ТРАГЕДИЈА во Кочани: При истовар на мермер загина едно лице, а четворица се повредени

348 прегледи

Попладнево околу 17 часот уште една трагедија ја потресе Македонија.

Во несреќата која се се случила во Кочани загина едно лице, а повеќемина се повредени.

Според првичните информации во несреќата при истовар на мерер во фирма во Кочани, загина еден, а четворица работници се повредени.

Трагедијата се случила околу 17 часот.

Неофицијално две лица со тешки повреди итно се препратени на скопските клиники, додека другите двајца со полесни повреди се препратени во Кочанската болница.

Извор: Faktor.mk