Македонија
Сара допатува во Германија каде што ќе почне со лекување, покажавме хуманост на дело!
Девојчето од Охрид, Сара Настеска која ја обедини Македонија и дијаспората ги собра потребните финансиски средства и веќе со своето братче Виктор се во Германија каде треба да одпочне постапката за нејзино лекување.
Како што пренесува Охридскиот портал ОхридНет семејството упати емотивна порака до сите хумани луѓе кои учествуваа на било кој начин во најразличните акции за помош.
Почитувани граѓани ширум светот и од кај нас, ви се обраќаме со почит према сите вас сакајќи да Ве известиме дека целото наше семејство е во Германија, благодарение на сите вас и вашата хуманост започнавме реализација на нашата цел. Овозможено ни е авансно плаќање на дел од сумата која е потребна за лекување, а ги опфаќа двете деца. Бидејќи сите вие хумани станавте дел од нашето семејство, Ве молиме од срце да се помолите кон Бога, да биде успешно лекувањето на Сара од нејзиното помало братче Виктор – како донор!
Вечно благодарни, семејство Настески.
Македонија
МВР истакна нова дигитална услуга, ќе може да се издава уверение за државјанство онлајн, односно преку националниот портал за „услуги/uslugi“
Министерството за внатрешни работи денес ја промовираше наградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk
–„Услугата која и досега беше достапна на порталот иако можеше да се аплицира во секое време, сепак издавањето на е-државјанството беше можно само во работно време. Отсега услугата станува целосно дигитална и граѓаните може да аплицираат во секое време и за само една минута по поднесувањето на барањето, доколку е се во ред, добиваат позитивен одговор и можат да го симнат документот од системот. Дигитализација на услугите и процесите во министерството се еден од нашите врвни приоритети како Влада и како министерство. Граѓаните заслужуваат брзо и ефикасно да ги добиваат своите документи кои институциите се должни да им ги обезбедат. Дополнително процесите на дигитализација во огромен процент ја намалуваат можноста од корупција од која страда нашето општество, така што преку дигитализацијата се води и борбата со корупцијата.“, истакна министерот Тошковски.
Националниот портал uglugi.gov.mk минатата недела беше ребрендиран и редизајниран од министерството за дигитална трансформација, е централен портал каде се достапни сите електронски услуги на институциите во државата.
Тошковски потенцираше дека се министерството за внатрешни работи забрзано работи и на дигитализација и на други услуги кои ќе бидат достапни за граѓаните во следниот период.
Македонија
(ФОТО) Нови моторни возила за дел од едниците на полицијата
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството официјално ги стави во функција дел од моторните возила набавени за потребите на организациските единици на МВР и БЈБ.
„Во насока на нашата посветеност да градиме вистински опремена, модерна и европска полиција која ќе има капацитет за борба со сите видови криминал и заштита на безбедноста на сите граѓани на Македонија денес имам можност да ги ставиме во употреба нови автомобили обезбедени за потребите на полициските сектори и единици. Се работи за автомобили од производителот Шкода набавени од страна на министерството на јавна набавка, во насока на обновување на возниот парк на министерството кој е во незавидна состојба и кој планираме во следната година да го реобновиме во најголем дел.
Македонската полиција ќе биде гордост и носител на безбедноста на македонските граѓаните и се стремиме кон остварување на оваа цел. Продолжуваме во следната година со навистина амбициозни цели на градење нови полициски станици, нови униформи за најголем број полициски единици и модернизација во секој сегмент на работењето на полицијата“, потенцираше министерот Тошковски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила Пресека, Кичево-Гостивар, Дебар-Маврово
АМСМ предмалку соопшти дека воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци:
- Дебар – Маврово
- Охрид – Кичево (Пресека)
- Кичево – Гостивар (Стража)
- Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема).
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (28 декември)
-
Кичево9 часа
(ФОТО) Предмалку заврши извлекувањето на „мини“ наградната игра во „Kelly Doner“, Александар и Јана од Кичево, како и Ѓоко од Демир Хисар беа најсреќните на ова извлекување
-
Временска прогноза2 дена
Ведро и студено за Новогодишната ноќ, еве какво време ќе имаме деновиве
-
Хороскоп39 минути
Хороскоп за недела (29 декември)
-
Lifestyle11 часа
Дали чашата вино навистина е добра за срцето?
-
Lifestyle11 часа
Колку часа дневно треба да спие вашето куче?
-
Социјални мрежи1 ден
„TikTok“ се соочува пред забрана во САД доколку „ByteDance“ не ја продаде мрежата до јануари 2025 година
-
Технологија1 ден
Гигантот „Apple“ се приближува до вредноста од 4 трилиони долари