Македонија
ОЈО Гостивар гони повеќе лица за полов напад врз дете
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица за кои постои сомнение дека во повеќе наврати извршиле кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“ од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Како што соопшти вечерва Јавното обвинителство на Република Македонија, детето по наредба на Обвинителството е згрижено од страна на Центарот за социјални работи, а надлежниот јавен обвинител достави предлог до Основниот суд Гостивар за определување краткотраен притвор за трите лица.
Во вршењето на половиот напад учествувале осомничените, но и други лица за кои во моментов се преземаат дејствија за нивно пронаоѓање и идентификација. -Ценејќи дека се исполнети условите предвидени во член 170 од Законот за кривична постапка, а особено земајќи ги предвид видот и висината на запретената кривична санкција – казна затвор од најмалку 12 години за ова кривично дело, надлежниот јавен обвинител достави предлог до Основниот суд Гостивар за определување на краткотраен притвор за трите лица, наведува Јавното обвинителство на Република Македонија.
Детето на возраст од 13 години било во повеќе наврати злоупотребувано од страна на возрасни лица. До овој момент е утврден идентитетот на петмина сторители, од кои тројца се лишени од слобода, за двајца е распишан распис за нивно пронаоѓање. Надлежниот јавен обвинител издаде наредби и насоки за натамошно утврдување на меѓусебната поврзаност помеѓу инволвираните осомничени.
Според првичните информации постои веројатност во предметот да бидат опфатени и други лица. Во моментов согласно на издадена наредба на надлежниот јавен обвинител се вршат бројни вештачења, преку кои ќе бидат обезбедени докази и ќе се добијат насоки за утврдување на фактите во кривично правниот настан. Основното јавно обвинителство Гостивар во континуитет продолжува да презема интензивни активности за целосно расчистување на кривично правниот предмет.
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево22 часа
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за петок (26 април)
-
Кичево2 дена
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Временска прогноза2 дена
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Свет2 дена
Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“
-
Магазин19 часа
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Автомобили23 часа
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?