Македонија
(ФОТО) Прилепчанец со 100 ден фатил над 2,5 милиони денари во „Mozzart“, еве го добитниот тикет

Постојано играм во обложувалници, а ова е мојата најголема добивка досега. Најчесто играм со по 100 денари“, ни откри Владомир Ристески, кој среќникот што погоди 20 натпревари на уплатеното ливче
Кој игра, тој има шасни да добие. Ова е мотото на Владимир Ристески од Прилеп, барем кога се работи за играњето во обложувалница. Изминатиов викенд, Ристески имаше многу причина за радост. Toj е добитник на неверојатни 2.567.111 денари, благодарение на тикетот уплатен во обложувалницата „Моцарт“. Сумата од дури 40.000 евра, Владимир ја добил благодарение на уплатени само 100 денари.
Таму лимитот за најголема исплата е најголем. Постојано играм уште од времето кога прв пат се појавија обложувалниците кај нас. Најчесто тоа се тикети со по 100 денари, како што беше и тој што го погодив во саботата. Строго играм само на фудбалски мечеви, а на тикетот кој ми донесе најмногу радост имав уплатено 20 пара“, ни открива 35-годишниот Владимир.
На добитното ливче има мечеви од повеќе европски лиги кои се играле во петокот и саботата. Интересно е тоа што во саботата, во исто време му се играле дури 8 натпревари, сите од 16 часот. За сите 20 натпревари било исто. требало да има 1 до 2 гола во првото полувреме.
„Не практикувам да чекам еден меч како последен. Во саботата од 16 часот ми се играа последните 8 меча. Веќе до 20 минута на сите имаше по еден гол и тоа беше доволно, бидејќи барав да има 1-2 гола во првото полувреме. До 40 минута на три средби паднаа уште по еден гол и последните неколку минути се тресев да не дадат и трет гол на тие дуели. За моја среќа тоа не се случи и ливчето е добитно“, ги објаснува најстресните моменти во својата обложувачка кариера, Владимир, кој работи во мермерниот комбинат во Прилеп, пишува Спортмедиа.мк
Ова е убедливо најголемата добивка која досега ја има добиено Владимир, но не планира да застане тука.
„Пред два месеци бркав да го добијам џипот кој го даваа во „Моцарт“, но не успеав. Сепак сега со оваа добивка ќе има пари и за џип. Во „Моцарт“ е одлично тоа што има големи бонуси. На тикетот бонусот беше 150 отсто, па затоа само од бонусот добив 1,7 милиони денари. Ова е најголемата добивка која ја имам освоено. Претходно најмногу имам фатено 60.000 денари. Продолжувам да играм во „Моцарт“ и се надевам на нови добивки“, вели за Спортмедиа Владимир, кој на крајот им порача на сите да играат во „Моцарт“, бидејќи никогаш не се знае кога ќе се насмее среќата, бидејќи старото правило вели за Спортмедиа дека „Тој што игра – добива, тој што не игра не може да добие“.
За потсетување, обложувалница Моцарт нуди добивка и до 5 милиони денари на тикети кои имаат до 29 парови, а за тикети над 30 парови, добивката може да достигне и до неверојатни 10 милиони денари. Зависно од бројот на парови, бонусот достигнува и до 1000 проценти, пишува Спортмедиа.мк
Македонија
Засилени сообраќајни контроли на МВР, вкупно 682 санкции за возачи, 68 од нив биле за возење без возачка дозвола

Со бројката од вкупно 682 издадени платни налози за сторени прекршоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила беа заокружени вчерашните (05.03.) интензивни и плански активности на полициските службеници при МВР во делот на сообраќајните контроли на патиштата низ земјава.
Притоа, во рамки на посочената бројка, а по основ на преовладувачките прекршоци што ги прават учесниците во сообраќајот – неправилно паркирање и возење со брзина поголема од дозволената, беа евидентирани 204, односно 136 прекршоци. Покрај ова, без возачка дозвола регистирани беа 68 возачи, потоа 63 учесници во сообраќајот беа санкционирани за некористење сигурносен појас, а 27 – за користење на мобилен телефон при возење.
Исто така, според статистичките податоци, во пет случаи возачи минале на црвено светло, во четири случаи кај возачи било утврдено возење под дејство на алкохол, 11 возачи на моторцикли се санкционирани заради неносење заштитен шлем, а санкционирани биле и 22 пешаци.
По основ пак на Законот за возила 17 возила се отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани, а девет заради техничка неисправност, информира МВР.
Македонија
МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.
Македонија
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.02.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,50 ден/лит.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (5 март)
-
Временска прогноза2 дена
Нашата територија ќе биде во температурна „аномалија“ во следните десеттина дена, ќе имаме голем пораст на дневните температури, невообичаено за месец март
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за четврток (6 март)
-
Lifestyle2 дена
Со „Минт Травел (ЈК Травел)“ вашето совршено „Лето 2025“ на неверојатни 10 рати без Камата!
-
Автомобили1 ден
Како да го спречите гадењето при возење?
-
Спорт21 час
Новото раководство на ФФМ со плодна работа уште на старт, конечно стартува онлајн платформа за продажба на влезници за претстојните натпревари на репрезентацијата
-
Магазин1 ден
Конечно потврдено: Samsung го открива датумот кога ќе пристигне стабилната верзија на One UI 7
-
Магазин1 ден
Едноставно решение за преполни iPhone: ослободете гигабајти без бришење фотографии и видеа