Македонија
Македонија има нов херој: 12-годишниот Марко го преплива Охридското езеро! (ВИДЕО)
Само три дена откако светската пливачка елита се втурна во битка со издржливоста, струите и предизвикот да го исплива 25 километарскиот маратон на макеоднскиот бисер на традиционалниот 32-ри по ред Охридски пливачки маратон, делницата од Свети Наум до охридското пристаниште денеска го преплива и младото охриѓанче.
Некаде околу 10.30 часот утринава Марко влезе во водите на охридското езеро и по помалку од осум часа успеа во својот подвиг. Стигна до охридското пристаниште за да го комплетира неверојатниот подвиг.
Илјадници охриѓани денеска со аплауз и со голема поддршка го дочекаа новиот макеоднски херој.
Секоја чест Марко!
Спорт1.мк
Македонија
Намалена видливост поради магла на превоите Стража, Плетвар, Ѓавато..
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.
– Намалена видливост поради појава на магла има на планинските превои Стража 80м Плетвар 80м, Ѓавато 100м Маврово 80м, Пресека 50м и Попова Шапка 20м, известуваат од ЈП Македонија Пат.
Македонија
СВР Охрид денес реализираше превентивна кампања за безбедно патување во зима
СВР Охрид, преку Отсекот за превенција, денеска (15.11.2024) ја реализира превентивната сообраќајна кампања „Биди подготвен за безбедно патување во зима“. Полициски службеници на неколку локации низ Охрид, во непосредна комуникација со возачите на моторни возила, ги потсетуваа за потребата од почитување на законската обврска за задолжително носење зимска опрема во возилата, која започнува од денеска и ќе трае до 15 март идната година, како и за потребата од строго придржување до останатите одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, посебно во зимски услови при замрзнати и влажни коловози, со акцент на придржување до пропишаната брзина на движење и прилагодување спрема условите и состојбите на патот.
На возачите на моторни возила им беа поделени и едукативни материјали со практични совети за безбедно управување моторни возила во зимски услови.
Во врска со зимската сезона 2024/2025 година, СВР Охрид, на 12.11.2024 година, одржа работен состанок со надлежните субјекти од општините Охрид и Дебрца, одговорни за зимско одржување на улиците и патиштата како и со градежните компании кои, работат на изградба на автопатот Охрид-Кичево.
Целта на состанок беше координација и дефинирање на предлог мерките за поуспешно дејствување на сите надлежни субјекти повикани за зимското одржување на патиштата и безбедно одвивање на патниот сообраќај во зимски услови, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
МВР добива нова современа машина за печатење лични документи
-
Кичево18 часа
(ФОТО) На кичевско „Китино Кале“ наши сограѓанки од граѓанското здружение “Sunshine Kids” организираа културен настан „Мојот шарен град“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (16 ноември)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за недела (17 ноември)
-
Временска прогноза2 дена
Викенд временска прогноза, ќе имаме и сонце но ќе биде ладно
-
Македонија2 дена
СВР Охрид денес реализираше превентивна кампања за безбедно патување во зима
-
Магазин2 дена
Google Maps брише сè: Имате уште малку време, еве како да ги зачувате вашите податоци
-
Македонија2 дена
Намалена видливост поради магла на превоите Стража, Плетвар, Ѓавато..
-
Автомобили20 часа
Ова се седумте финални автомобили кои се борат за „Автомобил на годината“