Македонија
Наум Петрески е добро и се враќа кај пријателите, невремето причина за каснењето додека се враќале

Големата љубов кон риболовот на фолк легендата Наум Петрески и покрај силното невреме и големите бранови крај австралискиот океан тој со своите блиски пријатели замина на ловење риба.
Притоа како што информираат од таму, на нивната јахта се пројавил некој дефект при што се губи нивната трага. Невремето ја однело јахтата во непознат правец и во моментов трае нивната потрага, пишува порталот естрадаплус, но наши извори јавуваат дека Наум е добро и се враќа кај пријателите, и невремето е главна причина за нивното доцнење.
Во јахтата има пет лица меѓу кои и Наум Петрески и Стив од позната група “Куку леле”, како и блиски нивни пријатели. Фотографијата е направена непосредно пред нивното поаѓање…
Нема простор за паника, секому може да се случи.
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.
Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.
– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Временска прогноза1 ден
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Спорт8 часа
(ФОТО) „ФК Кичево“ денес ги продолжи подготовките за пролетната сезона со пријателски натпревари во Битола и Кичево на домашен терен
-
Здравје и убавина6 часа
Со овие намирници ќе ја подобрите меморијата на мозокот со здрав начин на исхрана
-
Македонија1 ден
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Здравје и убавина11 часа
Ова се 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје
-
Мобилни уреди1 ден
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години