Македонија
Кои лица ќе бидат ослободени од плаќање патарина?

Возилата со полициска придружба, видливо означените возила на АРМ, полицијата, итната медицинска помош, возила на лица заболени од мултиплекс склероза и церебрална парализа се само дел од оние што се ослободени од плаќање патарина.
Освен нив, со членот 66 од истиот закон е пропишано дека од плаќање патарина се ослободени и возила на лица заболени од дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплемија, детска парализа (полиомиелитис), слепите лица со оштетување на видот над 90%, лица на дијализа и лица со ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од 80% утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот на пензиското и инвалидско осигурување на Македонија
За да го користат ова право, лицата треба да поседуваат членски книшки издадени од здруженијата, односно сојузите во кои членуваат, кои заедно со документацијата за болеста согласно наведеното во законот и копија од сообраќајната дозвола од возилото што се користи преку нивните здруженија, односно сојузи, барањата се доставуваат до Јавното претпријатие за државни патишта. Потоа документацијата се проверува и доколку сѐ е во ред, Јавното претпријатие за државни патишта ја потпишува и заверува книшката, со што се потврдува правото на ослободување од плаќање на патарина и писмено се известуваат здруженијата, односно сојузите за тоа.
Кога некое лице ослободено од плаќање патарина минува низ наплатна станица, треба да ја даде на увид и членската книшка во која е запишана регистарската табличка од возилото што се ослободува.
Македонија
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.02.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,50 ден/лит.
Македонија
Фрапантни податоци на сообраќајни прекршоци за месец февруари

Во текот на минатиот месец (февруари 2025), како резултат на планските континуирани сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, од сообраќај вкупно беа отстранети 2.059 возачи што управувале возила без возачка дозвола, 617 возачи кои возеле под дејство на алкохол, додека пак дури 7.473 возачи добиле прекршочни казни заради возење со поголема брзина од дозволената.
Од вкупниот број издадени платни налози, а тој за февруари месец изнесува 23.844, 1.508 платни налози се однесуваат на некористење сигурносен појас, 766 за користење на мобилен телефон при возење, а санкционирани се и 475 пешаци. Најголем број од прекршочните пријави се за неправилното паркирање 5.746 прекршоци.
Инаку, во рамки на засилените контроли за деновите од изминатиот викенд (01/02.03.), според статистичките показатели, полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР изрекле вкупно 1.278 платни налози и притоа без возачка дозвола биле затекнати 126 возачи, а пак 144 возачи возеле под дејство на алкохол.
Исто така, евидентирани се и 238 прекршоци по основ на пребрзо возење, 79 лица не користеле сигурносен појас, 37 возачи користеле мобилен телефон, 14 минале на црвено светло, а прекршочно биле санкционирани и петмина пешаци, информира МВР.
Македонија
Приведен крадец во Гостивар, украл пари и телефон од верски објект

На 02.03.2025 во 14.30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Г.П.(25) од Република Албанија.
Тој се сомничи дека претходно во верски објект во Гостивар одзел мобилен телефон и пари од Б.Т.(29), од с.Долна Бањица, гостиварско.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Г.П. бил задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
-
Кичево2 дена
Следните кичевски улици и села утре и во вторник ќе имаат прекин во електрична енергија поради работа на „ЕВН КЕЦ Кичево“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (3 март)
-
Временска прогноза2 дена
Од среда на повидок пролетни дневни температури, вакво време не очекува оваа седмица
-
Македонија2 дена
Лишен од слобода возач кој под дејство на алкохол удри пешак синоќа во Скопје, одземено му е возилото
-
Култура2 дена
Денеска е „Прочка“ ова се верувањата и обичаите за овој голем ден
-
Македонија15 часа
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена
-
Кичево10 часа
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за вторник (4 март)