Спорт
Можна промена на планот за почеток на сезоната во Формула 1

Новата сезона во Формула 1 најверојатно нема да започне како што беше планирано во трката за Големата награда на Австралија.
Властите во таа земја ја разгледуваат можноста за одложување поради пандемијата на коронавирусот.
Новата сезона треба да започне на 21 март со трка во Мелбурн, а како што објави Скај, трката најверојатно ќе биде одложена за подоцна, поради строгите правила за карантин во Мелбурн.
Властите на Викторија изјавија дека се дискутира за организацијата на трката.
Според распоредот за оваа сезона, втората трка е во Бахреин на 28 март, а потоа сезоната може да започне.
Мелбурн се подготвува да биде домаќин на првиот голем спортски настан после скоро една година во февруари, кога ќе се игра Австралија опен. Двонеделен карантин е задолжителен за сите учесници, поради што турнирот беше преместен од јануари во февруари.
Задолжителен карантин исто така би бил во случајот на Формула 1, и во тие околности не би било можно да се организира трка. Сите учесници ќе треба да пристигнат во Мелбурн три недели пред трката, што би го загрозило предсезонското тестирање што е закажано за периодот од 2 до 4 март.
Минатата сезона започна во јули и имаше 17 трки. Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои седмата шампионска титула, додека неговиот тим стана шампион во конкуренција на конструктори по седми пат по ред.
Спорт
ФФМ веднаш упати соопштение во врска со прогласот на ФК Пелистер за судењето на мечот против Вардар

Фудбалската федерација на Македонија се заложи за транспарентност и отчетност во своето работење како еден примарен постулат, со цел градење доверба и унапредување на фудбалската игра.
Неколку пати до сега посочивме дека Фудбалската Федерација на Македонија, преку Одборот на судии и стручните тела секој натпревар го следи со најголемо внимание и професионален пристап.
Судиите кои ги судат натпреварите се избираат и делегираат врз основа на нивната физичка подготвеност, знаење и досегашни перформанси, а нивната работа е предмет на детална анализа од страна на контролорите на судењето.
Повеќе прочитајте на официјалниот натпис ТУКА
Спорт
Фудбалерките на Македонија до 19 на почеток од април ќе отпатуваат на квалификациски турнир во Хрватска

Женската репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 1 до 7 април ќе учествува на квалификацискиот турнир од Б лигата (рунда 2) за пласман во А лигата на квалификации за Европско првенство. Домаќин на квалификацискиот турнир ќе биде селекцијата на Хрватска. Во групата Б5, покрај Македонија и домаќинот Хрватска, се наоѓаат и репрезентациите на Ерменија и Литванија.
Во првото коло, кое на програмата е на 1. април, нашите млади фудбалерки ќе се соочат со селекцијата на Литванија. Натпреварот ќе се одигра на стадионот Лучко, со почеток во 16:30 часот.
На 4. април, во рамките на второто коло од турнирот, Македонија ќе игра против Ерменија, со почеток во 16:30, на стадионот Лучко.
Селекторот Астрит Мерко за претстојниот квалификациски циклус се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Ведрана Комненова – Скопје
Дијана Алуши – Ас Јунајтед
ОДБРАНА:
Катерина Петкова – Истатов
Михаела Додевска – Скопје
Слаѓана Ѓоргиева – Тиверија Брера
Ива Јовановска – Љуботен
Стефанија Веселинова – Каменица Саса
Васка Василева – Каменица Саса
Ана Боризоска – Скопје
СРЕДЕН РЕД:
Ева Конева – Малта
Ива Јосифова – Тиверија Брера
Јехона Велиу – Швајцарија
Сара Дика – Ас Јунајтед
Едина Мехмети – Швајцарија
Кристина Крстева – Скопје
НАПАД:
Сара Димитриоски – Атлетико
Емили Митковска – Речица
Анастасија Илиевска – Топ Гол
Мелиса Димитриоски – Атлетико
Елена Симјонова – Љуботен
Извор: ФФМ
Спорт
Омерагиќ: „Додека сум јас претседател на ФФМ, нема да има поделби по етничка припадност во фудбалот“

Додека сум јас претседател на ФФМ нема да има поделби во фудбалот на македонци, албанци, турци, поделба по етничка припадност во фудбалот нема да има – говори првиот човек на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ, во интервјуто за ТВ21 кое премиерно ќе се емитува денес во 11:00ч, проследете го.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (30 март)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Кичевската пиљара „Бамби“ денес слави прв роденден, верните потрошувачи ги дочекаа со изненадувања и попусти!
-
Временска прогноза2 дена
Викендов невреме проследено со дожд и грмежи – ова се последните информации
-
Lifestyle2 дена
Брз трик за одмрзнување месо: Подготвено за само 5 минути!
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за понеделник (31 март)
-
Lifestyle2 дена
Топ 10 намирници за појадок: Овесната каша и јајцата ќе ве држат сити до ручек
-
Lifestyle2 дена
Зелениот чај или кафето: Зошто треба да го смените утринскиот пијалок?
-
Спорт8 часа
ФФМ веднаш упати соопштение во врска со прогласот на ФК Пелистер за судењето на мечот против Вардар