Македонија
Свлечишта се почесто, овој пат и во Криво Паланечкиот регион.. (ФОТО)
Вчера попладнето се одржа вонреднен состанок на Штабот за заштита и спасување при општина Крива Паланка на кој беше разгледана состојбата со активираните постојни свлечишта на локалниот пат село Дурачка Река – село Станци, маала Метов – село Дренак кај местото Видња и на стариот пат кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“.
Според донесените заклучоци и препораки, целосно е затворен за сообраќај по стариот пат кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“, а утврдена е препорака за користење на алтернативниот локален пат, т.н. Руски пат. За свлечиштето на локалниот правец Дурачка Река – село Станци – маала Метев – село Дренак кај местото Видња се препорачува целосна забрана на патниот правец за тешки товарни возила, а движењето на лесни моторни возила се препорачува само во случај на ургентна и неопходна потреба.
Напоредно преку месните заедници се преземаат мерки за информирање на месното население од селата Дурачка Река, Станци и Дренак. Упатени се известувања до сите надлежни институции, до Полициската станица од општа надлежност, локалните такси компании и останатите субјекти.
Од Општинскиот кризен штаб апелираат до сите граѓани да ги почитуваат предупредувањата, препораките и поставената сообраќајна сигнализација. За непочитување на овие укажувања општината и надлежните институции нема да сносат никаква одговорност, велат од Општински кризен штаб, потенцирајќи дека надлежните општинаски служби ќе бараат можности за пробивање на нов алтернативен пат.
Извор: Kalimero.mk
Македонија
Битолчанец бил измамен, му посредувале за наследство од починато лице кое немало законски наследници
На 27.01.2025 во СВР Битола, 20 – годишник од битолско село пријавил дека бил измамен од едно женско лице за сума од 4.440 американски долари.
Според пријавеното, во ноември 2024 година лицето го контактирало преку социјални мрежи, се претставило дека е од Малта и дека може да му помогне да се стекне со наследство на починато лице од РМ, кое немало законски наследници.
Како што е пријавено, тие комуницирале повеќе од два месеци и во тој период преку брз трансфер на пари оштетениот во неколку наврати ѝ уплатил вкупно 4.440 американски долари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, истакна МВР.
Македонија
ДПИ ќе спроведува засилени контроли према законите за угостителска дејност и заштита од пушење цигари
Во наредниот период Пазарниот инспекторат ќе спроведува засилени контроли на терен во согласност со Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушење. Контролите ќе бидат спроведувани во координација со Министерството за внатрешни работи, и тоа низ цела територија на Македонија, со акцент на спречување на послужување алкохол на малолетни лица, се наведува во соопштението.
Послужување алкохол на малолетни лица е кривично дело, а казните за оние угостители што ќе бидат затекнати како послужуваат алкохол на малолетни лица се ригорозни и се движат до 4.000 евра. Освен парични казни, се изрекуваат и казни за забрана за работа во период од еден месец.
Апелираме до угостителите да постапуваат во согласност со обврските кои произлегуваат од Законот за угостителска дејност, по кој се должни да ја утврдат возраста на лицето на кое се послужува алкохол!
Доколку Пазарниот инспекторат утврди нерегуларности, најригорозно ќе постапува!
Државниот пазарен инспекторат заедно со останатите надлежни институции и понатаму ќе продолжи да спроведува заеднички акции кои ќе ги спречат дејствата поврзани со послужување алкохол на малолетници, истакна Директорот на ДПИ, г-дин Влатко Стојкоски.
Македонија
Во охридската Општа Болница вработена нападнала колешка во работно време
На 24.01.2025 во 13.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека вработена во Општата болница во Охрид физички нападнала своја колешка која извршувала работни обврски.
По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хроника12 часа
Кичевчанец додека работел на работни задачи на автопат Кичево-Охрид паднал и починал
-
Магазин1 ден
Денес им е роденден: Спасен Сиљаноски, еден од најдобрите и најпопуларни пејачи на македонската естрада
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (30 јануари)
-
Lifestyle1 ден
Лимонот не се препорачува секогаш: Во овој случај ја влошува состојбата на организмот
-
Кичево2 часа
Учесници, спонзори, помагатели, фирми и луѓе со големо срце кои дадоа свој придонес за мега спектакуларниот кичевски „Хуманитарен Божиќен Базар“
-
Култура23 часа
Денеска е Св.Антониј Велики, честито име Антонио, Антоанета, Антониј..
-
Временска прогноза1 ден
Викендов вистинска пролет, утринските температури ќе бидат над нулата – ова се најновите метео вести
-
Lifestyle1 ден
„Перењето постелнина: Колку често треба да го правите за здрава кожа и добар сон“