Временска прогноза
Облачно со локални врнежи од дожд и засилен ветер, продолжува период со облачно и нестабилно време
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, повремено засилен северен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 3 до 12, а дневната од 15 до 22 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
/денешен
Временска прогноза
На повидок краткотрајна пролет, температури во пораст до 20°C
Денес и утре (31 јануари и 1 февруари) во Македонија ќе има многу повеќе сончеви периоди и ќе биде невообичаено топло за овој период од годината со температури значително над просекот за овој дел од годината. Сепак, по котлините, особено во утринските, претпладневните и повторно во ноќните часови ќе има појава на магла или ниска облачност. Ќе дува претежно слаб ветер од променлив правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат пролетни на повеќе места низ Македонија и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени, а не се исклучува можноста во југоисточните предели тие да се искачат и до околу 20 степени.
Во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 16 степени.
Во недела ќе имаме поголема облачност, а ќе има и појава на повремен локален дожд, а на високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) ќе има услови за послаби врнежи од дожд и снег или влажен снег, пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Викендов вистинска пролет, утринските температури ќе бидат над нулата – ова се најновите метео вести
Во петок и во сабота (31 јануари, и 1 февруари) во Македонија ќе имаме преодно и краткотрајно стабилизирање на времето, со многу повеќе сончеви периоди, како и со повремено слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Особено во ноќните и во утринските часови по котлините повторно ќе има појава на магла и на ниска облачност.
И во Скопскиот регион во овие два дена ќе имаме стабилно, суво време со многу повеќе сончеви периоди, а во котлината, особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност.
Наутро речиси насекаде во Македонија температурите ќе бидат позитивни, односно над нулата, а преку денот тие ќе бидат значително натпросечни за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени, додека во Скопје температурата ќе се искачи до околу 16 степени, информира Славчо Попоски.
Временска прогноза
Дали во месец февруари се враќа ладниот бран проследен со нов снег?
Според она што може да се истакне, според најновото ажурирање на прогностичките модели, големо враќање на зимата и големо заладување на времето, со многу ниски температури на воздухот, северен ветер и можност за нов снег можно е од 3 февруари па во деновите потоа, што значи по се изгледа дека од тој период ќе навлеземе во нов многу ладен период.
– Состојбата околу ова постојано ќе ја следам, што значи дека јавноста навремено ќе биде информирана што точно не очекува од првите денови на месец февруари и дали навистина зимата своето право лице повторно наскоро и тоа како ќе го покаже, информира Славчо Попоски.
-
Хроника1 ден
Кичевчанец додека работел на работни задачи на автопат Кичево-Охрид паднал и починал
-
Магазин2 дена
Денес им е роденден: Спасен Сиљаноски, еден од најдобрите и најпопуларни пејачи на македонската естрада
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (30 јануари)
-
Кичево15 часа
Учесници, спонзори, помагатели, фирми и луѓе со големо срце кои дадоа свој придонес за мега спектакуларниот кичевски „Хуманитарен Божиќен Базар“
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за петок (31 јануари)
-
Култура1 ден
Денеска е Св.Антониј Велики, честито име Антонио, Антоанета, Антониј..
-
Временска прогноза2 дена
Викендов вистинска пролет, утринските температури ќе бидат над нулата – ова се најновите метео вести
-
Кичево16 минути
Вчера во Кичево глутница бездомни кучиња нападнале 12 годишно момче