Хроника
Обдукцијата врз починатиот старец од с.Црвевци – кичевско тврди дека настрадал од насилна смрт – давење
Во текот на вчерашниот ден, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево заедно со службени лица од полицијата, по пријавен настан вршеше увид на лице место во семејна куќа во село Црвевци, кичевско каде беше пронајдено починато лице.
Починатиот, 75-годишен жител на селото живеел сам во куќата. Поради сомнение за причините за смртта која настапила кај лицето, јавниот обвинител нареди обезбедување на трагите на лице место и вршење обдукција на телото на починатиот. Од обдукцијата произлезе дека починатиот настрадал од насилна смрт – давење.
Во насока на целосно расчистување на кривично правниот настан, денеска по издадена наредба на обвинителството повторно се врши увид на лице место со цел прибирање траги и докази од местото каде е извршено кривичното дело.
Извор: МВР[sg_popup id=”25241″ event=”onLoad”][/sg_popup]
Хроника
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
На 17.04.2024 во 19.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с.Ново Село, кумановско, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.З.(20) од Куманово, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, известуваат од МВР.
Хроника
Замина големиот другар, легенда, најдобриот боди билдер кои го познававме Мирко, почивај во мир другарче, прерано замина!
Почина познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер, Мирко Петровски. Веста на социјалните мрежи ја сподели познатиот музичар Панчо.
– Сѐ уште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да не оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. Денес изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Couch мој, на поубаво место си секако каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир.
Ќе те памтам како добар човек и лојален другар. Вечна ти слава Мирко Петровски – напиша тој на нивната заедничка фотографија.
По трагедијата се огласи и Зоран Паљо Лазаревски, кој со тага ја соопшти веста.
„Многу жално прерано замина Спортист татко другар. Никој незаслужва да замини пред време секој треба да доживее длабока старост Вечен мир Мирко“ – напиша тој.
Хроника
МВР: Детали за стравичната сообраќајка која го потресе Кичево и регионот, каде загина едно лице
На 01.03.2024 во 18.20 часот во полициската станица Кичево, пријавено е дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај селото Колари, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(46) од Скопје, излетало од коловозот.
Притоа, тој од здобиените повреди починал на местото на настанот а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош а со тешки телесни повреди, се здобила малолетна сопатничка, констатирани во болницата во Кичево.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кичево, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево1 ден
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за петок (26 април)
-
Автомобили1 ден
Електрични возила и губење на вредноста
-
Магазин1 ден
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Автомобили1 ден
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?