Здравје и убавина
Маска за лице од „кисело млеко“ која ќе ви помогне за бришење на брчките
Сите се прашуваме како некои жени кои имаат околу 50 години изгледаат како да се во 30-тата година од животот. Иако голем дел од жените брчките ги отстрануваат со скапи креми и ботокс, сепак постои и евтина и здрава опција за отстранување на брчките за скромните дами.
Состојки
6 таблети аспирин
1/4 чаша кисело млеко (50 g)
2 лажици мед (50 g)
Подготовка
Најпрвин столчете го аспиринот додека не се претвори во прав. Потоа ставете го во чист сад и измешајте го со аспиринот и медот. Промешајте додека не се добие кремаста мешавина, потоа нанесете го на лицето.
Како да ја применувате
Вечерта веднаш штом ќе го измиете лицето и ќе ја отстраните шминка, ставете ја маската на погодените делови на лицето. можете да ставите во пределот на градите и вратот како превентивна мерка од знаци на стареење. Потоа оставете да отстои 20 минути и исплакнете со топла вода. По испирање, направете мали кружни движења на Вашата кожа за да ги отстраните мртвите клетки. Потоа нанесете навлажнувачки крем за да ги подобрите ефектите. Повторувајте барем 3 пати неделно.
Здравје и убавина
На колку време треба да се менува четката за заби?
„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!
Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.
И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.
Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.
Извор: denar.mk
Здравје и убавина
Како да направите диетален домашен сок од ананас
Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.
Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.
Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…
Состојки:
– 1 ананас
– 1 лажица ленено масло
– 2 дл. Ладна вода
– малку сок од лимот или лимета
Подготовка:
Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.
Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.
Извор: денар
Здравје и убавина
Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата
Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.
Состојки:
– 2 литри обична природна вода
– 1-2 големи портокали
– 3 киви
– 5 јагоди
– сок од половина лимон или лимета
Начин на подготовка:
Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.
Извор: денар
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (15 декември)
-
Кичево2 дена
Со „Integral House“ – Кичево, се ѐ полесно, тимот на професионалци вашиот дом ќе го направат во чекор со модерната „smart“ технологија, во движење и на дофат
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за понеделник (16 декември)
-
Македонија17 часа
Од предмалку воведена забрана за тешки товарни возила за превој Стража
-
Македонија1 ден
Охриѓанка била измамена, лицето кое ја измамило и кажал дека има пари на сметка од Биткоин
-
Свет1 ден
Во Италија стапи на сила новиот ригорозен закон за возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол
-
Македонија15 часа
Поголемиот дел од Македонија под дожд, превоите и скијачките терени под снег
-
Македонија11 часа
ДПИ со соопштение за мониторинг на цени на производи од „Новогодишна кошница“