Спорт
Ла Лига: Ако сака Меси да си замине ќе мора да плати 700 милиони евра клаузула

Аргентинецот бара излез од Камп Ноу ова лето, но главното раководно тело на шпанскиот фудбал вели дека не може да го напушти клубот како слободен играч, така што Лионел Меси може да ја напушти Барселона само доколку биде исполнета неговата клаузула за ослободување од 700 милиони евра (624 милиони фунти / 823 милиони американски долари) или ако друг клуб преговара за пониска сума за трансфер со клубот „Камп Ноу“, потврдуваат од Ла Лига во денеска.
Минатата недела Меси предаде барање за трансфер до управниот одбор на Барса, со цел да се активира клаузулата во неговиот договор што му овозможува да го напушти клубот на крајот на секоја сезона.
Предметната клаузула истече во јуни, но правниот тим на Аргентина е подготвен да тврди дека треба да му се дозволи еднострано да го раскине договорот, бидејќи сезоната 2019-20 беше продолжена во август поради пандемијата на коронавирусите.
Останува неизвесно да видиме што ќе се случува, бидејќи како што самиот Меси најави денес можно е во следниот период точно да проговори самиот за случувањата и поради која причина би заминал од Барса.
Спорт
Извлечени паровите за „Купот на Македонија“ во фудбал, Вардар ќе игра со Брера АП, додека ривалот Шкендија за противник го доби тимот на Струга ТЛ.

Во рамки на денешниот ден во просториите на Фудбалската федерација на Македонија со ждребпка беа одредени и истакнати полуфиналните парови за „Купот на Македонија“. Така што ждребката случајно ги спои ривалите Шкендија и Струга ТЛ, додека црвено-црните Вардар го доби тимот на Брера АП.
Првите натпревари се закажани за 9-ти април од 15:00 часот, додека реванш мечевите се закажани за 23-ти април, истакна ФФМ.
Спорт
Андов го истакна списокот со фудбалерки за дуелите со Летонија и Косово во рамки на Лигата на нации за пласман на СП 2027

Женската А репрезентација на Македонија на почетокот на април ќе одигра два натпревари против Летонија и Косово во рамките на продолжението од Лигата на нации за пласман на СП. 2027. На 4. април, со почеток во 15. часот ја пречекуваме селекцијата на Летонија.Четири дена подоцна во Приштина играме против Косово, со почеток во 14.часот.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Александар Андов за дуелите со Летонија и Косово, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Евгенија Велјановска – Скопје 2014
Викторија Панчурува – Тиверија Брера
Кристина Павлоска – Раднички Крагуевац, Србија
ОДБРАНА:
Сара Коларовска – Скопје 2014
Ане Бошеска – Тиверија Брера
Павлинка Николовска – Тиверија Брера
Мила Панева – Скопје 2014
Лимани Ихмете – Германија
Викторија Недева – Тиверија Брера
Елена Панеска – Олимпија, Словенија
Бојана Петкова – Полска
СРЕДЕН РЕД:
Маријана Нацева – Дортмунд, Германија
Теона Голабовска – Тиверија Брера
Хава Мустафа – Љуботен
Александра Марковска – Љуботен
Симона Мајер – Израел
Ленче Андрееска – Турција
Рабија Дервиши – Скопје 2014
Наташа Андонова – Мадрид, Шпанија
НАПАД:
Јилза Максути – Турција
Гентијана Рочи – Финска
Меланија Грозданова – Истатов
Јована Павловска – Полска
Во воведното коло на групата 6 од сегментот Ц, Македонија беше поразена од Косово на домашен терен со 4:0, известуваат од ФФМ.
Спорт
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа.
Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства.
ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат.
„За вакви нелуѓе нема место во фудбалот“
Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата.
ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите – без исклучок.
Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство, велат од ФФМ.
-
Хороскоп2 дена
Месечен Хороскоп (април)
-
Временска прогноза24 часа
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за среда (2 април)
-
Македонија1 ден
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Македонија1 ден
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Македонија1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Во Манастирот Рајчица одекна новиот „Благовесник“
-
Кичево1 час
Во сабота на кичевското „Китино Кале“ ќе се одржи забавна и едукативна сликарска сесија за деца и тинејџери, кои ќе истражуваат како ноќното небо ја инспирира уметноста низ историјата
-
Хроника11 часа
ОВР Крива Паланка приведе три лица, се сомничат за убиство на 84 годишен старец, најден закопан во близина на живеалиште