Кичево
Организација за посета на Бигорскиот манастир

Почитувани.
По повод манастирската слава ,,Отсекување на главата на Свети Јован Крстител” се организира посета на Бигорскиот манастир.
За таа цел, сите заинтересирани верници, кои сакаат да бидат дел од оваа торжествена прослава, да се пријават во просториите на гратската црква ,,Свети апостоли Петар и Павле” Кичево, во деновите од оваа седмица до 18 часот.
Се оди на 11-09 (вторник), од 07:00 часот од пред гимназијата.
Цената на повратен билет е 300 денари, и истиот се плаќа при запишувањето.За подобра организација,запишувањето ќе биде до 09-09 (недела).
Христос помеѓу нас, браќа и сестри !!!
Кичево
Утре во Кичево се организира бесплатен преглед на очен притисок, бидете дел и спречете го „тивкиот убиец на видот“ – Глауком

Утре 11-ти март (вторник) со почеток од 09:00 до 14:00ч на градскиот плоштад во Кичево по повод „светската недела на Глаукомот“ ќе се реализира Бесплатен преглед на очен притисок, како и оддавање на инструкции во случаеви за понатамошно лекување.
Настанот во соработка со општината е во организација на Универзитетската клиника за очни болести – Скопје и Општата Болница – Кичево, со своите претставници Д-р Дарко Дабески и Д-р Анита Божиноска.
Имено, брзото и навременото дијагностицирање на Глаукомот, како и третман е неопходно за најдобар исход при лекувањето.
Единствениот начин да проверите дали имате глауком е да одите на редовни очни прегледи. Настанот на утрешниот ден е токму таков преглед.
Бидете дел!
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, времен прекин на електродистрибуција ќе има с.Кнежино и неколку кичевски улици, ова се информациите

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре на ден 07.03 – петок, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следниве села и локации од град Кичево:
Кичево
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“

Секоја година, на 8-ми март, целиот свет го слави „Меѓународниот Ден на жената“. Еден вид признание и чест за фундаменталната улога на жената во општеството.
За време на овој посебен ден, изразувајќи благодарност и љубов, но и почит речиси сите подаруваат цвеќиња како вообичаен и значаен гест. Како препорака, ви ги презентираме најубавите цвеќиња кои денес пристигнаа кај нашите партнери „АТВА Маркети“.
Изберете го најубавото цвеќе и изненадете ги најблиските!
„АТВА Маркет“ на добро познатите локации ширум град Кичево, подари цвеќе за среќа!
-
Кичево20 часа
Утре во Кичево се организира бесплатен преглед на очен притисок, бидете дел и спречете го „тивкиот убиец на видот“ – Глауком
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (10 март)
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за вторник (11 март)
-
Македонија18 часа
Дизелот и бензинот со нова намалена цена за литар од ноќеска
-
Здравје и убавина2 дена
Дали сте знаеле за моќниот домашен еликсир против пролетната поленска кивавица?
-
Магазин18 часа
Како правилно да го полните вашиот iPhone за подолг век на батеријата
-
Гејминг18 часа
Подгответе го паричникот – GTA VI може да чини 100 долари
-
На денешен ден1 ден
10 март – На денешен ден