Следете не

Спорт

Салах им се извини на навивачите за неуспехот

Објавено пред

на

Египетскиот репрезентативец Мохамед Салах им се извини на навивачите за неуспешните резултати на Светското првенство.

Египќаните го завршија турнирот на последното место во групата А без ниту еден освоен бод.

– Ние би сакале да им се извиниме на сите Египќани кои дојдоа да не поддржат. Знам дека сега им е тешко. Само сакам да кажам дека сме на Светското првенство за првпат по 28 години. Некои играчи немаат доволно искуство. Ќе се вратиме во 2022 година, нагласи Салах.

Египет вчера загуби од Саудиска Арабија со 2:1 и со три порази на исто толку средби го завршија Мундијалот.

Спорт

Македонската репрезентација до 17 години поразена од Србија, додека повозрасните одиграа нерешено со Унгарија

Објавено пред

на

Репрезентацијата на Македонија до 18 години и на вториот контролен натпревар против Унгарија во Ѓер одигра нерешено 2:2.

Двете селекции отворено го започнаа натпреварот, тоа резултираше со брз гол на домашните фудбалери уште во шестата минута од средбата. Стрелец на погодокот беше Даниел Наџи Колозвари.

Македонија успеа да погоди за израмнување во 33. минута со голот што го постигна Бесар Гуџуфи. Две минути подоцна нов погодок за нашата млада селекција. Никола Павлевски погоди за пресврт и предност од 2:1. Одигравме одлично прво полувреме, бевме подобар противник и заслужено имавме предност.

Во продолжението, унгарците одиграа многу подобро, нашата репрезентација се повлече, но не успеа да го одбрани водството. Репрезентацијата на Унгарија со погодок во 80. минута успеа да го изедначи резултатот преку Бенце Фабиан и да ги постави конечните 2:2.

Најдобрата можност за нас во вториот дел ја имаше Бесар Гуџуфи, но за жал не беше прецизен.

Унгарија до 18 години – Македонија до 18 години 2:2 (1:2)

МакедонијаВаско Василев, Никола Павлески, Марко Ристов (Христијан Поп – Антовски 65’), Борјан Попоски (Давид Љусев 73’), Енис Буќи, Матеј Ангелов (к), Матеј Ѓорѓиев (Давид Дебрешиловски 53’), Бесар Гуџуфи, Игор Јаневски (Марко Тренески 65’), Максим Милошевски, Атдхе Кадриу (Ерион Шуку 53’);

Резерви: Ерион Шуку, Марко Тренески, Марко Софијаноски, Наум Ангелов (Г), Христијан Поп – Антоски, Хамза Меметриза, Арбнор Мурати, Давид Љусев, Давид Дебрешлиовски;

Првиот меч заврши со резултат 1:1.

Што се однесува до репрезентацијата до 17 години, таа загуби со 5:0 од селекцијата на Србија во рамки на последниот натпревар од турнирот што се ораганизираше во Скопје за фудбалери до 17 години.

Високиот пораз е нереален и не ја отсликува вистинската слика за играта на двата тима.

Промашивме пенал, досуден пенал за противникот од сомнителна ситуација при 0:0, погодивме пречка и статива, а не реализиравме уште неколку добри шанси.

Србија поведе со 1:0 во 24. минута преку Мирко Николашевиќ. Нашиот голман Стојановиќ го одбрани досудениот пенал, но одбиената топка Николашевиќ ја смести во мрежата. Истиот фудбалер стрелаше прецизно и во 60. минута за зголемување на предноста на 2:0.

Најдобрата шанса ја имавме кога Богдановски ја погоди пречката по центаршут на Јаневски, а во 68. минута статива на Ѓоргиевски по удар од 20-на метри. Во 70. минута, Ѓорѓиевски не успеа да реализира пенал.

Две минути подоцна Матеа Бубањ зголеми на 3:0. Во 84. минута пенал за Србија, Александар Станковиќ беше сигурен од белата точка и зголеми на 4:0. Конечните 5:0 ги постави Стефан Џоџиќ во последната минута од средбата.

Македонија до 17 години: Давид Стојановиќ, Андреј Аризанкоски, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Матеј Јаневски, Мартин Ѓорѓиевски (к), Адриан Зенделовски, Никола Манојлов, Кире Стојанов, Мухамед Елмас , Зани Назифи;

Резервни фудбалери: Самоил Талевски, Бехар Серани, Симеон Здравковски, Анес Мелиќи, Хадис Таири, Давид Саботковски, Амир Нухија, Азис Јамини, Александар Богдановски, Енес Фидани; Селектор: Тони Јакимовски

Македонија на првиот натпревар од подготвителниот турнир триумфираше со 2-1 против Кипар.

Прочитај повеќе...

Спорт

Кај македонските фудбалски репрезентативци до 17 години владее позитивна енергија пред мечот со Србија

Објавено пред

на

Македонската репрезентација до 17 години предводена од селекторот Тони Јакимовски денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” се подготвуваше за утрешниот натпревар против Србија во рамки на контролниот турнир што се одржува во Скопје.

Нашите млади фудбалери во воведното коло од турнирот славеа победа со 2:1 против Кипар. Марко Стојилевски и Зани Назифи беа стрелци на головите.

Даниел Марковски, фудбалерот на Хелсинборг и член на младата репрезентација на Македонија е задоволен од прикажаната игра против Кипар.

– „Одигравме одличен натпревар против Кипар, но секогаш има простор за напредок, секогаш може подобро. На теренот делувавме одлично како колеткив, бевме подобра екипа, сосема заслужено остваривме победа. Утре играме против Србија, репрезентација која има голем квалитет, очекувам тешка средба со многу борба и отворена игра. Се надевам дека ќе оствариме нова победа“.

Капитенот Марко Ѓорѓиев вели дека оваа репрезентација на Македонија посакува учество на Европско првенство.

– „Нашата желба и цел е да обезбедиме учество на Европско првенство. Играме долго време заедно и одлично се познаваме. Овој контролен турнир претставува подготовка за она што не очекува во октомври, а тоа се квалификациите за пласман во елитната фаза. Одигравме добар натпревар со Кипар, се надевам дека повторно ќе бидеме на посакуваното ниво и на утрешниот дуел со Србија“.

Нашите фудбалери во октомври ги очекуваат квалификации за пласман во елитната фаза за Европско првенство. Во нашата група се Република Ирска, Полска и Андора.

Прочитај повеќе...

Спорт

Андонова: Не очекуваат два тешки натпревари. Шансата ќе ја бараме против селекцијата на Австрија

Објавено пред

на

Женската А репрезентација на Македонија денеска го одработи последниот тренинг пред заминувањето за Англија за воведниот меч од квалификациите за Светското првенство 2023. Нашата женска селекција против Англија, топ фаворит во групата ги започнува европските квалификации за мундијалот во Австралија и Нов Зеланд.

Против англичанките играме на 17. септември во Саутемптон, а четири дена подоцна на Националната арена „Тодор Проески” ќе се спротиставиме на селекцијата на Австрија.

Капитенот на женската А репрезентација на Македонија и член на шпански Леванте, Наташа Андонова вели дека шансата за остварување на поволен резултат треба да ја бараме во дуелот со Австрија пред домашната публика.

– “Не очекуваат два натпревари против силни репрезенетации. Селекцијата на Англија е апсолутен фаворит во групата, ќе биде многу тешко да се игра против нив. Австрија не е на рамниште со квалитетот како Англија и сметам дека шансата за освојување на бодови треба да ја бараме на тој меч. 

– Секогаш се обидувам да гледам реално на работите, така и овој пат. Мислам дека не треба да очекуваме некакво чудо во овие квалификации, треба само да продолжиме напорно да работиме и да ги слушаме советите од нашиот селектор. Објективен проблем претставува фактот што во овој состав на Македонија има фудбалерки претежно од домашното првенство кои немаат големо маѓународно искуство за разлика од другите селекции. 

– Работевме напорно овие неколку дена, имаме одлична комуникација со селекторот, позитивни сме, владее одлична атмосфера и ќе пробаме сето тоа да го искористиме за што подобро да одиграме на овие два натпревари“. 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 1 час

Коронавирус денеска, вкупно 557 новозаболени, починале 28 пациенти

Во последните 24 часа се направени 3.885 тестирање, а регистрирани се 557 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 268...

СпортПред 5 часа

Македонската репрезентација до 17 години поразена од Србија, додека повозрасните одиграа нерешено со Унгарија

Репрезентацијата на Македонија до 18 години и на вториот контролен натпревар против Унгарија во Ѓер одигра нерешено 2:2. Двете селекции...

На денешен денПред 20 часа

На денешен ден (16 септември)

1380.- Умре францускиот крал Шарл V Мудриот. Тој се качи на престолот во 1360 година, а во Стогодишната војна успеа...

ХороскопПред 21 час

Денешен Хороскоп (16 септември) четврток

ОВЕН Не се потценувајте, туку поставете си цели што е потешко да се постигнат, бидејќи само тогаш ќе бидете целосно...

СпортПред 22 часа

Кај македонските фудбалски репрезентативци до 17 години владее позитивна енергија пред мечот со Србија

Македонската репрезентација до 17 години предводена од селекторот Тони Јакимовски денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” се подготвуваше за утрешниот...

МакедонијаПред 1 ден

Денес нови 617 заразени од Ковид-19, починале 32 лица – најмладите во билансот се од Кичево и Македонски Брод

Во последните 24 часа се направени 4.621 тестирање, а регистрирани се 617 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 314...

СпортПред 1 ден

Андонова: Не очекуваат два тешки натпревари. Шансата ќе ја бараме против селекцијата на Австрија

Женската А репрезентација на Македонија денеска го одработи последниот тренинг пред заминувањето за Англија за воведниот меч од квалификациите за...

БалканПред 1 ден

Тлото во Албанија не мирува, нов земјотрес регистриран предмалку, истиот се почувствувал и во Црна Гора

Умерен земјотрес беше почувствуван денеска во 14:27 часот во Албанија и Црна Гора. Црногорскиот Сеизмолошки оддел го регистрираше епицентарот на...

МагазинПред 1 ден

Gmail наскоро ќе може да остварува говорни и видео повици

Новото ажурирање на Gmail значи дека корисниците наскоро ќе можат да поканат пријатели и колеги, бидејќи Google сака да ја...

МагазинПред 1 ден

Биткоин утрово: Продолжи благиот раст

Во изминатите 24 часа, комплетниот пазар за дигитални производи се зголеми во вредност од 3,1 проценти. Биткоинот, најпознатата криптовалута во...

НАЈЧИТАНИ