Следете не

Случувања

Не се памети ваков преврат со нокаут во последна секунда (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Јеир Родригез се прослави со нокаутот во последната секунда од мечот против Чан Сунг Џунг во Fight Night приредбата на UFC што синоќа се одржа во Денвер.

„Кореанскиот Зомби”, како што го нарекуваат Чан Сунг Џунг се бореше пет рунди во перо лесна категорија против Јаир Родригез вчеравечер во Колорадо. Пред последната секунда Кореанецот водеше и требаше да победи со одлука на судиите.

Но, наместо да ја чува предноста до крај, Кореанецот тргна во напад и налета на лактот на противникот, што го покоси буквално во последната секунда од мечот.

Така Мексиканецот, кој од исцрпеност не можеше ниту да слави, ја забележа својата 11 победа во кариерата. 

Свет

YouTube ја послуша кинеската влада и ја блокира протестната песна од Хонг Конг

Објавено пред

на

Одлуката доаѓа откако судот ја забрани протестната песна „Слава на Хонг Конг“, која владата ја означи како закана за националната безбедност.

– „Ние сме разочарани од одлуката на Судот, но ја почитуваме неговата наредба за отстранување. Ќе продолжиме да ги разгледуваме нашите опции за жалба, за да го промовираме пристапот до информации“, соопшти YouTube.

Гардијан наведува дека од Alphabet, која е сопственик на YouTube, им било кажано дека блокадата ќе стапи на сила веднаш и дека тие ја споделуваат загриженоста на групите за човекови права дека тоа може да биде штетно за слободата на Интернет.

YouTube соопшти дека Google повеќе нема да прикажува линкови до овие видеа, а веќе има извештаи дека корисниците добиваат известувања дека „содржината е недостапна поради судски налог“, пренесува b92.net

Прочитај повеќе...

Македонија

Старица од Прилеп измамена на телефон за наводно случена сообраќајка на нејзина внука

Објавено пред

на

На 16.05.2024 во 12.30 часот во ОВР Прилеп, 76 – годишна жена од Прилеп пријавила дека била измамена од едно машко лице за сума од 380.000 денари.

Според пријавеното, на 15.05.2024 лицето телефонски ѝ се јавило и, претставувајќи се како полициски инспектор, ѝ кажало дека нејзината внука во сообраќајна несреќа во Охрид удрила дете-мигрант. Како што е пријавено, тој, исто така, откако ѝ кажал дека родителите на детето барале пари, а доколку не им даде нејзината внука ќе одела во затвор 10 години, таа се согласила и следната вечер во нејзиниот дом дошло женско лице на кое му ги дала парите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, известуваат од МВР.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ВИДЕО+ФОТО) Жива е Македонија! Со песна, оро и дефиле денес кичевските матуранти го завршија средното образование, честитки!

Објавено пред

на

©porta.mk

Кичевските матуранти, генерација 2020-2024 денес со веселба и дефиле го завршија и последниот училишен ден како средношколци. Тие најпрво во дворот на гимназијата со развиорени знамиња заиграа оро и пееја песни, со што ја заокружија четиригодишната дружба од средното образование.

п.с. Забележливо е дека кај младите се враќа трендот на прославување со македонски знамиња, нешто што во изминатите години беше подзаборавено. Секоја чест!

Апел да внимаваат денес на својата и на безбедноста на сите други граѓани, да се памети и оваа година по убави спомени вашата матура!

Видео:

Среќно понатаму, ПортаМК вечерва ви посакува да си поминете најубаво!

Повеќе фотографии ТУКА :

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп9 часа

Хороскоп за недела (19 мај)

ОВЕН Околу Овенот ќе владее мир и ќе донесе хармонија во вашиот дом. Можеби се расправате со член на семејството...

Занимливости9 часа

(ВИДЕО) Дукати го претстави новиот модел „Монстер“ во чест на легендарниот Аиртон Сена

Најновата „играчка“ на легендарниот Аиртон Сена доаѓа од Ducati, која го претстави специјалното издание Monster. Мотоциклот има шарена графика инспирирана...

Свет11 часа

YouTube ја послуша кинеската влада и ја блокира протестната песна од Хонг Конг

Одлуката доаѓа откако судот ја забрани протестната песна „Слава на Хонг Конг“, која владата ја означи како закана за националната...

Магазин20 часа

Samsung Galaxy Z Fold 6 се појави во листата на Geekbench

Претстојниот телефон на преклопување Samsung Galaxy Z Fold6 ќе биде официјално претставен на 10 јули, а денешната листа на Geekbench...

Магазин20 часа

Доаѓа iPhone Slim и ќе биде најскапиот модел во серијата

Веќе претходно дознавме дека Apple ќе ја освежи својата линија на iPhone за следната година, па моделот Plus ќе биде...

Магазин20 часа

Граѓаните предупредени да не користат TikTok: „Сите податоци одат кај кинеската влада“

Шефот на канадската безбедносна разузнавачка служба Дејвид Вињо денеска ги предупреди канадските граѓани да не ја користат апликацијата TikTok. Тој...

Магазин21 час

Apple ќе ги продава Vision Pro надвор од САД

Според извештајот на Блумберг, Apple се подготвува да ги продаде своите слушалки Vision Pro надвор од САД. Цена 3.499 долари...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (18 мај)

Овен Стравовите се вовлекоа во твоето срце. Не сте сигурни дали ве сакаат затоа што вредите како личност или затоа...

Спорт1 ден

74 конгрес на ФИФА во Бангкок: Светското првенство за жени во 2027 да се одржи во Бразил, како најважна точна на дневниот ред

На 74. Конгрес на Светската фудбалска организација, ФИФА беше донесена одлука Светското првенство за жени во 2027 година да се...

Македонија2 дена

Старица од Прилеп измамена на телефон за наводно случена сообраќајка на нејзина внука

На 16.05.2024 во 12.30 часот во ОВР Прилеп, 76 – годишна жена од Прилеп пријавила дека била измамена од едно...

НАЈЧИТАНИ