Следете не

Случувања

Марадона едвај оди, мора на итна операција на колената (ВИДЕО)

Објавено пред

на

На снимката од тренингот на мексиканскиот второлигаш Дорадос, екипата која ја води славниот Аргентинец, се гледа убаво дека не може самостојно да се движи, туку дека ги придржува неговиот асистент.

Диего има тежок облик на артритис на двете колена, и ќе мора да оди, што е можни побрзо, на операција.

„Марадона нема рскавица помеѓу коските, бутната коска се наслонува директно на фибулата и тибијата, што е многу болно“– објасни докторот на легендарнито фудбалер, Херман Очоа.

Менаџерот на славниот „Ел Пибе“ пак вели дека тој ја плаќа цената на своето „однесување“: 

„Тој и понатаму верува дека има 20.години, а нема“… 

Временска прогноза

Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!

Објавено пред

на

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија ќе попушти и температурите ќе бидат повисоки, како наутро, така и преку ден, но не се работи за некое многу големо затоплување. Исто така, во текот на следната седмица ќе имаме и значително повеќе облачност и претежно тивко време и без некој изразен ветер.

По котлините пак за време на овој период, ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност, која ќе биде најизразена во ноќните и во утринските часови. Но мора да напоменам дека, повремено во овој период ќе има и слаби локални врнежи, кои на ниските места ќе бидат од дожд, а на повисоко, како и на планинските места, секако, и на Скијачките центри ќе има слаби врнежи од снег.

Повремено, снежната граница би можела да се спушти и во дел од градовите, па не се исклучува можноста  и во градовите повремено да има појава на слаби врнежи од дожд и од снег, или влажен снег.

И во Скопскиот регион не очекува слично време како и во останатите предели од државава.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интевалот од -4 до 3 степени, додека преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот претежно од 3 до 13 степени. Во Скопје пак максимумот на температурата во текот на следната седмица ќе се искачува до околу, а према средината и во вториот дел од истата таа ќе надминува 10 степени.  Наутро пак таа ќе се спушта до околу, повремено и за некој степен под нулата, а од средината на следната седмица таа и наутро ќе биде претежно над нулата, информира Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Свет

(ВИДЕО) Страшна несреќа во САД, автомобил падна од мост

Објавено пред

на

Во Сакраменто, Калифорнија, автомобил падна од надвозник на автопат. За чудо, и покрај тоа што се превртел и слетал на покривот, возачот преживеал и е во стабилна состојба.

„Сè се случи како во забавена снимка. „Го видов автомобилот како паѓа и само се обидував што побезболно да ја поминам целата ситуација“, изјави за американските медиуми Кајман Јунг, возачот чија камера го сними ова.

Можеби најстрашниот момент, покрај самата несреќа, беше кога возач на Honda Civic за влакно избегна катастрофа.

Мило ми е што се испадна најдобро што е можно. „Тој автомобил можеше да слета на секого, додаде Јунг. Двајцата возачи од мојата лева страна беа многу поблиску до него. Тие треба да се чувствуваат како да добиле на лотарија“, рече тој.

Извор: vesti-online.com

Прочитај повеќе...

Македонија

Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

Објавено пред

на

ФОТО: Никола Наумоски @nikolanajk1

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.

Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп1 час

Хороскоп за понеделник (24 февруари)

ОВЕН  Кога станува збор за правилна употреба на знаењата и талентите кои ги поседувате, денес ќе имате доволно инспирација да...

Здравје и убавина4 часа

Овој напиток го нормализира шеќерот во крвта, еве за што станува збор

Дијабетесот не е само смртна закана за сите оболени, туку предизвикува и многубројни тешкотии. За човек да продолжи да функционира...

Спорт6 часа

(ВИДЕО) Лука Модриќ вечерва покажа дека годините се само бројка, постигна гол од над 25 метри, вистинска „бомба“ пред очите на Газанига

Кралскиот клуб оствари убедлива победа против Џирона на домашен терен со 2:0, додека со таа победа се израмни на врвот...

Здравје и убавина10 часа

Со овие намирници ќе ја подобрите меморијата на мозокот со здрав начин на исхрана

Иако често мислиме дека нема да почнеме да ја губиме меморијата додека не наполниме 70 или 80 години, но тоа...

Спорт11 часа

(ФОТО) „ФК Кичево“ денес ги продолжи подготовките за пролетната сезона со пријателски натпревари во Битола и Кичево на домашен терен

Спортски викенд, спортска недела. Во рамки на денешниот ден нашиот тим „ФК Кичево“ генерација 2014/2015 и генерација 2011 одиграа два...

Здравје и убавина14 часа

Ова се 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје

Забите можат да бидат добар показател за проблемите во вашето тело. Внимавајте на здравјето на усната шуплина бидејќи секоја промена...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (23 февруари)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

Временска прогноза1 ден

Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија...

Свет1 ден

(ВИДЕО) Страшна несреќа во САД, автомобил падна од мост

Во Сакраменто, Калифорнија, автомобил падна од надвозник на автопат. За чудо, и покрај тоа што се превртел и слетал на...

Мобилни уреди1 ден

Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години

Многу корисници изразуваат жалење поради отстранувањето на копчето Home и Touch ID, посочувајќи колку овие функции им биле корисни на...

НАЈЧИТАНИ