Следете не

Свет

Најдолгиот стаклен мост на светот е отворен: Првите кој чекореле по него се вкочаниле од страв на 218 метри висина! (ВИДЕО+ФОТО)

Објавено пред

на

“Небесниот” мост е во должина од 488 метри и ширина од 4 метри, има стаклен под и висок е 218 метри.

Во северната кинеска провинција Хебеи завршена е изградбата на најдолгиот стаклен мост на светот и посетителите пред неколку дена ја имале можноста да прошетаат преку него. На свечената церемонија на отварањето на овој мост присуствувале 3.000 туристи.

Како што објавил кинескиот дневен печат “China Daily”, мостот е со должина од 488 метри, ширина од 4 метри, стаклен под и висина од 218 метри.

Овој несекојдневен мост ќе ги поврзува Пингсан и малото туристичко место Хонгјанг.

Во изградбата на мостот искористени се 1.077 стаклени панели, кои се се дебелина од 4 сантиметри. Мостот е тежок 70 тона.

Лидерот на градилиштето кој го нарекува “Небески мост” вели дека мостот има капацитет од 2.000 личности. Но, истотака вели дека ќе биде дозволено истовремено најмногу до 500 личности да поминуваат над него.

Тој изјавил дека мостот има 3,5 пати поголем теретен капацитет од стандардните мостови во Кина. Истотака овој мост може да издржи и земјотрес од 6 степени по Рихтер.

Многумина кои меѓу првите прочекориле над мостот се вкочаниле на средината од мостот, бидејќи чувството да минувате низ овој мост со волкава висина и должина е навистина неверојатно. Но имало и такви кој без никаков проблем си поминале над мостот и уживале во искуството.

Погледнете го видеото:

Свет

(ВИДЕО) Среќна Нова 2025 година од Сиднеј, Австралија

Објавено пред

на

Новата 2025 година беше дочекана и во Сиднеј, со прекрасен огномет кој секоја година во живо го следат се повеќе луѓе.

Од пристанишниот мост беше поставен огномет, а спектаклот на небото во живо го следеа повеќе од милион луѓе.

На приемот настапи британскиот пејач Роби Вилијамс, а музика ќе се користи и во Австралија за да им се оддаде почит на домородните племиња од таа земја.

Тие прво ја дочекаа Новата година на малиот остров Лајн, кој припаѓа на островската држава Кирибати во централниот дел на Тихиот Океан.

Последните населени места за добредојде на 2025 година ќе бидат островите Ниуе и Американска Самоа, лоцирани југозападно од Кирибати во јужниот дел на Пацификот.

Прочитај повеќе...

Свет

Јапонската ракета „Каирос“ откажа неколку минути по полетувањето

Објавено пред

на

Јапонската компанија Space One ја истражува причината за неуспехот на ракетата Kairos, која абортираше по десет минути поради нејзиниот автономен систем за самоуништување.

Јапонската „Спејс 1“ го прекина летот на својата ракета „Каирос“ набргу по полетувањето во средата, што го означи вториот неуспешен обид за девет месеци да стане првата јапонска приватна компанија што испрати сателит во вселената.

Тоа е најновото во низата неуспеси во развојот на ракетите на Јапонија, бидејќи владата се обидува да ја зајакне домашната вселенска индустрија со цел од 30 лансирање ракети годишно до почетокот на 2030-тите. Властите се посветени да ја претворат Јапонија во центар на азискиот вселенски сообраќај.

Вториот лет на Каирос, кој траеше само десет минути, беше прекинат затоа што „да се оствари неговата мисија би било тешко“, рече Space One во е-пошта до новинарите. „Несоодветните поставки за летот го активираа автономниот систем за самоуништување на ракетата, иако не беа пронајдени никакви хардверски проблеми“, рече Space One. Компанијата најави истрага.

Сликите во живо од локалната власт на префектурата Вакајама покажаа дека 18-метарската ракета со цврсто гориво полетала од вселенското пристаниште Кии во западна Јапонија во 11 часот по локално време, но ја губи стабилноста на својата траекторија додека се искачувала.

Ракетата, која се упати во орбитата на надморска височина од околу 500 километри над површината на Земјата, носеше пет мали сателити, вклучително и еден од Тајванската вселенска агенција.

Space One со седиште во Токио е основана во 2018 година од Canon Electronics, воздухопловната поделба на IHI Corporation, градежната компанија Shimizu и банката поддржана од државата, со цел до 2029 година да лансира 20 мали ракети годишно за да се задоволи зголемената побарувачка за лансирање сателити. .

На својот прв лет во март, Каирос, кој носеше јапонски владин сателит, експлодираше пет секунди по лансирањето.

Други неодамнешни јапонски проекти за ракети исто така се соочија со неуспеси.

Јапонската агенција за истражување на вселената (JAXA) го одложи дебитантскиот лет на новата ракета со цврсто гориво Epsilon S, откако нејзиниот тест минатиот месец по втор пат не успеа.

Поголемата ракета H3 на JAXA на течно гориво, исто така, не успеа при нејзиното инаугуративно лансирање во март 2023 година, но нејзините следни три летови оваа година сепак беа успешни.

Во 2019 година, Interstellar Technologies стана првата јапонска компанија која испрати ракета во вселената без товар, но нејзиниот орбитален фрлач Zero сè уште е во развој, пренесува balkans.aljazeera.net

Прочитај повеќе...

Свет

Во Италија стапи на сила новиот ригорозен закон за возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол

Објавено пред

на

Во Италија стапи на сила новиот Закон за патишта. Овој закон, предложен од министерот за транспорт, Матео Салвини, ги заострува казните за користење на мобилни телефони при возење и возење под дејство на алкохол во обид да се спречат сообраќајни несреќи.

Законот ги зголеми казните за користење мобилни телефони за време на возење, во износ од 250 до 1.000 евра и еднонеделна забрана за возење доколку возачот веќе има негативни бодови, пренесе Анса.

Според новиот закон, тримесечна забрана за возење и глоба од 1.400 евра може да се изрече на возачите кои ќе го повторат прекршокот. Казните за возење под дејство на алкохол се движат од 573 до 2.170 евра и одземање на дозволата од три до шест месеци доколку нивото на алкохол во крвта е меѓу 0,5 и 0,8 промили.

На возачите со ниво на алкохол во крвта од 0,8 до 1,5 промили им се заканува парична казна до 3.200 евра, забрана за возење од шест месеци до една година и затворска казна од шест месеци. Доколку алкохолот е поголем од 1,5 промили, казната може да достигне и до 6.000 евра, тоа значи забрана за управување со возило до две години и затворска казна до една година.

Лицата фатени како возат под дејство на дрога се соочуваат со забрана до три години. Според новиот закон, луѓето кои ги напуштаат животните на страната на патот се соочуваат со губење на лиценцата меѓу шест месеци и една година.

Тие ризикуваат и седум години затвор доколку несреќата ја предизвика напуштено животно.

Извор: b92.net

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили5 часа

Греење и ладење на седиштата: Корисно, но претерувањето може сериозно да го загрози здравјето

Греење и ладење на седиштата: Корисно, но претерувањето може сериозно да го загрози здравјето Самото седење во автомобил, особено за...

Lifestyle5 часа

Кога е најдобро да го земате витамин Д – наутро или навечер?

Витаминот Д, познат како „витамин на сончевите зраци“, е од суштинско значење за здравјето на коските, имунитетот и општата благосостојба....

Магазин5 часа

Како да ја зачувате батеријата на вашиот лаптоп и да го продолжите нејзиниот животен век

Ако забележите дека батеријата на вашиот лаптоп брзо се троши, следете ги овие едноставни совети за да го продолжите нејзиниот...

Магазин5 часа

Вака ќе изгледа Samsung Galaxy S25 во сина боја (ФОТО/ВИДЕО)

Се очекува серијата Samsung Galaxy S25 да биде официјално претставена на 22 јануари, а како што се приближува датумот, се...

Магазин5 часа

Apple се откажува од претплатите за iPhone

Apple одлучи да ги прекине плановите за воведување претплати за уредите со iPhone, пренесува Bloomberg. Компанијата првпат ја разгледа оваа...

Автомобили5 часа

Tesla го забележа првиот годишен пад на испораките во историјата

Оваа вест предизвика пад на цената на акцијата за околу седум отсто. Помали бројки и во Европа Tesla го забележа...

Култура16 часа

Дeнот на очекување на радосната вест, денеска е „БАДНИК“, да се помолиме за здравје, среќа, љубов, мир и благосостојба!

Денес е Бадник, додека истражувачите на овие обичаи истакнуваат дека во почетокот Коледе бил празник поврзан со враќањето на Сонцето...

Македонија16 часа

Вечерва регистриран земјотрес во Македонија, епицентарот бил северозападно од Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за понеделник (6 јануари)

ОВЕН Ви одземаат енергија сите ситуации кои не одговараат на вашиот карактер, кога ќе слушнете кавги и расправии вие само...

Автомобили1 ден

Речиси половина од сите нови автомобили во изминатата 2024 година беа претставени од Кина

Иако 2024 година нема да биде запаметена како особено добра година за автомобилската индустрија, производителите продолжија да пласираат нови производи...

НАЈЧИТАНИ