Автомобили
Не ја користете рачната сопирачка во зима, доколку замрзне направете ги овие работи

Препорака од видни механичари а и експерти кога станува збор за рачна сопирачка на минусни температури е да не се користи во текот на зимата.
Сепак, доколку немате избор и морате да ја користите, а притоа таа замрзне, добро е да се знаат неколку методи со кои можете да го решите проблемот.
1. (ако е механичка) нагоре-надолу неколкупати. После ова обидете се да тргнете.
2. Топла вода на механизмот на тркалото е исто така практичен, кога кочните ќе се одмрзнат тогаш ќе треба неколкупати да ја користите рачната кочница за да можат механизмите да се исушат. Во спротивно тие одново ќе замрзнат.
3. Ако немате топла вода, обидете се со чукање по барабанот (механизмот на тркалото). Постои голема веројатност од вибрациите кората од мразот да падне. Во тој случај некористете метален чакан, туку некаква дрвена алатка.
Во секој случај бидете внимателни во зимските периоди и возете безбедно.
Автомобили
BYD ја надмина Tesla: Полнач што е четири пати побрз од Supercharger?

Новата технологија на кинескиот производител BYD овозможува електричните автомобили да добијат автономија од 400 километри за само пет минути полнење!
BYD vs. Tesla – кој има побрзо полнење?
Досега, брзото полнење најчесто се поврзуваше со Tesla и нејзината глобална мрежа на Superchargers, но сега BYD го надмина американскиот производител кога станува збор за брзината на полнење.
Според анализата на Finbold, новата технологија на BYD испорачува четири пати повеќе енергија во минута во споредба со Supercharger-ите на Tesla.
BYD new 1000KW super charger – 5 min charging for 407KM. 🤯
NIO has battery exchange stations all over China which also takes about 5 min to replace w a fully charged battery. pic.twitter.com/VGk3IhqbrC
— Jen Zhu (@jenzhuscott) March 18, 2025
Колку брзо полни BYD?
Полначот „Megawatt Flash“ на BYD обезбедува 80 километри автономија по една минута полнење.
За споредба, Tesla Supercharger, дури и во оптимални услови, обезбедува само 18 километри автономија по минута, што значи дека BYD значително го надминува.
Оваа нова технологија може целосно да ја промени инфраструктурата за полнење на електричните возила, приближувајќи ја брзината на полнење до таа на конвенционалното точење гориво.
Извор: B92
Автомобили
Калифорнија има повеќе полначи за електрични возила отколку бензински пумпи, но брзото полнење останува предизвик

Калифорнија, како еден од најголемите пазари за електрични возила (ЕВ), има огромна побарувачка за инфраструктура за полнење. Според податоците на Комисијата за енергетика на Калифорнија, низ државата се инсталирани 178.549 јавни и заеднички приватни полначи, што е значителна бројка во споредба со околу 120.000 бензински пумпи. Ова значи дека бројот на полначи за електрични возила е за 48% поголем од бројот на бензински станици.
Голем број полначи, но мал процент овозможуваат брзо полнење
Иако вкупниот број на полначи е импресивен, најголемиот дел (162.178) се уреди од ниво 2, каде што полнењето може да трае со часови. Овие полначи се идеални за домашна употреба, а проценките се дека има над 700.000 приватни полначи од овој тип низ Калифорнија.
Од друга страна, само 16.971 полнач или 9,5% од вкупниот број се DC брзи полначи. Овие полначи можат да обезбедат повеќе од 100 милји опсег за околу 15 минути, што е значително побрзо од стандардните уреди.
Милијарди долари инвестиции во инфраструктурата
Развиената мрежа на полначи е резултат на значајни инвестиции за поддршка на чистата мобилност. Државата има вложено 1,4 милијарди долари во инфраструктура за полнење електрични возила и станици за водород. Дополнително, проект вреден 55 милиони долари е насочен кон инсталирање на брзи полначи на деловни и јавни локации.
„Искуството на возачите на електрични возила во Калифорнија секој ден се подобрува. Државата ќе продолжи да инвестира многу во инфраструктурата за електрични возила, со посебен фокус на тешко достапните области, правејќи ги електричните возила лесен избор за новите клиенти,“ изјави Дејвид Хочшилд, претседател на Комисијата за енергетика на Калифорнија.
Предизвици и иднина
Во Калифорнија, околу 25% од новите автомобили се возила со нула емисија. Сепак, идниот раст на продажбата на електрични возила може да биде загрозен доколку дојде до намалување на федералните субвенции.
Извор: B92
Автомобили
Како безбедно да го исчистите африканскиот песок од автомобилот

Африканскиот песок станува сè почеста појава во нашите краишта, оставајќи траги на терасите, олуците, градинарскиот мебел, но и на автомобилите. Иако многумина се обидуваат да го избришат со сува крпа, ова може да предизвика повеќе штета отколку корист.
Правилен начин за чистење на песокот од автомобилот
За ефикасно и безбедно чистење на автомобилот од песок, потребно е да се користи доволно вода. Ако се обидете да го исчистите рачно без доволно влага, честичките од песок може да се втријат во бојата со сунѓерот и да предизвикаат гребнатини. Затоа, најдобро решение е да го однесете автомобилот во автоперална, каде што ќе се измие со голема количина вода во неколку фази.
По основното миење, препорачливо е рачно да ги избришете металните површини со добро навлажнета крпа. Важно е редовно да ја исплакнувате крпата за да спречите повторно акумулирање на прашина и песок.
Чистење на внатрешноста на автомобилот
За да проверите дали песокот навлегол во внатрешноста, поминете со бела крпа преку средишниот дел на таблата. Ако крпата пожолти, тоа е знак дека песокот се наталожил и внатре. Во тој случај, прво исчистете со правосмукалка, а потоа избришете ги површините со влажна крпа или соодветно средство за чистење на внатрешноста.
Заменете го филтерот во кабината
Ако веќе е време за замена на филтерот во кабината, направете го тоа што поскоро. Песокот и прашината може да се акумулираат во филтерот, што може да влијае на квалитетот на воздухот во возилото. Во зависност од моделот на автомобилот, филтерот може да се замени самостојно, а доколку не сте сигурни, најдобро е да се консултирате со механичар.
Со правилен пристап, можете да го заштитите автомобилот од оштетувања и да го одржувате чист и безбеден, дури и кога африканскиот песок е најзастапен.
Извор: Danas
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (април)
-
Спорт1 ден
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Македонија8 часа
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Временска прогноза2 дена
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Македонија11 часа
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Временска прогноза2 часа
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Скопје1 ден
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците
-
Македонија1 ден
Убави вести од Министерството за здравство, шест пациенти од трагичниот пожар во Кочани се враќаат дома