Кичево
Сите пофалби и честитки за Пожарна Кичево „ТППЕ“ за вчерашната ноќна акција за евакуација на жители и поплавени делови во градот (ФОТО)
Сите почести за Кичевската Пожарна „ТППЕ“ кои буквално ноќеска имаа бурна акција и тешка задача да се справат против големите поплави кои го зафатија нашиот Кичевски регион.
Одпушување на каналите на О.У. Санде Штерјоски за да не дојде до поголема катастрофа, како и помош кај „Сатеска“ река на такси возило тотално преплавено, потоа на улица „Прилепска“ се случувало вистинска драма каде 30-тина луѓе биле евакуирани од нивните тотално поплавени домови, како и спасен добиток и коњи во штала кои многу лесно можеле да настрадаат, дури и во некои места морале да интервенираат и со против пожарни апарати како резултат на струјни удари..
Мал дел аматерски фотографии на ТППЕ и Црвен Крст (колку што имало време да се фотографира)
Кичево
Во ЈЗУ Општа Болница Кичево недостигал ехо апарат, случајот бил пријавен во МВР
На 21.10.2024 во 11.45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во Општа болница во Кичево, недостига ехо апарат, кој за време на ковид пандемијата во 2021 година во болницата бил дониран од Министерството за здравство.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, за медиумите информира портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Кичево
Во понеделник овие кичевски села поради работа на ЕВН „КЕЦ Кичево“ ќе бидат без електрична енергија
Како што информираат од ЕВН за нашиот медиум, поради зафати на електродистрибутивната мрежа во понеделник на ден 21.10.2024 г, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следните кичевски села:
* с. Свињиште, Козица, Белица и ХПП Белица, с. Другово, Пополжани, Долно и Горно Добреноец, Видрани и Брждани (Од 10:30 до 13:30ч)
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
Кичево
(ФОТО) Денес во „Check In“ кичевскиот ФК „Напредок“ доби промоција и нови дресови од „Евротип“ и „Gold Slot Club“
Денес како што најавивме под покровителство и спонзорство на најдобрите „Gold Slot Club“ и обложувалници „Евротип“ се организираше официјалната промоција на кичевскиот фудбалски клуб „Напредок“. Во одлична атмосфера покрај богатиот кетеринг и одличната музичка агенда на DJ Anonymous присутните и дел од вработените на овие експозитури имаа вистинска прилика да уживаат. Како што е познато, спонзорството се состои во спортска опрема – дресови.
На настанот присуствуваа претставници од маркетинг секторот на КС Групација во чиј состав влегуваат компаниите Голд Слот и Евротип. Присутните на настанот уживаа во пријатна атмосфера, а беа обезбедени и гратис пијалоци за сите. На настанот свое обраќање имаше и директорот на клубот. Голд Слот и Евротип како горди спонзори на ФК „Напредок“ не само што го поддржаа овој настан туку ќе продолжат и во иднина да бидат ветер во грб на самиот клуб.
На социјалните мрежи проследете ги на следните линкови:
„Gold Slot Club“: Facebook и Instagram
„Евротип“: Facebook и Instagram
Галерија:
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (21 октомври)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за вторник (22 октомври)
-
Кичево9 часа
Во ЈЗУ Општа Болница Кичево недостигал ехо апарат, случајот бил пријавен во МВР
-
Lifestyle10 часа
Кој е нормалниот крвен притисок според возраста?
-
Временска прогноза24 часа
Според „Европскиот“ и „Глобалниот“ метео модел најверојатно зимата доаѓа во почетокот на месец ноември, ова се информациите
-
Македонија1 ден
Од ноќеска пониска цена на горивата во Македонија
-
Lifestyle1 ден
Додадете две состојки во зелениот чај и направете моќен напиток: Го зајакнува имунитетот, ги топи килограмите
-
Магазин1 ден
Apple може конечно да го реши овој проблем