Кичево
#МотоПарада2018 #6 денес во Кичево по повод именденот на нашата црква Св.Петар и Павле
Денес со старт од 19:30 часот низ Кичевските улици ќе се одржи Мото Парада во чест на именденот на нашиот Православен храм во Кичево Св.Апостоли Петар и Павле.
Нека е вечно име, домашна слава, нека е вечно одбележувањето и традицијата!
Имајте прекрасен ден исполнет со позитивна енергија!
Facebook настан ТУКА
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево: За утре најавени прекини во електрична енергија, Мак.Брод, како и регионот – с.Манастирец, Пласница, Крапа…

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре на ден 08.03.2021 година – понеделник, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на својот реон, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следните локации:
МАКЕДОНСКИ БРОД: централното градско подрачје и индустрискиот дел од градот како и с.Ижиште с.Пласница, с.Преглово, с.Сланско, с.Дреново, с.Манастирец, с.Тополница ХПП Крапа с.Девич и с.Грешница (од 08:00 до 11:00 часот)
Извор: Струја
Кичево
Спречен пожар на поголема површина во атарот на с.Карбуница – кичевско

На 04.03.2021 година во 18:10 часот, во ОВР Кичево пријавен е пожар во атарот на кичевското село Карбуница.
Од извршениот увид, констатирано е дека опожарена била сува трева и друга нискостеблеста вегетација на површина од 500 метри квадратни во близина на локален пат кон селото Староец.
Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
Извор: СВР Охрид
Кичево
Важна информација од Кичевска Парохија

Кичевското архиерејско намесништво ги известува своите верни чеда дека на ден 05.03.2021 година (петок) ќе се изврши општ Парастос (опевање на сите упокоени) во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево во 14⁰⁰ часот, а на 06.03.2021 година (сабота), кога е самиот ден Задушница, почнувајќи од 08³⁰ часот свештениците ќе ги посетат и старите и новите градски гробишта.
Поради тоа, сите оние кои ќе доаѓаат во петок да носат пченица, вино и лепче во храмот (истото важи и за оние кои ќе бидат молитвено на гробиштата).
Притоа препорачуваме да се почитуваат здравствените мерки со носење на заштитна маска и растојание.
Нека Човекољубивиот и Милостив Бог ги спомне нашите ближни кои се упокоиле со надеж во воскресение во Своето Царство, на Отецот, Синот и Светиот Дух.
Амин!
/кичевска парохија
-
Спорт24 часа
(ФОТО) Кичевчанецот Николоски е државен шампион за 2020 во мотоспорт – категорија „Ендуро Е2 класа“
-
Хороскоп3 дена
Хороскоп за денес (5 март) петок
-
Временска прогноза1 ден
Од ноќеска голем пад на температурите, од среда дожд и снег – Ова се најновите детали за времето кај нас
-
Кичево1 ден
Спречен пожар на поголема површина во атарот на с.Карбуница – кичевско
-
Свет1 ден
Авион полн со патници принудно слетал во Софија поради агресивно однесување на човек, за делото му прети затвор од 10 години
-
Свет2 дена
Откриено колку можат честиците од Коронавирусот да преживеат
-
Македонија23 часа
Предмалку земјотрес регистриран со епицентар на 14км западно од Гостивар
-
Кичево15 часа
ЕВН КЕЦ Кичево: За утре најавени прекини во електрична енергија, Мак.Брод, како и регионот – с.Манастирец, Пласница, Крапа…