Следете не

Без категорија

Поучна приказна: „Сè се враќа, сè се плаќа“

Објавено пред

на

Човекот го подигна погледот бавно. Изгледаше на жена која е многу богата, со нови алишта и никакви проблеми. Тој си помисли дека сака да го исмејува, како и сите други досега.

„Остави ме на мира” – промрмори тој.

На негово зачудување, жената продолжи да стои. Таа се насмевна „Гладен ли си?” го праша. „Не, не сум, одговори тој саркастично, тукушто вечерав со претседателот, сега оди си.” Но одеднаш тој почувствува нежен допир на неговото рамо.

„Што правиш,жено?” одговори гневно. „Ти реков да си одиш.”

Тогаш се појави еден полицаец „Има ли некој проблем госпоѓо?”- праша тој.

Нема никаков проблем, господине, само се обидувам да го застанам човеков на нозе, ќе ми помогнете ли?

Полицаецот ја испружи раката. Тоа е стариот Џек, се врти тука неколку години, зошто ви е?

Го гледате ресторанот онаму? Ќе го однесам таму нешто да јаде и ќе го изнесам од ладново на кратко.

„Ти жено луда ли си?- викаше бездомникот. Но тогаш почувствува дека некој го крена – остави ме полицаецу, немам направено ништо лошо.

Ова ти е добра понуда Џек, не ја пропуштај.

Конечно, со тешки маки го однесоа Џек во ресторанот. Беше тоа време кога појадокот заврши, а ручекот се уште не почнал, гостите беа заминати и немаше многу гужва. Менаџерот дојде на нивната маса.

„Што се случува полицаецу? Дали овој човек е во неволја?

„Оваа жена го доведе овој човек овде да се нахрани” – одговори полицаецот.

„Не овде, викна менаџерот, да имаш тука таков човек е лошо за бизнисот”.

Стариот Џек се насмевна без своите заби, и рече: „Ти реков жено, не ни сакав воопшто да доаѓам овде.”

Жената се сврте кон менаџерот на ресторанот и му рече: „Господине, дали ја познавате фирмата „Еди и партнерите” подоле на улицата?

„Секако, тие одржуваат неделно состаноци во нашите сали.”

„И дали заработувате доволно од храната која се служи на тие состаноци?”

„Јас сум Ана Еди, претседател на таа компанија. Мислев дека тоа ќе направи разлика.”

„Дали би ни се придружиле полицаецу?”

„Не, благодарам госпоѓо, јас сум на должност.”- одговори полицаецот.

„Може еден чај пред да одите? – Може. Одговори полицаецот гледајќи го менаџерот како заминува.” Навистина му покажавте каде му е местото.”

„Немав таква намера. Верувале или не, јас си имам причина за ова.”

Таа седна на масата и го праша нејзиниот зачуден гостин „Џек, дали ме познаваш?”

„Па ми изгледаш познато” – одговори стариот Џек.

„Може сум постара, и може со годините сум поправена за разлика од младите години, кога ти работеше тука, а јас се појавив на таа врата, смрзната и гладна.”

„Госпоѓо…?” не можеше да верува дека оваа убава дама некогаш била гладна.

„Тукушто излегов од факултет, дојдов во овој град да барам работа, но не можев да најдам ништо. Кога снемав пари ме избркаа од станот, одев по улици со денови, беше февруари, ми беше ладно и многу гладував. Го видов ова место и влегов мислејќи дека имам можност нешто да јадам.”

Џек се насмевна. „Сега се сеќавам.” – рече тој. Јас бев позади шанкот и ти се појави и ме праша дали може да работиш нешто за да јадеш, и јас реков дека е против политиката на компанијата.

„Знам, продолжи жената. Тогаш ти ми го направи најголемиот сендвич кој некогаш сум го видела, ми рече да седнам на масата и знаев дека се ќе биде во ред.”

„Па, ти започна ли свој бизнис?”

„Најдов работа истото попладне. Но, потоа почнав свој бизнис кој со Божја помош стана успешен. Таа извади визит картичка и му рече да дојде кај неа на работа, кај заменик директорот да му даде некоја работа во фирмата, и може и аванс за да купи алишта и место за живеење за да застане на нозе.

„Ако некогаш ти затреба нешто, мојата врата е секогаш отворена за тебе.”

Му потекоа солзи во очите на стариот Џек, „Како некогаш да ти заблагодарам? Праша тој.

„Не ми заблагодарувај на мене, туку на Бог. Тој ме доведе до тебе. Фала ти Господе.”

На излегување, пред да се разделат со полицаецот „Ти благодарам за помошта, полицаецу” рече таа.

„Напротив, госпоѓо Еди, ти благодарам тебе, видов денес чудо кое никогаш нема да го заборавам и благодарам на чајот.

Без категорија

Нова луда закана од YouTube: „Ако блокирате реклами, плеерот ќе биде оневозможен“ (ФОТО)

Објавено пред

на

Новата закана на YouTube е дел од продолжувањето на неговата агресивна кампања против блокаторите на реклами и предупредува некои корисници дека плеерот престанува да работи по три блокирани видеа.

Популарната платформа повторно експериментира со кампања против блокирање реклами за да ги принуди корисниците да се префрлат на платената услуга „YouTube Premium“. Некои корисници пријавиле дека додека го користеле, добиле закана од YouTube во скокачки прозорец со предупредување дека плеерот ќе биде блокиран по три видеа ако продолжат да користат блокатори на реклами.

Исто како и во претходното тестирање за забрана за блокирање реклами, скокачкиот прозорец понуди „објаснување“ што требаше да го оправда потегот. Имено, платформата посочува дека рекламите ја прават услугата достапна за милијарди корисници ширум светот, а со платената верзија, рекламите исчезнуваат додека креаторите на содржини продолжуваат да заработуваат.

Претходните скокачки прозорци само ги предупредуваа корисниците дека екстензии на веб-прелистувачи за блокирање реклами не се дозволени на платформата и дека се против условите за користење. Меѓутоа, бидејќи не многу луѓе го пријавиле проблемот, се чинеше дека експериментот можеби нема да започне.

Прочитај повеќе...

Без категорија

Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?

Објавено пред

на

Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.

Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.

Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.

Извор: 9to5mac

Прочитај повеќе...

Без категорија

Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!

Објавено пред

на

Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.

Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.

Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт2 часа

Пламенот на Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Париз, официјално предаден на организаторите на игрите

Пламенот на Олимписките игри, кои летово ќе се одржат во Париз, вчера беше официјално предаден на француските организатори на Игрите...

Хороскоп4 часа

Хороскоп за сабота (27 април)

ОВЕН Не се опуштајте премногу, особено ако имате впечаток дека имате целосна контрола врз вашиот живот и настаните што ве...

Социјални мрежи5 часа

Врховниот суд и даде рок на социјалната мрежа „Х“ (твитер) да се изјасни зошто не ги почитува пресудите

Врховниот суд на Бразил ѝ даде рок на платформата Х (Твитер) до петок да објасни зошто не ги почитува претходните...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (26 април)

ОВЕН  Ако денес планирате патување или треба да се справите со авторитети, внимавајте да не ги прекршите правилата. Некој ќе...

Магазин1 ден

Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери

Qualcomm ги промовира двата чипсети како врвни решенија за вештачка интелигенција, нагласувајќи дека тие ги имаат најбрзите NPU за лаптопи...

Кичево2 дена

Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди

Возљубени наши пријатели, на наша чест, преку нашиот медиум ве информираме дека на ден 27.04.2024г. (сабота), по повод празникот на...

Автомобили2 дена

Електрични возила и губење на вредноста

Размислувате за купување на електрично возило, но не сте сигурни за неговата препродажна вредност? Новото истражување открива дека додека постарите...

Автомобили2 дена

Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?

Првично, трошоците за одржување беа ниски и слични за повеќето брендови. Consumer Reports подетално ги разгледа трошоците за одржување на...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (25 април)

ОВЕН Можеби се запрашувате какви обврски ве очекуваат на работно поле. Не ви е лесно да дојдете до извесност кога...

Временска прогноза2 дена

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите...

НАЈЧИТАНИ