Следете не

Временска прогноза

Уживајте и денес во сончевото време, но од Вторник ќе следат промени

Објавено пред

на

Продолжува периодот на релативно топло време со пораст на утринските температури.

Денеска ќе се задржи претежно сончево, а од вторник во попладневните часови ќе има делумно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 9, а дневната од 22 до 30 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Кичево времето ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од 7 до 28 степени.

Во следните денови ќе продолжи периодот на релативно топло време со пораст на утринските температури. Од вторник во попладневните часови ќе има делумно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд.

Временска прогноза

Температури во пораст и магла особено во кичевскиот регион

Објавено пред

на

Од крајот на оваа работна седмица, па за време на викендот, како и во почетокот на следната седмица во Македонија продолжува променливо облачно време со сончеви периоди, тивко и со појава на густа магла по котлините.

Појава на густа магла во следните денови ќе продолжи да има и во Скопската котлина и кичевскиот регион.

Во местата со магла температурите ќе бидат многу пониски како наутро, кога ќе се спуштаат  и под нулата, па така  и преку ден. Додека на другите места, особено на повисоките, планинските места и Скијачките центри температурите ќе бележат тенденција на голем пораст со што се очекува забрзано топење на снежната покривка.

Преку денот во следниот период насекаде температурите ќе надминуваат 10 степени, а во југоисточните предели тие се очекува да се искачат и до 17 степени. Но како што напоменав, значително поладно ќе биде во котлините со густа магла и ниска облачност.

И во Скопската котлина температурата преку ден во следниот период ќе остане пониска и претежно под 10 степени.

Се на се, температурната инверзија ќе ја имаме и во следниот период од годината, па така, котлините ќе бидат значително поладни од повисоките месата, планините и Скијачките центри, вели Славчо Попоски во најновата метео анализа.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Котлините под густа магла и многу ладно време, на другите места значително потопло

Објавено пред

на

Кога сме веќе во поле на висок воздушен притисок (Антициклон), и кое ќе продолжи до крајот на седмицава, и сето ова ќе биде придружено со значително поголема влажност во воздухот. Во ваква ситуација по котлините и понатаму ќе има појава на густа магла и токму на овие места ќе биде многу поладно, појава на густа магла понатаму ќе продолжи да има  и во Скопската котлина. Ќе биде претежно тивко и променливо облачно.

Во петок ќе има услови за сосема слаб и локален дожд.

Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се задржат за некој степен над или околу нулата, а во котлините со магла тие ќе бидат пониски и ќе се спуштаат под нулата, а многу поладно за разлика од другите места, односно повисоките, планинските места и Скијачките центри ќе биде токму во котлините со густа магла и ниска облачност и преку ден.

Што се однесува до максималните дневни температури, тие ќе бидат во пораст, особено за време на викендот кога ќе се искачуват во интервалот од 8 до 16 степени, во Скопје таа постојано ќе биде до околу или под 10 степени, а наутро таа ќе се спушта до близу или околу нула степени.

Да напоменам дека кога котлините се поладни од високите места  и планините, тоа се нарекува температурна инверзија, која се очекува да продолжи во Македонија и во следните денови, вели Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Утре брз влажен бран ќе донесе локални врнежи од дожд и снег на планините

Објавено пред

на

Утре (вторник (21.1.2025) од југозапад над Македонија ќе помине еден брз влажен и поладен воздушен бран, поладниот воздушен бран секако ќе се спушти од север. Во склоп со овој влажен бран од југозапад, ќе има послаби врнежи кои на пониските места (градовите) ќе бидат од дожд или повремено од дожд и снег, додека на повисоките, планинските места, како и на Скијачките центри ќе има врнежи од снег.

Врнежи со малку поголем интензитет, односно со умерен интензитет ќе има во западните предели од Македонија. По котлините ќе продолжи да има магла и намалена видливост, особено густа магла ќе има во ноќните  и во утринските часови.

Во Скопје и околината ќе има услови за сосема слабо проврнување на дожд,  а поради маглата која се очекува во ниските предели од котлината, можна е појава и на замрзнат дожд, но како што напоменав од локален и многу слаб интензитет.

Што се однесува до температурите, тие утре (вторник) наутро ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, во Скопје до околу -2 степени, а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степениж, во Скопје максималната температура утре (вторник) ќе се искачи до околу 4 степени, информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт4 часа

ФФМ ги истакна условите за работа на тренери и физиотерапевти од Спортската академија

ФФМ исткана оглас за тренери и физиотерапевти за работа со фудбалери од Спортска академија. Во продолжение, заинтересираните кандидати може да...

Кичево4 часа

Поради загадениот воздух во Кичево, издадени важни мерки и препораки од Министерството за животна средина и просторно планирање

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот...

Lifestyle8 часа

Кремаста супа од компири за студени денови: Брз и вкусен ручек за петмина

Ако обожавате крем супи, оваа брзо подготвена верзија со компири ќе стане редовен дел од вашата трпеза! Еве како да...

Lifestyle8 часа

Здрави навики за исхрана за различни сезони: Како да ја прилагодите вашата исхрана на пролет, лето, есен и зима

Секоја сезона носи свој уникатен сет на промени кои влијаат на нашето тело, расположение и потреби за хранливи материи. Прилагодувањето...

Lifestyle8 часа

Кардиолозите предупредуваат: Ова е најштетниот вид кафе за вашето срце

За многумина кафето е незаменлив дел од утринската рутина. Но, дали сте знаеле дека начинот на кој го подготвувате кафето...

Lifestyle8 часа

Внимателно со киселата зелка: Кои се ризиците за здравјето?

Киселата зелка е традиционална храна со многу здравствени придобивки, но може да биде ризична за луѓето со одредени здравствени проблеми,...

Магазин8 часа

Instagram Reels сега траат до 3 минути: Одговор на TikTok и YouTube Shorts

Instagram воведе ново ажурирање кое го продолжува времетраењето на видеата во Reels на 3 минути, што е значителна промена во...

Магазин8 часа

Google Maps доби нови алатки со вештачка интелигенција за подобро корисничко искуство

Google Maps продолжува да ги подобрува своите функционалности, правејќи ја оваа услуга уште попрактична за корисниците ширум светот. Пред две...

Мобилни уреди17 часа

(ВИДЕО) Добредојде за најновата серија на Samsung Galaxy, модел S25, големата еволуција на „Galaxy AI“

„Galaxy Unpacked 2025“ ни донесе нови телефони од јужнокорејскиот гигант, а можеби и уште изненадувања. Samsung го одржа својот настан...

Хороскоп19 часа

Хороскоп за четврток (23 јануари)

ОВЕН Не се опуштајте премногу, особено ако имате впечаток дека имате целосна контрола врз вашиот живот и настаните што ве...

НАЈЧИТАНИ