Следете не

Спорт

Сејдини за Ангеловски: Пракса е да се разговара за продолжување откако ќе истече актуелен договор

Објавено пред

на

Претседателот на ФФМ г-дин Муамед Сејдини денеска беше гостин во емисијата „Магазин“ на Сител ТВ

Поставено беше и прашањето што ја интересира македонската спортска јавност беше за состојбата со селекторот на Македонската Фудбалска репрезентацијата – Игор Ангеловски

– Договорот на Ангеловски истекува на 31.12.2020. Пракса е да се разговара за продолжување откако ќе истече актуелниот договор. Така да со него ќе разговараме после Нова година“, изјави претседателот.
Ангеловски за MacedonianFootball.com неодамна:

„Мојот сон е остварен Македонија ќе игра на ЕУРО 2020 во јуни. Нашите навивачи ќе го веат македонското знаме и сите заедно ќе ја пееме македонската химна. Сѐ уште ме нема контактирано ФФМ и преговорите не започнале. Мојот договор истекува на 31.12.2020“

Целата емисија на „Магазин“ каде гостува претседателот Сејдини може да ја проследите во продолжение

Спорт

(ВИДЕО) Нашата репрезентација оштетена, недосудениот фаул причина за примениот гол во контра на лалињата

Објавено пред

на

Да токму така, Македонската репрезентација е дефинитивно оштетена по недосудениот фаул врз Горан Пандев на работ на шеснаесетникот, по што условеше контра на Холандија и примивме гол.

Иако ситуацијата беше прегледувана преку „VAR“ технологијата, судиите одлучија дека тоа ќе биде водство од 1:0 на домаќините.

Играме добро, се надеваме дека следните 45 минути ќе одиграме уште подобро!

Ситуацијата од фаулот може да ја прегледате на следниот линк ТУКА

ФОТО: printscreen / video

Прочитај повеќе...

Спорт

Кичевчанката Минговска непобедлива во својата класа, освои златен медал на државното првенство во Карате каде се натпреваруваа 260 спортисти

Објавено пред

на

Во салата Крсте Мисирков при ООУ „Крсте Мисирков“ во Скопје изминатиот викенд на 19 и 20 јуни 2021 година, се одржа Државното првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21. На Државното првенство вкупно беа пријавени 50 клубови со 260 пријави на натпреварувачи.

На ова првенство свое обраќање имаше членот на извршниот одбор и потпретседател на Карате федерацијата на Македонија г-дин Бесник Мурати кој ги поздрави сите натпреварувачи и присутни на првенството, а во истата прилика официјално упати честитки на најдобра каратистка Пулексенија Јованоска која успеа да се избори за учество на олимписките игри „Токио 2020“.

Во категорија „Кадети (ката) индивидуално женски“ првото место го освои нашата кичевчанка Анастасија Минговска претставник на кичевскиот „Ускана Клуб“ – на чело со тренерот Неџми Д, додека второто место и припадна на Данка Стојкова, трето и четврто место им припадна на Марија Бунтеска, односно Петрушевска Марија.

Ја користиме приликата да им го честитаме успехот и златото на кичевскиот тим, а и на останатите, ова нека биде вистинска најава за Европско првенство во Карате!

ОСС!

Инфо: kfm.com.mk
ФОТО: facebook archive

Прочитај повеќе...

Спорт

Мрме: Последниот меч во репрезентативниот дрес на Гранде Пандев е дополнителен мотив

Објавено пред

на

Игор Ангеловски, селекторот на македонскиот национален тим, на официјалната прес-конференција во Амстердам му се заблагодари на Горан Пандев, и нагласи дека неговиот последен меч треба да биде мотив плус за добар резултат на националниот тим.

Селекторот истакна дека после ЕУРО ќе разговара со челницте на ФФМ за евентуално нов договор.

„Мојот договор завршува до крајот на месецов. Сакам да искажам едно огромно благодарам до Горан Пандев и сите момци што овозможија настап на големо натпреварување. Запишавме историја за македонскиот фудбал и го постигнавме најголемиот успех, и горд сум на тоа. За иднината ќе разговараме после Евроското првенство“, кажа Ангеловски.

Ангеловски рече дека не се согласува со пишувањата дека имало импровизации со составот, и дека можеби нешто ќе менува, но сигурно е дека Горан Пандев ќе игра утре во Амстердам, и дека фудбалерите за негово збогум ќе дадат се од себе за добар резултат.

„Не можам да се согласам дека сме имале импровизации со составот. Со Ристовски како стопер или Николов на десната страна ја победивме Германија, одигравме нерешено со Италија, реми со Словенија, и уште многу позитивни резултат. Со Холандија можеби ќе менуваме нешто. Со најавата за повлекување на Горан од репрезенатцијата, имаме мотив плус за позитивен резултат. Горан чувствуваше повреда на мечот со Украина, но го одигра со две инјекции, не тренираше, но утре ќе игра. И верувам дека сите ќе играат за него“, вели Ангеловски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 33 минути

Арсоска и дечињата преку „Little Eco Footprints“ со низа работилници и работна акција во дворот на „О.У. Кузман Јосифоски-Питу“

Месецов на ден 04.06 и 05.06.2021 година се реализираа низа работилници и работна акција во дворот на кичевското „О.У. Кузман...

КичевоПред 3 часа

Време е за музика: „Куќа на Уметноста“ – Кичево ве кани на одличен музички викенд со Марјан Коцев и Мирослав Мирчески

Реномираниот кичевски комплекс „Куќа на Уметноста“ кој се наоѓа во пазувите на село Кнежино, опкружен со борова шума, поседувајќи го...

БалканПред 9 часа

Пронајден и приведен човекот кој пукаше во кафуле, во Чачак соседна Србија

Пипадници на Министерството за внатрешни работи во Чачак со брза и ефикасна акција го уапсија Џ. З. (1984) од Чачак...

МакедонијаПред 10 часа

МВР со важна информација за личните документи, возачки дозволи и пасоши..

МВР информира дека поради миграција во нов систем,  од 23. 06. 2021 година (среда) започнувајќи од 21 часот, заклучно со...

МакедонијаПред 13 часа

Воздухопловен Винг: Од денес до петок ќе се изведува Летачка обука над водените површини од Охридско Езеро

Од Воздухопловниот Винг известуваат дека на крајбрежјето на Охридското Езеро период од денес вторник 22.06 до петок 25.06.2021 година, во...

На денешен денПред 18 часа

На денешен ден – 22 јуни

1533 година – Турскиот султан Сулејман Втори Величествениот потпиша мировен договор со Австрија, по друга неуспешна експедиција во Виена. 1535...

ХороскопПред 20 часа

– Хороскоп за денес (22 јуни) вторник

ОВЕН  Ако можете, искористете ја можноста да патувате или да присуствувате на оние деловни настани што ќе ви помогнат да...

СкопјеПред 23 часа

ЕВН Скопје: Најава за прекин на електрична енергија во следниве скопски реони

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре на ден 22.06.2021 година – вторник, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини...

СпортПред 1 ден

(ВИДЕО) Нашата репрезентација оштетена, недосудениот фаул причина за примениот гол во контра на лалињата

Да токму така, Македонската репрезентација е дефинитивно оштетена по недосудениот фаул врз Горан Пандев на работ на шеснаесетникот, по што...

МакедонијаПред 1 ден

Од ноќеска поскап бензин и дизел, ова е новата цена

Регулаторната комисија за енергетика ги одреди новите цени, бензините поскапуваат за еден денар. Поточно, ЕУРОСУПЕР-95 од полноќ ќе чини 69,5...

НАЈЧИТАНИ