангели, а најмногу на свети архангел Михаил кого го смета за водач на сите небесни сили.

Тогаш именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка…

Празникот Собор на свети архангел Михаил што се празнува на 21 ноември според новиот (или на 8 ноември според стариот) календар меѓу народот е познат едноставно како Аранѓел, Оранѓел или Аранѓеловден. Многу семејства го имаат за домашен празник и го празнуваат со домашни служби, а и општо е верувањето дека тој спаѓа меѓу поголемите празници.

Пред да го создаде материјалниот свет (земјата, небото, ѕвездите, човекот итн.), Господ го создал духовниот свет ‒ ангелите. Ангелите се духови поради што се невидливи, а за подобро да бидат сфатени и за да се создаде претстава за нив на фреските и иконите се претставени во човечка форма. Тие се Господови гласници (ангел значи весник) ги пренесуваат божјите заповеди поради што на фреските се претставени со крилја. Тие се поим за младост и безгрижност поради што се претставени како деца бидејќи староста, обелувањето на косата и брчките на лицето се последица на животните грижи и страдања. Тие се насликани во бела облека што симболизира душевна чистина и невиност. Единствено архангел Михаил е претставен во војводска облека. Зошто архангел Михаил е насликан како војвода?

Во почетокот сите ангели биле добри. Подоцна некои од нив станале лоши, се одметнале од Бога и почнале да прават злодела. Нив ги викаме ѓаволи. Еден меѓу нив по име Деница, заслепен од големата моќ што му ја дал Бог, се одметнал од Бога, собрал големо друштво и создал цело невидливо небесно духовно царство. Свети архангел Михаил го победил, го симнал од небото, а и подоцна продолжил да се бори за славата Божја поради што е претставен во војводска облека со меч и копје во рацете.

Тогаш, кога некои ангели почнале да го напуштаат Бога и станале лоши архангел Михаил ги собрал сите ангели и како знак на верност кон Бога почнал заедно со нив да ја слави Света Тројца со песната: Свет, Свет, Свет е Господ Саваот. Во спомен на овој собир црквата го востановила празникот Собор на свети архангел Михаил што се празнува на 21/8 ноември. Со овој празник им се оддава признание на сите ангели кои ги има безброј.

Зошто токму на овој ден се празнува денот на ангелите? Според некои истражувачи месецот ноември е одбран поради тоа што во поранешното сметање на времето, кога годината започнувала од март, ноември бил деветти месец, а девет се чиновите ангелски. Денот осми (според стариот календар) е одбран поради тоа што на осмиот ден од страшниот суд ќе дојде Исус да им суди на живите и мртвите.

Прочитај повеќе...

Театар

Во Кичево после подолго време доаѓа еден од првите „стенд ап“ комичари – Марјан Георгиевски, картите се пуштени во продажба, ќе биде забавно!

Објавено пред

на

©porta.mk

Во сабота на 16.1120:00ч во Центарот за култура – „Кочо Рацин“ од Кичево, доаѓа големата стенд ап турнеја на Марјан Георгиевски. Еден од првите стенд ап комичари во Македонија, конечно после цели петнаесет години прави ваков исчекор на задоволство на публиката.

Насловот на турнејата е „За македонските работи“

– „Имено, ова е текст кој се бави со еден народ, со една земја, со еден менталитет, навики и обичаи. За Македонците во минатотот, сегашноста и иднината. Оваа турнеја е за сите нас кои што останавме овде, но и за оние кои заминаа. Ветувам едно поинакво сценско доживување со новитети кои не се користат во стенд ап настапите кај нас.” – на кратко истакна Марјан.

Картите од по (300ден) се веќе во продажба во кичевските локали: „Квадрат Кафе“, „Институт“, „Чек Ин Кафе“ и „Клуб Република“.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Без категорија32 минути

Хороскоп за петок (22 ноември)

ОВЕН Не се вознемирувајте премногу ако некој ве разочара утрово. Сочувството, разбирањето и општата помош што сте подготвени да им...

Култура2 часа

Свештената Бигорската Обител го славеше благодатното соединување со светлината на светите ангелски чинови, предводени од непобедливиот Архистратиг Михаил

Благословеното пристаниште на небесната радост, Свештената Бигорската Обител, во изминатото ноќеденство со особена радост и чест го славеше благодатното соединување...

Спорт3 часа

Грујоски главен во Струмица, Ставрев ќе суди во Скопје – ова се судиите кои ќе ја делат правдата во 15-то коло во првата македонска фудбалска лига в недела

Фудбалската федерација на Македонија ги истакна судиите кои ќе го судат 15-тото коло во првата македонска фудбалска лига во недела....

Временска прогноза3 часа

Од утре нашиот регион ќе биде под дождлив бран уште од претпладне, додека истиот ќе се проширува и во вечерните часови – ова се најновите метео информации

Под влијание на нов голем влажен воздушен бран од запад и од северозапад, утре (петок) од претпладневните часови од запад...

Кичево6 часа

Во пресрет на новогодишните празници „Intellect Education“ од Кичево организира „Новогодишна магична работилница“ – каде со креативноста на вашите деца ќе создаваат производи

„Intellect Education“ од Кичево организира магична Новогодишна работилница „Santa’s Little Helpers“. Во четврток на 12-ти декември со почеток од 18...

Магазин11 часа

Samsung Galaxy уредите ќе го добијат Android 16 со One UI 8

На 19 ноември, Google ја претстави Developer Preview верзијата на Android 16, што го означува почетокот на развојот на новата...

Култура17 часа

Денеска е Св.Архангел Михаил, на помош празникот на војводата на сите ангели!

Празникот на Aрхангел Михаил се нарекува уште и празник на војводата на сите ангели. Инаку според календарот на МПЦ (Јулијанскиот...

Магазин24 часа

Биткоинот на берзата за криптовалути достигна ново рекордно ниво од 94.000 долари

Биткоинот вчера се искачи на ново рекордно високо ниво од 94.000 долари, по извештаите дека компанијата за социјални медиуми на...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (21 ноември)

Овен Пробувате да дојдете до некои промени, но тоа не ви оди од рака. Можно е да имате трема пред...

Технологија1 ден

nVIDIA денеска го истакна приходот за третиот квартал кој заврши минатиот месец, имаат вкупно 94% повеќе од пред една година

nVIDIA денеска објави приход за третиот квартал кој заврши на 27 октомври 2024 година, од 35,1 милијарди долари, што е...

НАЈЧИТАНИ