Македонија
Нова цена на горивата од полноќ
Регулаторната Комисија за Енергетика пред две недели ја донесе одлуката за новата цена на бензинот и дизелот.
Тогаш малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.01.2018 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС- 95 изнесува 68,00 ден/литар што значи уште едно поскапување.
Цената на дизелот остана иста, но сепак периодов ја надмина границата од 60 денари.
За помалку од шест месеци горивата поскапеа за 15 денари.
За новата цена загрижува нагорениот тренд на цените кои во моментов се на највисоко ниво во последните 3 години.
Новата цена, Регулаторната Комисија за енергетика ќе ја соопшти во текот на денешниот ден, а ќе почне да важи од полноќ.
Македонија
Од вечерва горивата со намалена цена за литар, ова е новата цена

Од вечерва по еден ипол денар поевтинуваат нафтените деривати, односно, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 89 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 91 денар за литар, додека цената на дизелот ќе биде 85,5 денари за литар, денес одлучи РКЕ.
Македонија
СВР Охрид истакна информација за изменет сообраќаен режим на „Македонски просветители“

СВР Охрид ја известува јавноста дека од утре, 19.09.2023 година (вторник), на сила ќе биде нов режим на сообраќајот на булеварот „Македонски просветители во Охрид.
Според новиот сообраќаен режим, кој е усогласен со надлежните служби во локалната самоуправа, предвидено е такси постојката на булеварот „Македонски просветители“, во близина на поштата, да се дислоцира на улицата „Партизанска“, a локацијата да биде пренаменета во паркинг простор. Воедно, делот од коловозот пред досегашната такси постојка на булеварот „Македонски просветители“, од пресекот со улицата „Партизанска“ до пресекот со улицата „Димитар Влахов“, ќе биде отворен за сообраќај во правец од рампата кај поштата кон булеварот „Туристичка“ со што од утре сообраќајот по целата должина на булеварот „Македонски просветители“ ќе се одвива двонасочно.
СВР Охрид апелира до возачите да се придржуваат до измените и да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои, утре, на посочените локации и практично ќе ги информираат граѓаните за новите сообраќајни измени.
Македонија
Вечерва 98-цата поскапува, веќе имаме цени на бензин над 90 ден/лит

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 98 од ноќеска на полноќ поскапува за два денар за литар, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнасува 92,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 90 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 86, Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 85 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 47,304 денари за килограм.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (26 септември)
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за среда (27 септември)
-
Македонија1 ден
Од вечерва горивата со намалена цена за литар, ова е новата цена
-
На денешен ден19 часа
На денешен ден (26 септември)
-
Спорт1 ден
Ова е составот на Украина кој ќе биде на располагање и на мечот против Македонија во Прага закажан за 14 октомври, истакна Ребров
-
Магазин2 дена
Facebook сега ви овозможува да креирате повеќе лични профили
-
Магазин2 дена
На првиот тест за издржливост, iPhone 15 Pro покажа дека не е толку отпорен и покрај титаниумскиот дизајн
-
Спорт9 часа
Познати осминафиналистите за Купот на Македонија, додека теренот на ФК Башкими суспендиран за натпревари