Следете не

Здравје и убавина

Менструалниот циклус открива колку долго би можеле да живеете

Објавено пред

на

На кој начин месечниот циклус е поврзан со животниот век, открива едно големо истражување во кое учествувале  16.000 жени.

Во  истражувањето на Универзитетот во Сан Диего се проучувале податоци од 16.000 жени во менопауза, а резултатите се објавени во магазинот „Menopause“. Меѓу  испитаничките кои добиле прв месечен циклус на дванаесет и повеќе години, а влегле во менопауза после педесет годишна возраст, во најголем процент доживеале 90 години.

„Октривме дека жените што подоцна го добиле првиот циклус, имаат помалку здравствени проблеми, како коронарни болести, на пример, а истовремено и жените што подоцна влегле во менопауза, најчесто имаат одлично здравје“, изјавил авторот на студијата, Аладин Шадјаб.

Помеѓу жените кои повозрасни добиле циклус и подоцна влегле во менопауза, поголемиот број биле непушачки и немале проблеми со дијабетес. Авторите на студијата истакнале дека се потребни дополнителни истражувања, за да може точно да се одреди оваа поврзаност.

Сепак, од досегашните истражувања, јасно е дека здравите навики и здравиот месечен циклус значат долг и здрав живот.

Здравје и убавина

На колку време треба да се менува четката за заби?

Објавено пред

на

„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!

Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.

И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.

Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.

Извор: denar.mk

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Како да направите диетален домашен сок од ананас

Објавено пред

на

Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.

Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.

Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…

Состојки:

– 1 ананас

– 1 лажица ленено масло

– 2 дл. Ладна вода

– малку сок од лимот или лимета

Подготовка:

Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.

Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата

Објавено пред

на

Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.

Состојки:

– 2 литри обична природна вода

– 1-2 големи портокали

– 3 киви

– 5 јагоди

– сок од половина лимон или лимета

Начин на подготовка:

Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп7 часа

Хороскоп за среда (22 јануари)

ОВЕН Постои можност на деловно поле да добиете помош околу напредувањето кое сте го очекувале. Потребно е повеќе да и...

Автомобили13 часа

(ВИДЕО) „Mazda CX-80“ е прогласен за најдобар голем „SUV“ во својата класа од „Euro NCAP“

Целосно новата Mazda CX-80 е прогласена за најдобар голем SUV во својата класа од страна на Euro NCAP во својата...

Спорт15 часа

Младата футсал репрезентација на Македонија ќе учествува на претквалификациски турнир во Естонија

Младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години, во периодот од 21 до 24 јануари во Силамае, Естонија ќе учествува...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (21 јануари)

ОВЕН Слободно ризикувајте и дозволете му на личноста на која постојано размислувате како се чувствувате и кои се вашите намери....

Гејминг1 ден

„Activision“ истакна загриженост поради големиот број „измамници“ односно корисници кои користат помагала

Свесни дека ги губат најголемите светски играчи, стримери на социјачни мрежи „Activision“ конечно проговори за нивната платформа и ситуацијата со...

Кичево1 ден

Дистрибутерот на „Жито Лукс“ распишува оглас за работници за реон на Кичево, отворени работни позиции во следните категории

Дистрибутерот на „Жито Лукс АД“ – Скопје, водечката компанија во прехранбената индустрија, има потреба од вработување на дополнителен персонал за...

Магазин1 ден

Метју Бол: Можеби новата „GTA 6“ ќе има зголемена цена за разлика од досегашните игри на издавачот

Според аналитичарот на индустријата за видео игри, Метју Бол, постои „надеж“ во индустријата дека GTA 6 ќе чини повеќе од...

Временска прогноза2 дена

Утре брз влажен бран ќе донесе локални врнежи од дожд и снег на планините

Утре (вторник (21.1.2025) од југозапад над Македонија ќе помине еден брз влажен и поладен воздушен бран, поладниот воздушен бран секако...

Македонија2 дена

(ФОТО) Вчера чесниот Крст во Ростуше на река Радика го фати младиот Климент Танески

Денес Црквата Божја торжествува! Денес светот целиот е обновен! Денес водите на Радика станаа како Јордан, а гласот Божји повторно...

Македонија2 дена

Од ноќеска ново поскапување на дизел и бензин горивата, ова е новата цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

НАЈЧИТАНИ