Следете не

Здравје и убавина

Направете моќен лек кој ќе ве заштити од грип, настинка и воспаленија

Објавено пред

на

Доколку се борите со настинки и со грип или сакате превентивно да се заштитите, ќе направите добар избор доколку во вашата исхрана ја додадете оваа „златна паста“, која помага кај сите видови воспаленија. Најдоброто нешто кај оваа моќна паста е што многу едноставно и лесно можете да ја направите дома.

Главната состојка на „златната паста“ е куркумата, позната и како индиски шафран, која претставува зачин со својства што благотворно дејствуваат против воспаленијата и вршат детоксикација на целиот организам. Позната е и како природно средство против болки. Со оглед на тоа дека нашето тело тешко ја апсорбира куркумата, во „златната паста“ секако додајте масло и бибер кои ќе помогнат при апсорпцијата на зачинот.

Потребни состојки: 125 грама куркума во прав, 250 милилитри вода, 1 1/2 лажица мелен црн пипер, 70 милилитри девствено маслиново или кокосово масло

Начин на подготовка:

1. Ставете ја куркумата во водата, а потоа на тивок оган со постојано мешање. Мешајте сè додека не добиете густа паста, а овој процес може да трае од 6 до 10 минути.

2. Доколку ви изгледа дека пастата е премногу ретка, тогаш додајте уште куркума, а доколку ви изгледа дека е премногу густа, дополнете со вода. Пастата цело време треба да биде на тивок оган, односно не треба да зоврие, бидејќи состојките ќе ги изгубат своите лековити својства.

3. На крај, додајте ги биберот и маслото. Продолжете да мешате за да се соединат сите состојки.

4. Тргнете ја пастата од оган и оставете ја да се излади. Пастата можете да ја складирате во стаклена тегла и да ја чувате во фрижидер околу 2 недели, бидејќи нејзината моќ, односно ефикасност опаѓа после тоа време.

Начин на употреба:

Ако се користи како додаток во јадењето, додајте ја при крајот на готвењето за хранливите состојки да останат максимално сочувани. Особено одлично го надополнува јадењата со грав.

Може да се користи и како чај така што една лажичка од пастата да се стави во врела вода, да се промеша и да се додаде мед или шеќер по желба. Таа е одличен додаток на сосовите. Додајте една лажица од пастата во супата од зеленчук, варивото или крем супата. Додајте една лажица од пастата во динстан ориз и зеленчук за подобрување на вкусот. Малку паста можете да додадете и во топло биено млеко.

Здравје и убавина

На колку време треба да се менува четката за заби?

Објавено пред

на

„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!

Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.

И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.

Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.

Извор: denar.mk

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Како да направите диетален домашен сок од ананас

Објавено пред

на

Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.

Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.

Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…

Состојки:

– 1 ананас

– 1 лажица ленено масло

– 2 дл. Ладна вода

– малку сок од лимот или лимета

Подготовка:

Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.

Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата

Објавено пред

на

Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.

Состојки:

– 2 литри обична природна вода

– 1-2 големи портокали

– 3 киви

– 5 јагоди

– сок од половина лимон или лимета

Начин на подготовка:

Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин4 минути

Nintendo Switch 2: Кога ќе биде објавена?

По многуте шпекулации, конечно пристигнаа нови информации за очекуваното објавување на Nintendo Switch 2. Кога да ја очекуваме конзолата? На...

Lifestyle6 минути

Зошто кафето треба да се пие само наутро? Што покажува истражувањето

Пиењето кафе исклучиво наутро може да го зголеми животниот век во споредба со консумирање кафе во текот на целиот ден,...

Магазин8 минути

Револуционерниот почеток: Како iPhone го промени светот

Првата презентација на iPhone се одржа на 9 јануари 2007 година, за време на конференцијата Macworld Expo во Сан Франциско....

Хороскоп12 часа

Хороскоп за четврток (9 јануари)

ОВЕН Не размислувајте толку многу за се што не успеавте да завршите. Наместо тоа, обидете се да започнете од почеток...

Македонија23 часа

Дизелот и бензинот со нова покачена цела за литар од ноќеска

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 1,00, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)...

Кичево23 часа

Сите собрани средства од кичевскиот „Хуманитарен Божиќен Базар“ во целост ќе се пренаменат за лекување на Дејан Огненоски, вечерва и утре ве очекуваме во најголем број!

Почитувани сограѓани, сите оние кои до сега го посетувавте „Хуманитарниот Божиќен Базар“ во Кичево и тие кои вечерва и утре...

Магазин1 ден

Уредување на видеа со вештачка интелигенција пристигнува на Instagram

Минатата година, Мета ја претстави алатката Movie Gen, напојувана со вештачка интелигенција, која импресионираше со реалистичните рендери (барем во примероците...

Магазин1 ден

Како да го продолжите животот на батеријата на вашиот телефон: 5 едноставни совети

Дали вашиот телефон е секогаш на полнач? Овие 5 виновници ја „јадат“ батеријата Пред да одлучите да ја замените батеријата,...

Магазин1 ден

Најдобрите лаптопи за 2024 година: Технологијата во ваши раце

Изминатата година донесе бројни иновации во светот на технологијата, со многу возбудливи производи кои ги редефинираа границите на можностите. Од...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (8 јануари)

ОВЕН Не брзајте премногу со завршувањето на важни работни задачи, најдобро е сѐ да се одвива полека. Иако мислевте дека...

НАЈЧИТАНИ