Свет
Паника во Викторија: Оваа трева буквално им ги „јаде“ куќите (ВИДЕО+ФОТО)

Во селото Лесби, австралиска Викторија, тревата со име „Хилманова паника“ е сериозен загрозувач на животот и секојдневието на тамошните жители, кои веќе не знаат што да прават во борбата против ова растение кое буквално им ги голта куќите.
Една од жителките на Лесби, Лијана Глори, вели дека стравува оти веќе ја изгубила битката против тревата која буквално ѝ ја голта куќата.
Растението „Hair Panic” полека но сигурно го презема ова мало место. Тревата до таа мерка го обиколила домаќинството, што Глорија вели дека изгледа како да има сопствен ум. Безбројните обиди да се уништи ова растение паднале во вода, така што тревата моментално допира до лицето на Лијана. Со оглед на тоа дека е многу сува, ветерот лесно ја разнесува. Сноповите трева цело време се собираат, и со време стануваат се потешки.
„Мојата ќерка и јас буквално моравме да се пробиваме низ тревата за да дојдеме до кантите за ѓубре. Само расте и расте. Понекогаш не можам да ја користам главната врата на куќата. Има толку многу трева, невозможно е да се излезе”, вели загрозената жена. Ширењето на “Хилмановата паника” толку напредувало, што е затворен и главниот селски пат, а жителите побарале помош на социјалните мрежи.
„Во текот на сушната сезона тревата пука и се ослободува семе кое ветерот го разнесува насекаде. Каде и да дувне ветер, тревата повторно расте. А еднаш кога ќе ви дојде до куќата, не можете да се справите со неа”, објаснува Глори.
По метењето, корнењето и употребата на косилка која се расипала бидејќи тревата ги блокирала сечивата, употребата на дувач за лисја и бројни други методи, таа едноставно останала без идеи.
Слична „епидемија“ се случила во 2016. година, кога растението загрозило 20 домаќинства, но „никогаш досега не било вака лошо”.
Свет
NASA и Пентагон склучија партнерство за развој на напредна технологија и нуклеарен погон

Американската вселенска агенција (НАСА) вчера објави дека склучила партнерство со Пентагон за развој на ракета на нуклеарен погон дизајнирана да испрати луѓе на Марс.
Шефот на вселенската агенција, Бил Нелсон (Бил), истакна дека е формирано партнерство со американската воена истражувачка агенција Дарпа за „развој и тестирање на напредна технологија за термички нуклеарен погон во 2027 година“.
– „Со таа технологија, астронаутите ќе можат да патуваат во и надвор од вселената побрзо од кога било досега“, рече Нелсон, додавајќи дека е неопходно да се испратат мисии со екипаж на Марс.
Таквата ракета на нуклеарен погон би можела да биде три до четири пати поефикасна од ракетата со конвенционално гориво и би го намалила времето на патување до Марс.
Свет
Правилата важат за сите, Британскиот премиер заработи казна, не ставил појас додека се возел во автомобил

Сообраќајните прописи се сообраќајни прописи и тие треба да важат за сите, вклучително и за шефот на државата. Британскиот премиер Риши Сунак доби казна од полицијата во Ланкашир затоа што не го врзал појасот додека вози.
Како што пишува Ревија ХАК, Сунак бил фатен откако на Инстаграм објавил видео во кое им се обраќа на граѓаните од задното седиште во автомобил.
На неодамнешното видео објавено од Сунак, може да се види како се врти кон камерата додека зборува за владината политика. Сепак, јасно е дека тој не носел појас, поради што локалната полиција започна истрага.
Сунак се соочува со парична казна од 100 фунти, која може да се зголеми до 500 фунти доколку случајот оди на суд. Од кабинетот на премиерот соопштија дека тој ја прифаќа казната и ќе ја плати во најбрз можен рок.
/Revijahak
Свет
Во Бразил температури до 54°C, гужви на плажите (ВИДЕО)

Рио де Жанеиро ги бележи најтоплите летни денови, па плажите во бразилската метропола се полни со луѓе.
Особено е „живо“ на плажата Ипанема, која се наоѓа во јужниот дел на градот.
Во Рио три дена по ред се забележани рекордни температури, а највисоките достигнаа 54 степени Целзиусови.
Летното сметање на времето во Бразил трае од декември до март, а зимското од јуни до септември.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (31 јануари)
-
Lifestyle2 дена
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!
-
Временска прогноза1 ден
Снег послабо и за месец февруари, сув студ и силен ветер се она што треба сигурно да се очекува, ова се деталите…
-
Хороскоп4 часа
Месечен Хороскоп (февруари)
-
Видео2 дена
Фармерот и магарето имаат посебен однос, видеото е прегледано 4 милиони пати
-
Автомобили2 дена
Изгледа дека електричните автомобили не се толку исплатливи
-
Магазин2 дена
Ова се најнестабилните апликации за iPhone и Android
-
Видео15 часа
Со хумористично видео, мајка покажа како се менуваат градите за време на бременоста и доењето