Шварценегер води животна битка: „Терминаторот“ итно опериран

438 прегледи

Актерот Арнолд Шварценегер, познат по својата улога во серијалот „Терминатор“ имал итна операција на срцето, што траела неколку часа.

Ова не му е прва интервенција од ваков тип, бидејќи и во 1997 бил опериран, кога му бил заменет срцевиот залисток.

Информации околу здравствената состојба на 70-годишниот актер по операцијата ќе бидат достапни за јавноста наскоро.