Следете не

Македонија

ОЈО Гостивар гони повеќе лица за полов напад врз дете

Објавено пред

на

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица за кои постои сомнение дека во повеќе наврати извршиле кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“ од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Како што соопшти вечерва Јавното обвинителство на Република Македонија, детето по наредба на Обвинителството е згрижено од страна на Центарот за социјални работи, а надлежниот јавен обвинител достави предлог до Основниот суд Гостивар за определување краткотраен притвор за трите лица.

Во вршењето на половиот напад учествувале осомничените, но и други лица за кои во моментов се преземаат дејствија за нивно пронаоѓање и идентификација. -Ценејќи дека се исполнети условите предвидени во член 170 од Законот за кривична постапка, а особено земајќи ги предвид видот и висината на запретената кривична санкција – казна затвор од најмалку 12 години за ова кривично дело, надлежниот јавен обвинител достави предлог до Основниот суд Гостивар за определување на краткотраен притвор за трите лица, наведува Јавното обвинителство на Република Македонија.

Детето на возраст од 13 години било во повеќе наврати злоупотребувано од страна на возрасни лица. До овој момент е утврден идентитетот на петмина сторители, од кои тројца се лишени од слобода, за двајца е распишан распис за нивно пронаоѓање. Надлежниот јавен обвинител издаде наредби и насоки за натамошно утврдување на меѓусебната поврзаност помеѓу инволвираните осомничени.

Според првичните информации постои веројатност во предметот да бидат опфатени и други лица. Во моментов согласно на издадена наредба на надлежниот јавен обвинител се вршат бројни вештачења, преку кои ќе бидат обезбедени докази и ќе се добијат насоки за утврдување на фактите во кривично правниот настан. Основното јавно обвинителство Гостивар во континуитет продолжува да презема интензивни активности за целосно расчистување на кривично правниот предмет.

Македонија

Намалена видливост поради магла на превоите Стража, Плетвар, Ѓавато..

Објавено пред

на

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

– Намалена видливост поради појава на магла има на планинските превои Стража 80м Плетвар 80м, Ѓавато 100м Маврово 80м, Пресека 50м и Попова Шапка 20м, известуваат од ЈП Македонија Пат.

Прочитај повеќе...

Македонија

СВР Охрид денес реализираше превентивна кампања за безбедно патување во зима

Објавено пред

на

СВР Охрид, преку Отсекот за превенција, денеска (15.11.2024) ја реализира превентивната сообраќајна кампања „Биди подготвен за безбедно патување во зима“. Полициски службеници на неколку локации низ Охрид, во непосредна комуникација со возачите на моторни возила, ги потсетуваа за потребата од почитување на законската обврска за задолжително носење зимска опрема во возилата, која започнува од денеска и ќе трае до 15 март идната година, како и за потребата од строго придржување до останатите одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, посебно во зимски услови при замрзнати и влажни коловози, со акцент на придржување до пропишаната брзина на движење и прилагодување спрема условите и состојбите на патот.

На возачите на моторни возила им беа поделени и едукативни материјали со практични совети за безбедно управување моторни возила во зимски услови.

Во врска со зимската сезона 2024/2025 година, СВР Охрид, на 12.11.2024 година, одржа работен состанок со надлежните субјекти од општините Охрид и Дебрца, одговорни за зимско одржување на улиците и патиштата како и со градежните компании кои, работат на изградба на автопатот Охрид-Кичево.

Целта на состанок беше координација  и дефинирање на предлог мерките за поуспешно дејствување на сите надлежни субјекти повикани за зимското одржување на патиштата и безбедно одвивање на патниот сообраќај во зимски услови, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Македонија

МВР добива нова современа машина за печатење лични документи

Објавено пред

на

Министерство за внатрешни работи
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес беше во одделението за персонализација во МВР каде беше промовирана новата машина за печатење на лични документи.
– „Денес ја пуштаме во употреба новата машина за печатење на лични документи која ја набави министерството за внатрешни работи и која тројно ќе го зголеми капацитетот и ќе го забрза издавањето на издавање на документи. Машината ги печати сите видови картични документи кои ги издава министерството за внатрешни работи како лични карти, возачки дозволи, картички за привремен претстој… Тоа во превод значи нема повеќе гужви какви што гледавме, нема повеќе нарушување на достоинството на граѓаните туку брзо и навремено издавање документи за секој граѓанин. Целосно сме посветени на креирање на брзи и квалитетни услуги за граѓаните преку унапредување и дигитализација на процесите и услугите. Граѓаните заслужуваат да добиваат брзи и ефикасни услуги од своите институции.“, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот Тошковски воедно уште еднаш потсети и апелираше уште еднаш до сите граѓани дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име согласно со промената на законот која беше направена во февруари, e заклучно со 31.12.2024 година и да го искористат преостанатиот период што побрзо да ја обноват својата возачка дозвола.
Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин7 часа

Дали вашиот Android телефон е заразен? Овие 6 знаци откриваат дали има вирус

Новиот тројански вирус „ToxicPanda“ претставува сериозна закана за корисниците на Android уреди. Научете како да препознаете малициозен софтвер и заштитете...

Lifestyle7 часа

Колку долго можете да стоите на една нога? Овој тест открива како стареете

Способноста да балансирате на едната нога може да открие многу за вашето здравје и брзината на стареење. Според ново истражување...

Автомобили7 часа

Како да препознаете дали е вратена километражата на автомобилот? Експертите објаснуваат!

Според годишното истражување на популарната веб-страница CarVertical, во просек, на половни автомобили километражата се враќа по речиси 80.000 поминати километри....

Магазин7 часа

Време е да ја смените лозинката ако ја препознаете на списокот

Ако вашата лозинка се наоѓа на овој список, време е да ја промените. Според страницата „How Secure Is My Password“,...

Магазин7 часа

Warcraft I и Warcraft II добиваат ремастери – ВИДЕО

Гласините за ремастерирањето на Warcraft II се остварија, но со дополнителен изненадувачки елемент. Blizzard одлучи да ја модернизира целата трилогија...

Временска прогноза19 часа

Попоски доцна вечерва издаде уште едно метео предупредување за силен ветер, на планинските места тој ќе достигне брзина до 100 км/ч

Метеорологот Славчо Попоски доцна вечерва издаде уште едно метео предупредување. Имено како што стои во соопштението тој истакна: Од среда...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за понеделник (18 ноември)

ОВЕН Денешниот ден за вас е многу поволен, па може да очекувате дека ќе ги остварите своите цели. Тешко ви...

Скопје21 час

Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

На 16.11.2024 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(31) од Скопје поради сомнение дека на...

Спорт22 часа

Сејдини поднесе оставка од претседател на ФФМ, УО закажа вонредно изборно собрание за 22-ри декември

Предмалку првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија се истакна на социјалните мрежи дека поднел оставка од столчето претседател, односно...

Временска прогноза1 ден

Суво и стабилно до вторник, од среда нов влажен воздушен бран кој ќе донесе повремени врнежи од дожд, додека на планините снег

Стабилното и суво време ќе се задржи само до вторник. Веќе од среда 20.11.2024 па се до крајот на неделата...

НАЈЧИТАНИ