Кичево
Водичарските кумови тргнаа во обиколка на селата во Кичевско

Повеќе од 150 водичарски кумови поладнево тргнаа во обиколка на домовите на соселаните од нивниот крст во кичевскиот крај за да ги поканат да бидат нивни гости, истовремено да им посакаат успешна и бериќетна година и добро здравје.
Во сите домови кои ќе ги посетат водичарските кумови, на софрата се служи посно гравче, ореви, селска погача и се што подготвиле домаќинките, а да биде посно.
– По 26 години сум водичарски кум. Немам зборови со кои би го опишал чувството да се биде кум. Во нашиот крст имаме 26 домаќинства, што значи дека по 26 години повторно ќе бидам кум и затоа впечатокот од ова кумство е уште посилен. Ги покануван нашите соселани, да повелат во двата наредни дена да бидат наши гости, а ние ќе се потрудиме да ги нагостиме како што најдобро умееме – рече Раде Никодиноски, водичарски кум во село Кнежино.
Извор: Зоран Антоски / Нова Македонија
Кичево
Викенд програма @Република 96250

Петок (08/07/2022) во Клуб Република 96250 уживајте во електронските звуци предводени од „Andreja Salpe“ со почеток во 21:00 часот.
„The Backdoor Band” се едни од ретките, ако не и единствените во нашата држава кои сеуште ги негуваат звуците на “рок” музиката.
Сабота (09/07/2022) во Клуб Република 96250 со почеток во 21:30 часот.
Кичево
Неколку кичевски населби утре ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 06.07.2022 година – среда, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски улици и населби:
- Дел од корисниците во населба Карпош2, ул. Пиринска, дел од ул. Маршал Тито, како и населба Горица (Од 09:30 до 12:00 часот)
Инфо: струја
Кичево
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник

Вчера на 02.07.2022 година во 22:50 часот, во ОВР Кичево пријавена е физичка пресметка на улицата „Веле Змејкоски“ во Кичево, помеѓу две малолетни деца.
Притоа, едното се здобило со повреди и било пренесено во болница за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Истиот ден на 02.07.2022 година во 19:30 часот, С.К.(51) од Кичево, во полициска станица пријави дека, на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (5 јули)
-
Кичево1 ден
Неколку кичевски населби утре ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево
-
Магазин1 ден
iPhone 14 ќе руши различни рекорди, еден од нив е цената
-
Хроника5 часа
Во близина на авто-камп Струга во охридско езеро, било забележано удавено лице
-
Автомобили5 часа
Автомобилите на Tesla конечно се подготвени за македонските патишта, ја добија опцијата за откривање дупки
-
Македонија1 ден
Ноќеска бил пријавен украинец кој во охридски хотел агресивно се однесувал према вработените
-
Временска прогноза1 ден
На почеток од денот многу топло, додека во попладневните часови пороен дожд. Нови врнежи и пониски температури доаѓаат викендов..
-
На денешен ден18 часа
6 јули – На денешен ден