Музика
Денес на АлфаТВ, премиерно ексклузивно музичко шоу „Стојне Николова и пријателите“
Денес со почеток од 16:10 часот на Алфа телевизија, ќе започне музичкото шоу насловено како „Стојне Николова и пријателите“ предводено од нашата супер атрактивната и без сомнение број 1 музичко име на македонската естрада – Стојне Николова.
Убави песни со нови и поинакви аранжмани музицирани од најдобрите музичари во Македонија, меѓу специјалните гости најавени се и кичевчанецот Дамјан Стојаноски и Ѓоко Таневски, додека за позитивното расположение ќе се погрижат и комичарите од „Нема љутиш“
🎬🎼 Проектот кој сигурно ќе ви се допадне е во реализација на Мојсо продукција и Арт студио.
Не заборавајте, за пријатно неделно попладне 16:10 часот на Алфа! 📺
Музика
(ВИДЕО) Лозано денес премиерно го пушти во етер неговиот најнов сингл „Жолто црвено“. Нумера и видео запис кој допираат до секој Македонец
Денес премиерно нашиот кичевчанец Влатко Лозаноски го објави својот најнов сингл насловен како „Жолто црвено“. Одлична мелодија, уште подобра интерпретација, вистинска симболика на љубов, убавина и радост. Сочинета со единствени стихови кои ќе допрат до секој Македонец.
„Оваа туѓина на мир не ме остава,
во душа само празнина ми отвара,
а таму кај што чука срцево
се вее знаме жолто црвено“
дел од моќните стихови на песната.
Текстот го напиша единствената Магдалена Цветковска – Ена, додека целиот аранжман е на незаменливиот Лазар Цветковски-LCV, додека маестралниот видео запис е дело на „Сустеин Продукција“ под палката на еден од најдобрите македонски режисери Даниел Јовески.
Ова прекрасно дело погледнете го и слушнете го во продолжение:
Музика
Во сабота во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево прв концерт на Христијан Трајаноски под мотото „Чување на традицијата и негување на културното наследство“
Во сабота на 8-ми јуни со почеток од 12:00 часот во големата сала на НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, ќе се реализира официјален концерт под мотото „Чување на традицијата и негување на културното наследство“ во покровителство на Христијан Трајаноски.
Гости и соработници на концертот кои ќе бидат дел се:
- КУД Бисер
- ВИС Амајлија
- Лука Лазарески (пиано)
- Филип Михајлоски (канон)
- Мирослав Мирчески
- Методија Столески
- Дарко Стојаноски
- Михајло Данилоски
- Драган Вељаноски
- Кичевскиот оркестар за народна музика
Порта.мк како медиумски покровител ве кани да дојдете, да присуствувате и заеднички да уживаме во убавата македонска музика, проследена со најубавото македонско оро и песна!
Музика
За сите љубители на класична музика, утре бидете дел од концертот на млади пијанисти во Кичево, по повод Меѓународниот ден на детето
Почитувани, ја имаме таа чест да ве информираме, воедно и во името на организаторите на овој прекрасен настан, да Ве поканиме сите вас кои сте љубители на класичната музика на концерт на млади пијанисти. Нека вашето драгоцено време биде одредено овој пат за звуците на пијаното, прославувајќи го Меѓународниот ден на детето.
Утре, сабота – 1-јуни со почеток од 17:00 часот во НЦУК „Кочо Рацин“ заедно со проф. м-р Кристина Костадиноска
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (18 јануари)
-
Кичево2 дена
Известување до сите водичарски кумови од Кичево и кичевско
-
Кичево20 часа
Во Кичево до сега 36 верници пријавени, кои ќе се обидат да го пронајдат Чесниот Крст за утрешниот празник Богојавлениe
-
Македонија2 дена
Посебно внимание во сообраќајот поради појава на голомразица „подледена површина“ на асфалтот
-
Култура1 ден
Денес е „Водопост“ или „Водокрст“ денот пред „Богојавление“, овие работи треба да ги знаеме
-
Македонија2 часа
Охриѓани со јавна поддршка преку транспаренти, Епископот Партениј да биде поставен за Митрополит на Дебарско-кичевската епархија
-
Хороскоп12 часа
Празничен Хороскоп за недела (19 јануари)
-
Lifestyle23 часа
Растенија кои носат среќа во 2025 година