Следете не

Култура

Queen Don’t stop me now прогласена за најсреќна песна во историјата (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Неколку неповрзани истражувања покажаа дека слушањето на весела и динамична музика влијае на расположението на слушателот. А сега, група научници се обидоа да ја пронајдат совршената „среќна песна“.

Невронаучникот Џејкоб Џолиџ креираше формула за откривање среќни песни преку проучување на 126 песни кои беа издадени во период од 50 години.

Британската електронска компанија Alba направи истражување во кое Британците одговараа која песна ги прави да се чувствуваат најсреќни. Кога беа познати резултатите, Џолиџ ја скрати листата на 126-те песни со најмногу гласови и продолжи со анализирање на секоја од нив. Тој го анализираше темпото, октавата и жанрот на секоја од песните, а ги зема предвид и текстовите.

„Шемата беше многу, многу јасна. Просечното темпо на ‘среќната песна’ е значително повисоко отколку кај просечната поп песна. Ако темпото на просечната поп песна е 118 удари во минута (bpm), листата на ‘среќни песни’ имаше просечно темпо од околу 140 до 150 bpm“, пишува во истражувањето на Џолиџ.

Со преку две третини од гласовите и со одобрување добиено од формулата на Џолиџ, најсреќната песна на светот е „Don’t Stop Me Now“ од групата „Квин“.

Откако истражувањето на Џејкоб Џолиџ беше објавено во јавност, тој доби многу негативни коментари и критики, кои го обвинуваа дека резултатот од истражувањето е невалиден.

Поголемиот дел од коментарите се однесуваа на начинот на кој беше направено истражувањето, бидејќи Џолиџ користел само мислења на испитаници од неговата земја. Интернет коментарите велат дека секоја земја си има своја „среќна песна“ и затоа не се сложуваат дека „Don’t Stop Me Now“ е универзален извор на среќа за секого.

Култура

БОГ СЕ ЈАВИ, НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ! – За многу години!

Објавено пред

на

Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан.

Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на Божествената Троица.

Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во вода, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата.

И кога Свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јован 1, 29) и Го потопи и Го крсти во Јордан, со ова се укажа на Христовата мисија во светот и на патот на нашето спасение. Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на родот човечки и под нив умре (пототпувањето) и оживе (излегувањето од водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и преродени. Тоа е Спасителот и тоа е патот на спасението.

Празникот Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветлување. Зашто настанот на Јордан просветлува, прво: покажувајќи ни го Бога како Троица еднобитна и неразделна. И второ: бидејќи секој од крстените во вода се просветлува бивајќи восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух.

Прочитај повеќе...

Култура

Денес е „Водопост“ или „Водокрст“ денот пред „Богојавление“, овие работи треба да ги знаеме

Објавено пред

на

Празникот Водици го менува денот, но датумот не. Се празнува на 19 јануари. Меѓутоа обичаите сврзани со празнувањето на овој Свет ден се врзани за три дена: 18 јануари – Водокрст или Водопост, 19 јануари – Богојавление (Водици) и 20 јануари – Собор на Свети Јован Крстител.

Постојат многу обичаи кои се почитуваат за Водопост, но она што е потребно е да се молиме на Бога и да го поминеме денот во пост. Денот пред Богојавление, верниците одат во црква, палат свеќа, се крстат и ја читаат „Оче наш“. Постот е задолжителен и ригорозен. Кој може, овој ден треба да пости само со леб и вода!

Во православните храмови на Водопост се крсти вода, но и на Богојавление. Оваа света вода се пие само со почит и молитва. Се дава на деца со вера дека ќе ги излечи и заштити.

На овој ден, со молитва во срцето, мајките ќе направат знак на крст со масло на челото на детенцето, а крстената вода ќе ја чуваат во домот и ќе ги мијат децата преку целата година – ако е потребно.

Од Божиќ до Богојавление, наместо со „Добар ден“, соседите се поздравуваат со „Христос се роди“, а на Богојавление или Водици со „Бог се јави“.

За луѓето што се родени на овој ден се верува дека на нивните слаби рамења ја носат сенката на Светиот Крст и затоа се посебно одговорни за своите постапки пред Бога.

Водопост е ден кога треба да се опуштите и да се подготвите за Водици. Време е да престанете да обрнувате внимание на лоши мисли и гласини.

Прочитај повеќе...

Култура

Православните Христијани ја дочекуваат Стара Нова година – „Василица“, вечерва се палат традиционални огнови, а утре се крши пита со паричка, на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Објавено пред

на

YouTube printscreen/video

Православните Христијани, чии цркви го користат Јулијанскиот календар вечерва ја пречекаа Православната нова година, која почнува практично од денес, додека утре е Василица. Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и пита со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили. Сепак како и на секој празник не заборавајте да појдете во црква, да запалите свеќа и да му се помолите на Бог за вас и вашите најблиски.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

Краток прилог од колегите од Телевизија „Стар“ и појаснување зошто се крши паричката на овој ден од, Протојереј Добрица Јанев:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп8 часа

Хороскоп за среда (22 јануари)

ОВЕН Постои можност на деловно поле да добиете помош околу напредувањето кое сте го очекувале. Потребно е повеќе да и...

Автомобили13 часа

(ВИДЕО) „Mazda CX-80“ е прогласен за најдобар голем „SUV“ во својата класа од „Euro NCAP“

Целосно новата Mazda CX-80 е прогласена за најдобар голем SUV во својата класа од страна на Euro NCAP во својата...

Спорт15 часа

Младата футсал репрезентација на Македонија ќе учествува на претквалификациски турнир во Естонија

Младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години, во периодот од 21 до 24 јануари во Силамае, Естонија ќе учествува...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (21 јануари)

ОВЕН Слободно ризикувајте и дозволете му на личноста на која постојано размислувате како се чувствувате и кои се вашите намери....

Гејминг1 ден

„Activision“ истакна загриженост поради големиот број „измамници“ односно корисници кои користат помагала

Свесни дека ги губат најголемите светски играчи, стримери на социјачни мрежи „Activision“ конечно проговори за нивната платформа и ситуацијата со...

Кичево1 ден

Дистрибутерот на „Жито Лукс“ распишува оглас за работници за реон на Кичево, отворени работни позиции во следните категории

Дистрибутерот на „Жито Лукс АД“ – Скопје, водечката компанија во прехранбената индустрија, има потреба од вработување на дополнителен персонал за...

Магазин1 ден

Метју Бол: Можеби новата „GTA 6“ ќе има зголемена цена за разлика од досегашните игри на издавачот

Според аналитичарот на индустријата за видео игри, Метју Бол, постои „надеж“ во индустријата дека GTA 6 ќе чини повеќе од...

Временска прогноза2 дена

Утре брз влажен бран ќе донесе локални врнежи од дожд и снег на планините

Утре (вторник (21.1.2025) од југозапад над Македонија ќе помине еден брз влажен и поладен воздушен бран, поладниот воздушен бран секако...

Македонија2 дена

(ФОТО) Вчера чесниот Крст во Ростуше на река Радика го фати младиот Климент Танески

Денес Црквата Божја торжествува! Денес светот целиот е обновен! Денес водите на Радика станаа како Јордан, а гласот Божји повторно...

Македонија2 дена

Од ноќеска ново поскапување на дизел и бензин горивата, ова е новата цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

НАЈЧИТАНИ