Следете не

Живот и стил

Родителска рубрика: За мајките кои имаат синови

Avatar

Објавено пред

на

Има многу животни правила кои родителите треба да ги пренест на своите деца – да бидат љубезни, да не фрлаат ѓубре, да веруваат во себе, но некои од нив се исклучиво само за момчиња. Еве што мајките треба да ги научат своите синови пред да пораснат…

Во ред е ако не си спортски тип. Не е спортот за сите мажи. Некои го сакаат, некои едноставно не се за тоа. Ако не сакаш да се занимаваш со спорт, пронајди нешто друго во што ќе уживаш и ќе бидеш среќен.

Научи да готвиш и да чистиш. Верувај, за ова еден ден ќе ми бидеш благодарен. Ќе знаеш да се грижиш за себе, а сите твои партнерки ќе ти бидат благодарни бидејќи си ги совладал сите техники на преживувањето. Ова те става на листата на посакувани мажи. Немој да бидеш насилник! Немој да бидеш маж кој користи физичка сила за да демонстрираш моќ или пак да понижиш некого. Биди секогаш маж кој ќе им помага на послабите.

Користи презерватив. Немој да правиш деца освен ако… не си врска со жена која тоа го сака и сто проценти си уверен дека можеш да ја превземеш одговорноста за тоа суштество. Или барем тоа навистина го сакаш.

Не, значи не. Никогаш не преиспитувај што значи не. Прифати го одговорот и продолжи понатаму.

Биди нежен. Малите момчиња сакаат да се мазат, бакнуваат и прегрнуваат. Немој никогаш да го изгубиш тоа. Кога ти е тешко да се изразиш, прегратката е посилна од секој збор. Пријателот ти е загрижен. Прегрни го. Девојката ти е тажна. Прегрни ја.

Животот не е каталог на “Викторија Сикрет”. Повеќето жени не носат спарени градници и гаќички. Вистинските гради паѓаат на страна кога жената ќе легне и не се сосема еднакви. Вистинските жени не се фотошопирани убавици. Стриите се составен дел од животот. Исто како и целулитот, вишокот на килограми и влакненцата.

Побарај ме. Нема засекогаш да живееме под ист покрив и многу често ќе ми недостасуваш. Знам дека ќе бидеш возбуден заради новиот живот, независноста, слободата, но сакам да ти го слушнам гласот – барем еднаш во неделата.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Живот и стил

Тешко станувате на утро? Еве неколку трикови за надминување на личниот проблем

Avatar

Објавено пред

на

Доколку ви е тешко станувањето рано при тоа многу често доцните на работа треба да знаете дека тоа не е само навика или неодговорност, туку причината може да биде и генетска.

Нашиот внатрешен часовник, поради кој ни е лесно и тешко да легнеме порано и да станеме рано наутро, дефиниран е во нашите гени. Научниците утврдиле дека дури 7 гени се вклучени во овој механизам кој не зависи од нашата волја.

Тие исто така утврдиле дека учесниците во истражувањето, кои себе се опишале како утрински типови на луѓе, имале многу помалку проблем со несоница, сосема им било доволно 8 часа сон секоја ноќ, како и тоа дека овие луѓе имаат помалку ризик од депресија отколку луѓето кои себе си се опишале како “ноќни типови” .

За оние кои гените ги успиваат наутро еве неколку трикови како да станете на време.

– Оставете го будилникот малку подалеку од дофат на раката за да мора да станете од кревет и да го исклучите. Големи се шансите ако ви е на дофат на рака веднаш да го исклучите и да продолжите да спиете.

– Отворете ги темните завеси навечер пред да си легнете. Наутро кога ќе влезат сончевите зраци во спалната соба ќе ви биде уште еден знак дека треба да станете. Друг начин да го постигнете ова е да си набавите од оние будилници кои освен звук емитираат и сончева светлина. Ова е одлична опција за во зимските денови кога се разденува малку подоцна а треба да станете пред да изгрее сонцето.

– Немојте да се туширате непосредно пред да си легнете. Туширањето знае да ве расони па после потешко да заспиете. Најдобро е да си направите топла купка барем еден час пред да си легнете, а уште подобра варијанта е да се истуширате наутро, така сигурно ќе се расоните.

– Помалку консумирајте алкохол и кофеин. Понекогаш на крај на работниот ден за опуштање знаеме да се напиеме чаша вино или некој друг алкохолен пијалок. Но ако знаете дека мора да станете наредното утро рано а при тоа да бидете наспани и одморени заборавете на кофеинот и на алкохолот. Наместо тоа напиј те се топол чај од камилица или некој друг чај од билки, уште наредното утро ќе ја воочите разликата.

– Напијте се чаша вода веднаш по станувањето. Најдоброто нешто наутро е да се напие чаша вода на празен стомак. На овој начин вашето тело ќе биде хидрирано и ќе активира  метаболизмот што ќе ви даде дополнителна енергија. Водата, исто така, ќе ви помогне да се разбудите и да се освежите по долгата ноќ без вода.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

20 реченици за поквалитетен живот, позитивен ден, кои се позитивна страна во тешки ситуации, тага, немир, осаменост..

Avatar

Објавено пред

на

Овие едноставни реченици нè потсетуваат дека е лесно да се нагласи позитивното во секој ден и да се ужива …

И ако не верувате во законот на привлечноста, според кој негативната енергија носи негативно влијание врз дизајнот на вашата реалност, привлекување на токму она што не сакате да ви се случува, ќе биде поубаво ако се подигнат вашите вибрации на позитивен израз.

Позитивна фраза која лесно можете да ја вметнете во вашиот секојдневен разговор може да го подобри квалитетот на вашиот живот.

Како да се најде позитивна страна во тешки ситуации: совети за моменти на осаменост, тага и немир …

1. Денот е преубав.

2. Времето е убаво.

3. Сакам кога _____________.

4. Благодарен сум за ____________.

5. Сè функционира совршено.

6. Баш е драг / драга.

7. Јас навистина го ценам / благодарам за __________.

8. Се чувствувам одлично.

9. Јас сум толку возбуден/а.

10. Тоа е фантастично!

11. Значи, јас сум навистина горд/а на __________.

12. Јас навистина го/ја сакам ___________.

13. Јас сум толку среќен поради ___________.

14. Имам најдобар / најдобра _________________.

15. Тоа ме натера да се смеам.

16. Денес беше добар ден.

17. Ти благодарам.

18. Вие сте добар пријател, сопружник, дете, итн.

19. Тоа е навистина смешно!

20. Не можам да дочекам да ___________.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

Три начини како да трошите повеќе калории со трчање

Avatar

Објавено пред

на

Дали некогаш трчајќи на лента во теретана сте се запрашале зошто толку бавно трошите калории? Ако вашиот одговор е потврден, време е нешто да промените во начинот на вежбање.

Тренерот Давид Сик открива како да согорувате повеќе калории на лената за трчање.

1. Користете ја опцијата за нагорнина

„Комбинацијата од стрмна патека и брзина ќе ви помогне за побрзо согорување на калориите“, вели Сик. Стрмнината и спринтот активираат повеќе мускули, што значи дека трошите повеќе калории.

2. Комбинирајте HIIT и LISS вежби

Истражувањата покажаа дека HIIT (интервален тренинг со висок интензитет) согорува неверојатни количини на калории во краток рок, но Сик вели дека не би требало да сме концентрирани само на овој тип на тренинг. Трчањето на лента треба да се комбинира и со LISS (стационирана состојба со низок интензитет), како и со кардио вежби за телото да биде во рамнотежа.

3. Проверете го пулсот

Тренерот Сик вели дека е важно да се забрза пулсот за вежбањето да биде ефективно. Важно е мудро да организирате кратки одмори, во текот на кои вашиот пулс ќе се нормализира.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 10 часа

Хороскоп за денес (30.05) сабота

ОВЕН Може да очекувате промени на деловно поле. Се разочаравте во саканата личност. Пред вас е период во кој ќе...

КичевоПред 18 часа

Во моментов во домашна изолација се 24 лица од Кичево

Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, моментално во изолација се 119 лица (Охрид-47, Струга-48, Кичево-24). Врз...

КичевоПред 18 часа

Во Кичево пронајдена не експлодирана минофрлачка мина во подрум

Вчера на ден 28.05.2020 во Полициската станица Кичево, В.М.(52) од Кичево пријавила дека на 24.05.2020 во подрумските простории во нејзиниот...

МакедонијаПред 21 час

52 лица ново регистрирани како позитивни од Ковид-19, се очекува прес на Министерството за здравство

За во 13:30 часот е закажана прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче на која се очекуваат детали околу состојбата...

МакедонијаПред 21 час

Студенти од втора година на „ФИНКИ“ направија анкета дали во пандемијата со „Коронавирус“ луѓето масовно пазаруваат во маркетите и пазарите

Група студенти од втора година од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство направија анкета за тоа дали луѓето масовно...

ЗабаваПред 1 ден

(ВИДЕО) Русите дефинитивно знаат како да комбинираат „Јога и Пиво“, погледнете..

Марина Вовченко од Москва е инструкторка по јога и води група од 25 луѓе, коишто го обожаваат нејзиниот уникатен метод...

МакедонијаПред 1 ден

АМСМ: Времен прекин во сообраќајот кон Охрид поради минирање

АМСМ известува дека денес 29.05.2020 петок на патниот правец Кичево – Охрид кај с.Врбјани порaди работи на пат (минирање) во...

Живот и стилПред 1 ден

Тешко станувате на утро? Еве неколку трикови за надминување на личниот проблем

Доколку ви е тешко станувањето рано при тоа многу често доцните на работа треба да знаете дека тоа не е...

Временска прогнозаПред 1 ден

Релативно свежо време со повремен дожд и сончеви периоди

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд. Попладне ќе има услови...

ХороскопПред 1 ден

Дневен Хороскоп (29.05) петок

Овен  Постојат неочекувани проблеми кои го нарушуваат вашиот секојдневен ритам, но со дополнителна упорност може да ги остварите своите професионални...

НАЈЧИТАНИ