Хроника
На само 28 години од срцев удар на терен почина фудбалерот на Гана во албанската лига – Рафаел Дуамена, фудбалскиот свет се опростува од „голгетерот“
Напаѓачот од Гана на КФ Игнација, Рафаел Дуамена почина по срцев удар во 23. минута од натпреварот против ФК Партизани. Напаѓачот кој имаше само 28-годишниот имал претходна срцева болест која лекарите ја откриле во 2017-та година, но тој ги одбил сите медицински препораки да ја прекине кариерата, бидејќи сакал да продолжи да го работи она што најмногу го сакал, играњето фудбал.
Беше без сомнение еден од најдобрите играчи во албанската суперлига и беше најдобар стрелец во лигата. Дуамена исто така беше член и на шпанскиот Леванте заедно со нашиот интернационалец Енис Барди од 2018 до 2020 година, играше и за Австрија Луштенау, како и за Ред Бул Салцбург, а од тековната 2023-та година е во Егнатија или Игнација, каде од 27 меча даде 20 гола.
Почивај во мир!
this is so sad, Raphael Dwamena died on the pitch 💔 May his soul rest in peace 🕊️
pic.twitter.com/dBE3hG18lf— Bla Yaw✝🇬🇭 (@obrempong__) November 11, 2023
Хроника
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
На 17.04.2024 во 19.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с.Ново Село, кумановско, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.З.(20) од Куманово, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, известуваат од МВР.
Хроника
Замина големиот другар, легенда, најдобриот боди билдер кои го познававме Мирко, почивај во мир другарче, прерано замина!
Почина познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер, Мирко Петровски. Веста на социјалните мрежи ја сподели познатиот музичар Панчо.
– Сѐ уште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да не оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. Денес изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Couch мој, на поубаво место си секако каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир.
Ќе те памтам како добар човек и лојален другар. Вечна ти слава Мирко Петровски – напиша тој на нивната заедничка фотографија.
По трагедијата се огласи и Зоран Паљо Лазаревски, кој со тага ја соопшти веста.
„Многу жално прерано замина Спортист татко другар. Никој незаслужва да замини пред време секој треба да доживее длабока старост Вечен мир Мирко“ – напиша тој.
Хроника
МВР: Детали за стравичната сообраќајка која го потресе Кичево и регионот, каде загина едно лице
На 01.03.2024 во 18.20 часот во полициската станица Кичево, пријавено е дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај селото Колари, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(46) од Скопје, излетало од коловозот.
Притоа, тој од здобиените повреди починал на местото на настанот а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош а со тешки телесни повреди, се здобила малолетна сопатничка, констатирани во болницата во Кичево.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кичево, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (26 април)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за сабота (27 април)
-
Култура8 часа
Денеска е Лазарева сабота, додека утре е „Цветници“
-
Кичево9 минути
(ФОТО) Прекрасен ден со најмилите деца од Кичево, кои денес гласно го прославија „Лазаревото Воскресение“, среќа и радост на едно место!
-
Магазин2 дена
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Социјални мрежи16 часа
Врховниот суд и даде рок на социјалната мрежа „Х“ (твитер) да се изјасни зошто не ги почитува пресудите
-
Спорт13 часа
Пламенот на Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Париз, официјално предаден на организаторите на игрите