Случувања
Унаказеното лице на Мекгрегор после поразот и негов проглас за мечот! (ГАЛЕРИЈА)

Кабиб Нурмагомедов со гушење го победи Конор Мекгрегор во четвртата рунда и ја одбрани шампионската титула во лесна категорија.
Кабиб домонираше во првите две рунди и беше блиску до нокаут, но Мекгрегор успеваше некако да издржи. Меѓутоа во четвртата рунда Кабиб покажа дека е господар на рингот и со гушење го принуди Ирецот да се предаде.
После мечот на лицето на Мекгрегор можеше да се види дека претрпил многу удари.
Инаку љубителите на УФЦ утрово можеа да уживаат во спектакуларна борба помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор за титула во лесна категорија.
Конор Мекгрегор беше гласен на прес конференциите пред големата борба, но не се појави на пресконференцијата после мечот.
Сепак Ириецот после неколку часа реши да и се обрати на јавноста преку Твитер и истакна дека очекува реванш.
„Добар нокаут. Едвај го чекам реваншот“, напиша Мекгрегор на својот твитер профил.
Good knock. Looking forward to the rematch.
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) October 7, 2018
Временска прогноза
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија ќе попушти и температурите ќе бидат повисоки, како наутро, така и преку ден, но не се работи за некое многу големо затоплување. Исто така, во текот на следната седмица ќе имаме и значително повеќе облачност и претежно тивко време и без некој изразен ветер.
По котлините пак за време на овој период, ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност, која ќе биде најизразена во ноќните и во утринските часови. Но мора да напоменам дека, повремено во овој период ќе има и слаби локални врнежи, кои на ниските места ќе бидат од дожд, а на повисоко, како и на планинските места, секако, и на Скијачките центри ќе има слаби врнежи од снег.
Повремено, снежната граница би можела да се спушти и во дел од градовите, па не се исклучува можноста и во градовите повремено да има појава на слаби врнежи од дожд и од снег, или влажен снег.
И во Скопскиот регион не очекува слично време како и во останатите предели од државава.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интевалот од -4 до 3 степени, додека преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот претежно од 3 до 13 степени. Во Скопје пак максимумот на температурата во текот на следната седмица ќе се искачува до околу, а према средината и во вториот дел од истата таа ќе надминува 10 степени. Наутро пак таа ќе се спушта до околу, повремено и за некој степен под нулата, а од средината на следната седмица таа и наутро ќе биде претежно над нулата, информира Славчо Попоски.
Свет
(ВИДЕО) Страшна несреќа во САД, автомобил падна од мост

Во Сакраменто, Калифорнија, автомобил падна од надвозник на автопат. За чудо, и покрај тоа што се превртел и слетал на покривот, возачот преживеал и е во стабилна состојба.
– „Сè се случи како во забавена снимка. „Го видов автомобилот како паѓа и само се обидував што побезболно да ја поминам целата ситуација“, изјави за американските медиуми Кајман Јунг, возачот чија камера го сними ова.
Можеби најстрашниот момент, покрај самата несреќа, беше кога возач на Honda Civic за влакно избегна катастрофа.
„Мило ми е што се испадна најдобро што е можно. „Тој автомобил можеше да слета на секого, додаде Јунг. Двајцата возачи од мојата лева страна беа многу поблиску до него. Тие треба да се чувствуваат како да добиле на лотарија“, рече тој.
Извор: vesti-online.com
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Македонија2 дена
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Временска прогноза20 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Македонија23 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди20 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Здравје и убавина3 часа
Ова се 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје
-
Автомобили2 дена
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo