Спорт
Лион – Манчестер Сити: „Граѓаните“ доаѓаат по одмазда!

Лион и Манчестер Сити го играат еден од најинтересните дуели веќерва во рамките на 5-то коло од Лигата на шампиони.
Двата тима влегуваат во овој меч во добро расположение после добрите резултати во последно време, но тимот на Гвардиола има мотив повеќе – доаѓа по одмазда за непријатниот пораз на „Етихад“.
Чуда се случуваат само еднаш, или…
Во првото коло Лион го направи најголемото изненадување и го победа Манчестер Сити на „Етихад“ со 1:2. Сите помислија дека тоа ќе биде поттик Лион да одигра фантастично во групната фаза од ЛШ, но тоа беше се што направи францускиот клуб до сега. Тие ја оставија отворена вратата за останатите два тима од групата така што одиграа три реми натпревари, а сега ќе го пречекаат фаворитот. Поради тоа овој меч е многу значаен за нив, бидејќи со пораз ќе треба да стравуваат во последното коло на гостувањето во Украина.
Лион е инаку во одлична форма и е непоразен на последните пет меча во сите натпреварувања. Меѓутоа, Лион пред тоа ремизираше четири од пет натпревари на домашен терен, па не може да се каже дека овој тим игра подобро пред своите гледачи. Најголемата ѕвезда Набил Фекир е под знак прашалник, а сигурно во тимот ќе ги нема Џордан Фери и Амин Жири.
Инфо: Спортски.mk
Спорт
Во „Куќа на фудбалот“ на седница на УО денес беа донесени важни одлуки, една е дека ќе се формира „Арбитражен суд“ обезбеди ефикасно и брзо решавање на споровите настанати помеѓу клубовите

На седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) оддржана денесдд 25. февруари беа донесени следните одлуки:
– Управниот одбор на ФФМ го усвои дневниот ред за Редовното изборно Генерално Собрание на ФФМ кое ќе се оддржи на 15. март 2025 година во Скопје;
– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за започнување постапка за формирање на Арбитражен суд во рамки на Фудбалската федерација на Македонија. Целта на Арбитражниот суд е да обезбеди ефикасно и брзо решавање на споровите настанати помеѓу фудбалските чинители (клубови, фудбалери, тренери…итн.)
– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за спроведување на целосна реформа на организациската структура на ФФМ, како и да побара овластување од делегатите на претстојното Собрание за промена на системот на натпреварување во сите категории
– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука да даде предлог на претстојното Собрание за отпочнување постапка за формирање на трговско друштво со цел комерцијализација / физичка продажба на официјални дресови, опрема и реквизити од Фудбалската федерација на Македонија
Извор: ФФМ
Спорт
Утре 1/4 финални натпревари во „Купот на Македонија“ во фудбал, кичевското трио правдата ќе ја делат на мечот „Детонит – Шкендија“

Фудбалската федерација на Македонија ги истакна официјалните лица за 1/4 финалните натпревари во Купот на Македонија кои ќе се одиграат утре (среда, 26.02.2025 г.), односно со почеток од 14:00ч. На градскиот стадион во Радовиш каде ќе се сретнат екипите на ФК Детонит Плачковица – ФК Шкендија, натпреварот ќе го судат кичевското трио, Александар Грујоски (главен судија), Куштрим Лика (1 помошнен судија), Зоран Јанкуловски (2 помошен судија), додека четврт судија ќе биде прилепчанецот Влатко Илиоски
Во продолжение и останатите главни судии кои ќе ја делат правдата на фудбалските терени во 1/4 куп натпреварите:
Стојанче Трпчевски – ФК Струга ТЛ – КФГ Гостивар
Стојанов Стојанче – ФК АП Брера Струмица – ФК Аресими 1973
Фуркан Идризи – ФК Вардар – ФК Силекс
„Фудбалските мечеви можат да се следат во живо преку јутјуб ТУКА, платформата на Фудбалската федерација на Македонија“
Спорт
На „Асовите бираат асови“ селекторот на македонската фудбалска репрезентација доби признание за „селектор на 2024“, а нашите фудбалери за најдобар национален тим

Во комплексот Негорски бањи се оддржа 34-тото издание на манифестацијата „Асовите бираат асови“, а се доделија и многу признанија, награди во повеќе категории а наградата „Најдобар спортист на Македонија“ ја понесе капитенот на ракометната репрезентација, Филип Кузмановски. „Најдобар тренер“ како и „Најдобар млад играч“ им припаднаа на учесниците на последниот мундијал, Кирил Лазаров и Марко Митев.
Наградата за „Најдобар спортист на Македонија“ ја додели претседателот на МОК, Даниел Димевски, кој меѓудругото се осврна на организацијата на Европскиот Младински Олимписки Фестивал кој ова лето, Скопје и Куманово ќе пречекаат 2500 спортисти од 48 земји – велат од „МОК“
Исто така помеѓу добнитиците на награда се најде и селекторот на Македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски, кој доби признание за најдобар 🇲🇰 национален тим и најдобар селектор за 2024 година.

ФОТО: ФФМ
Извор: МОК
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (25 февруари)
-
Спорт18 часа
Утре 1/4 финални натпревари во „Купот на Македонија“ во фудбал, кичевското трио правдата ќе ја делат на мечот „Детонит – Шкендија“
-
Временска прогноза1 ден
До петок стабилно време, викендот пред нас ќе има услови за повремен локален слаб дожд
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за среда (26 февруари)
-
Занимливости1 ден
НАСА објави ново откритие: Чудна спирална структура на работ на Сончевиот систем
-
Спорт8 часа
Во „Куќа на фудбалот“ на седница на УО денес беа донесени важни одлуки, една е дека ќе се формира „Арбитражен суд“ обезбеди ефикасно и брзо решавање на споровите настанати помеѓу клубовите
-
Спорт2 дена
Билети за мечот Македонија – Лихтенштајн пуштени во продажба
-
Магазин15 часа
Microsoft Office конечно е бесплатен – но со неколку ограничувања