Здравје и убавина
Пивото ќе ги сноси последиците од климатските промени…
Со оглед на зголемувањето на температурите и пролонгираните суши, јачменот кој е главна состојка во пивото е загрозен.
Имено, намаленото количество на жетва несомнено има влијание на суровината, се разбира и на дериватите. Исто како и пивотот.
Во случај на низок пренос на јачмен, пивото би можело да ја зголеми својата вредност за 15%, а тоа секако ќе ја повлече со себе помалата потрошувачка, очекувана за 4% дури и во земјите каде пивото е заштитен знак, како што се Чешка, Белгија и Германија.
“Многу малку од поседите јачмен се одгледува за пиво – околу 17%. Останатите се одгледуваат за сточна храна”, вели професорот по економија на климатските промени во Универзитетот на Нова Англија Дабо Гуан.
Ефектот вели тој, од климатските промени ќе има особено влијание во помалите посиромашни држави, каде се очекува половина милион луѓе да загинат до 2050. година. Во развиените општества ќе станува збор повеќе за социјален проблем и развој на црниот пазар.
Здравје и убавина
Како да направите диетален домашен сок од ананас
Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.
Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.
Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…
Состојки:
– 1 ананас
– 1 лажица ленено масло
– 2 дл. Ладна вода
– малку сок од лимот или лимета
Подготовка:
Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.
Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.
Извор: денар
Здравје и убавина
Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата
Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.
Состојки:
– 2 литри обична природна вода
– 1-2 големи портокали
– 3 киви
– 5 јагоди
– сок од половина лимон или лимета
Начин на подготовка:
Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.
Извор: денар
Здравје и убавина
За побрзо слабеење следните намирници се тие кои треба да ги имате во вашиот фрижидер
„Суперпроизводи“ според нутриционистите како видови на храна се едни од главните фактори за нашето здравје. Заради нивните добри состојки не смеете да си дозволите да ги немате на домашната трпеза, а истата особено се препорачува ако сакате да симнете некој килограм повеќе.
Грав и леќа
Гравот и леќата се дел од најпопуларните производи меѓу нутриционистите. Тие се на добар глас затоа што се богати со протеини, магнезиум, железо и цинк.
Нив можете да ги консумирате на многу начини, како што е во салата или чорба на пример. Ако сакате да симнете некој килограм, диета базирана на мешунки е одличен избор. Ваквата диета ќе ви помогне да го намалите лошиот холестерол.
Сладок компир
Слаткиот компир се смета за храна богата со калории и јаглехидрати и затоа многумина го заобиколуваат. И тука грешат. Нутриционистите советуваат да го консумирате слаткиот компир затоа што е еден од најдобрите зеленчуци. Тој е богат со витамин Ц и бета каротен.
Лубеница
Бидејќи лубеницата е блага, многу луѓе ја одбегнуваат затоа што мислат дека е преполна со шеќер. Напротив, препорачливо е да ја консумирате заради многу причини. Најголемата причина е што е богата со вода и со тоа ја задоволува потребата на организмот за течност.
Домати
Доматите се богати со ликопен кој му помага на организмот во борбата со неколку типови на рак. Добрата вест е што не морате да ги јадете само свежи. Можете и да ги консумирате зготвени, а сепак нема да загубите ништо. Дури можете да консумирате и домати кои се конзервирани.
/denar
-
Кичево2 дена
Пополнета рубрика 2024: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за четврток (21 ноември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (20 ноември)
-
Временска прогноза20 часа
Нашиот регион пред циклон од врнежи од дожд и заладување
-
Култура10 часа
Денеска е Св.Архангел Михаил, на помош празникот на војводата на сите ангели!
-
Автомобили1 ден
Истражување: Возачите најзадоволни од овие автомобилски брендови
-
Автомобили2 дена
Во оваа земја е забрането да се управува автомобил во зимска јакна, причината е едноставна..
-
Автомобили1 ден
Како да го продолжите животниот век на вашиот акумулатор?