Кичево
Кичевско: Младинска керамичка работилница по петти пат, овој пат заедно средношколци и основци

По петти јубилеен пат, во грнчарското село во земјава Вранештица, денес се реализира Младинската керамичка работилница, на која ќе учествуваат поголема група кичевски средношколци и првпат ученици основци, а ќе се работи во работилницата на мајсторот грнчар Слободан Столески.
Со активностите ќе се продолжи уште утре 23 Јуни, но за жал годинешната работилница ќе помине без учество на учениците од уметничкото училиште „Лазар Личеноски“ од Скопје, поради намалување на паричните средства.
– На работилницата ќе учествуваат ученици од кичевската гимназија и првпат основци од ОУ „Санде Штерјоски“. Ментор на учесниците ќе биде професорот Мирослав Крстески – истакна Мазлам Османи, директор на кичевскиот центар за култура.
Од уметничкото училиште од Скопје се разочарани што нивните ученици нема да учествуваат на годинешната работилница.
– За жал, по четири години, нашите ученици нема да бидат дел од Младинската керамичка работилница во селото Вранештица. Причина се лимитираните средства, кои се недоволни да ги покријат трошоците – вели Гоце Стоилковски, професор и ментор од ДСУ „Лазар Личеноски“ од Скопје.
Текст и Фото: Зоран Антоски
Кичево
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник

Вчера на 02.07.2022 година во 22:50 часот, во ОВР Кичево пријавена е физичка пресметка на улицата „Веле Змејкоски“ во Кичево, помеѓу две малолетни деца.
Притоа, едното се здобило со повреди и било пренесено во болница за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Истиот ден на 02.07.2022 година во 19:30 часот, С.К.(51) од Кичево, во полициска станица пријави дека, на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва

На 03.07.2022 во 01.30 часот во Плициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(23) од кичевското село Горно Строгомиште, излетало од патот.
Возачот и сопатникот Л.Р.(24) од Кичево биле пренесени во Општата болница во Кичево, а потоа во приватна болница во Скопје, каде на здобиените повреди подлегнал сопатникот Л.Р., а возачот бил задржан на лекување со тешки телесни повреди.
Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
(ФОТО+ВИДЕО) Најавеното невреме носи сè пред себе, кон с.Извор се лее кал по регионалниот пат

Најавеното невреме за попладневните часови очигледно носи сè пред себе.
Пред неколку минути нашата екипа патуваше кон Кичево од Охрид, па во отежнати временски услови со ограничена брзина можеше да се забележат остатоци од кал и камења на регионалниот пат во близина на с.Извор – кичевско.
Апел до сите учесници во сообраќајот внимателно да движат преку овој патен правец, поради можни свлечишта и остатоци од карпи и камења, додека надлежните органи го санираат проблемот кој за сега не претставува пречка но може да биде од сериозен обем доколку невремето заземе поголем интензитет.
Видео од силен град охридско-кичевски регион предмалку:
-
Кичево1 ден
Се бара 52-годишник од кичевско, скоро една недела го нема
-
Кичево7 часа
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва
-
Кичево1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Најавеното невреме носи сè пред себе, кон с.Извор се лее кал по регионалниот пат
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за недела (3 јули)
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (2 јули) – сабота
-
Кичево4 часа
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник
-
Хроника1 ден
Трагедија ја потресе Македонија, се трага по телото, 14-годишник попладнево се удави во Беровско Езеро
-
Македонија1 ден
СВР Охрид: Внимавајте, дури 27 санкции за возила кои престигнувале на недозволени места