Македонија
Ова се новите правила за увоз на половни автомобили

Ве информираме дека Царинската управа на Република Македонија започна со нов начин на утврдување на царинската вредност при увоз на употребувани патнички, комбинирани и лесно доставни товарни возила и мотоцикли (во понатамошниот текст: употребувани моторни возила), пишува customs.gov.mk
Проценката на вредноста на употребуваните моторни возила се врши со користење на електронскиот каталог SchwackeNet, а не како досега со каталози во хартиена форма од постар датум.
Царинењето на употребуваните моторни возила и понатаму ќе се врши по месна надлежност во царинските испостави кои се определени за увозно царинење на моторни возила и тоа:
во Царинарница Скопје (ЦИ Скопје 1, ЦИ Скопје 2, ЦИ Скопје 3, ЦИ Блаце и ЦИ Тетово), во Царинарница Куманово (ЦИ Куманово и ЦИ Деве Баир), во Царинарница Штип (ЦИ Штип, ЦИ Делчево и ЦИ Велес), во Царинарница Гевгелија (ЦИ Гевгелија, ЦИ Кавадарци, ЦИ Струмица и ЦИ Ново Село) и во Царинарница Битола (ЦИ Битола, ЦИ Меџитлија, ЦИ Прилеп, ЦИ Охрид и ЦИ Струга).
Пребарувањето во електронскиот каталог ќе се врши од страна на царински службеник во секоја од наведените царински испостави, одговорен за пребарување во електронскиот каталог. Пребарувањето ќе се врши исклучиво врз основа на поднесена декларација за увозно царинење на употребувано моторно возило со внесување на бројот на шасија во системот.
На овој начин, со воведување на овој електронски систем на пребарување по број на шасија, пребарувањето ќе биде брзо, едноставно и транспарентно, а истовремено и воедначено на целата територија, со што се исклучени било какви ненамерни грешки или субјективен фактор при утврдувањето на вредноста на употребуваните моторни возила.
При поднесување на царинска декларација за увоз на употребувани моторни возила нема да се наплаќа надоместок за пребарување во електронскиот каталог, односно ниту увозниците, ниту нивните застапници нема да поднесуваат барање за проценка на вредноста на употребувани моторни возила и нема да подлежат на никакви трошоци поврзани со пребарувањето во електронскиот каталог.
Трошоците за пребарување во електронскиот каталог се на товар на Царинската управа на Република Македонија.
Истовремено, престанува и досегашната обврска за задолжително фотографирање на секое употребувано моторно возило при неговото увозно царинење, објави customs.org.mk
Македонија
МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.
Македонија
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.02.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,50 ден/лит.
Македонија
Фрапантни податоци на сообраќајни прекршоци за месец февруари

Во текот на минатиот месец (февруари 2025), како резултат на планските континуирани сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, од сообраќај вкупно беа отстранети 2.059 возачи што управувале возила без возачка дозвола, 617 возачи кои возеле под дејство на алкохол, додека пак дури 7.473 возачи добиле прекршочни казни заради возење со поголема брзина од дозволената.
Од вкупниот број издадени платни налози, а тој за февруари месец изнесува 23.844, 1.508 платни налози се однесуваат на некористење сигурносен појас, 766 за користење на мобилен телефон при возење, а санкционирани се и 475 пешаци. Најголем број од прекршочните пријави се за неправилното паркирање 5.746 прекршоци.
Инаку, во рамки на засилените контроли за деновите од изминатиот викенд (01/02.03.), според статистичките показатели, полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР изрекле вкупно 1.278 платни налози и притоа без возачка дозвола биле затекнати 126 возачи, а пак 144 возачи возеле под дејство на алкохол.
Исто така, евидентирани се и 238 прекршоци по основ на пребрзо возење, 79 лица не користеле сигурносен појас, 37 возачи користеле мобилен телефон, 14 минале на црвено светло, а прекршочно биле санкционирани и петмина пешаци, информира МВР.
-
Кичево2 дена
Следните кичевски улици и села утре и во вторник ќе имаат прекин во електрична енергија поради работа на „ЕВН КЕЦ Кичево“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (3 март)
-
Временска прогноза2 дена
Од среда на повидок пролетни дневни температури, вакво време не очекува оваа седмица
-
Кичево16 часа
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за вторник (4 март)
-
Македонија2 дена
Лишен од слобода возач кој под дејство на алкохол удри пешак синоќа во Скопје, одземено му е возилото
-
Култура2 дена
Денеска е „Прочка“ ова се верувањата и обичаите за овој голем ден
-
Македонија21 час
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена