Македонија
Драма во Охрид: Потона педалинка на која се возеле 5 девојчиња, полицијата со детали од истрагата

Три дена по настанот во Охридско Езеро, кога во непосредна близина на плажата Немо потона педалинка, на која биле пет девојчиња од Скопје, кои успеале да скокнат во водата и да се спасат, полицијата по спроведената анкета утврдила дека нема пловидбена несреќа и дека педалинката потонала поради недржење на баланс во водата
Како што објави ВЕЧЕР инцидентот се случи во неделата попладнето кога петте девојчиња од Скопје изнајмиле педалинка за да се прошетаат по езерото, а од изнајмувачот добиле само еден елек за спасување
Како што раскажа таткото на едно од девојчињата, кога тие почнале да се оддалечуваат од брегот, забележале како внатрешноста на педалинката почнала да се полни со вода. Веднаш се вратиле назад и побарале замена, но добиле уверување дека тоа е нормално за да се одржува рамнотежата на педалинката во вода.
Кога биле на оддалеченост на околу 400 метри од плажата, педалинката почнала наеднаш да се полни со вода и да тоне под вода. Преплашени, скокнале од неа и испаничено почнале да бараат помош. Во тој момент пристигнале неколку момчиња, кои биле во непосредна близина на местото каде што се одвивала драмата, како и татко и син, кои успеале да ги качат девојчињата на нивните педалинки, по што сите се упатиле кон брегот.
Извор: ВЕЧЕР
Македонија
Сообраќајно инфо: Намалена видливост поради магла на превој „Стража“

Патна информација до сите кои патуваат преку планинскиот превој „Стража“, особено да внимаваат затоа што има намалена видливост поради појава на магла – 50-80м, додека сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози.
Патувајте безбедно, почитувајќи ја поставената патна сигнализација и прилагодување на возилата према условите на патот.
Пријатен пат!
Македонија
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано оддделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против полициските службеници К.Ѓ., Г.Д., Н.С., И.Г., Д.Д., Д.Д., Н.М., С.С., З.Т. и Д.Т., сите вработени во Единицата за брзо распоредување, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување’’ казниво по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавените, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, искористувајќи го стекнатото право за надомест на патни трошоци, поради тоа што по лична карта се воделе со место на живеење надвор од Скопје, ја злоупотребиле службената положба на начин што примале парични средства од Министерството за внатрешни работи за денови во кои не патувале од своето место на живеење до работното место во Скопје и обратно, со што во периодот 01.12.2023 до 17.09.2024 го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи во вкупен износ од 1.098.120 денари.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за пријавените полициски службеници ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, предмалку информира МВР.
Македонија
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит.
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (април)
-
Временска прогноза12 часа
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Спорт2 дена
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за среда (2 април)
-
Македонија19 часа
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Македонија21 час
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците
-
Македонија2 дена
Убави вести од Министерството за здравство, шест пациенти од трагичниот пожар во Кочани се враќаат дома