Следете не

Здравје и убавина

Трик со сода бикарбона против темни подочници

Објавено пред

на

Ова е еден од „најголемите“ проблеми со кои се соочуваат голем број на жени, а и често пати и мажите. На некој начин преставува и естетски проблем, па нема кој не би сакал да преземе нешто против тоа. Токму затоа, ви предлагаме да пробате домашно решение кое помага против отечени и уморни очи. Трикот со сода бикарбона против темни подочници може ќе ви помогне, па пробајте го.

Стресниот начин на живот, недостатокот на сон, оштетувањата на очите од мониторите и телефоните, зголемената диоптрија која го влошува видот, хроничниот умор, дехидратацијатата, сите тие се фактори кои придонесуваат за оваа појава да е што почеста и поизразена. Клучната состојка за домашниот третман е содата бикарбона, а откривме дека делувал ефикасно кај повеќе лица.

ПОТРЕБНО:

  • 1 лажица сода бикарбона
  • 1 шолја врела вода
  • памучни тупфери (најдобро од оние што се кружни и тенки).

ПОДГОТОВКА И НАЧИН НА УПОТРЕБА:

  • Подготовката е многу лесна, само треба да ја разматите содата бикарбона во топлата вода.
  • Потоа натопете ги тупферчињата со течноста и ставете ги под очите, на местото на темните кругови.
  • Оставете ги да стојат под очите околу 10-15 минути, а потоа измијте го лицето и нанесете хидратантна крема. Ако постапката ја повторувате во ток од две недели секојдневно, ќе забележите драстична разлика.

Здравје и убавина

На колку време треба да се менува четката за заби?

Објавено пред

на

„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!

Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.

И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.

Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.

Извор: denar.mk

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Како да направите диетален домашен сок од ананас

Објавено пред

на

Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.

Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.

Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…

Состојки:

– 1 ананас

– 1 лажица ленено масло

– 2 дл. Ладна вода

– малку сок од лимот или лимета

Подготовка:

Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.

Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата

Објавено пред

на

Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.

Состојки:

– 2 литри обична природна вода

– 1-2 големи портокали

– 3 киви

– 5 јагоди

– сок од половина лимон или лимета

Начин на подготовка:

Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден56 минути

29 декември – На денешен ден

1800.- Роден е американскиот пронаоѓач Чарлс Гудјер, кој во 1839 година го открил процесот на вулканизација на гума. Неговиот изум...

Временска прогноза58 минути

Годината 2025-та ја започнуваме со екстремно ладен фронт од Арктикот кој ќе донесе со многу ниски утрински и дневни температури

Почнувајќи од 3 јануари, па во деновите потоа, вклучувајќи ги и Божикните празници, но и деновите по 10 јануари, судејќи...

Хороскоп2 часа

Хороскоп за недела (29 декември)

ОВЕН Не се потценувајте, туку поставете си цели што е потешко да се постигнат, бидејќи само тогаш ќе бидете целосно...

Кичево10 часа

(ФОТО) Предмалку заврши извлекувањето на „мини“ наградната игра во „Kelly Doner“, Александар и Јана од Кичево, како и Ѓоко од Демир Хисар беа најсреќните на ова извлекување

Предмалку ги добивме среќните добитници во рамки на наградната игра на „Kelly Doner“ која траеше еден месец. Во среќниот сад...

Lifestyle12 часа

Белгија воведува забрана за продажба на електронски цигари

Белгија од 1 јануари ќе стане првата членка на Европската унија што ќе ја забрани продажбата на електронски цигари за...

Lifestyle12 часа

Дали чашата вино навистина е добра за срцето?

Една чаша вино дневно може значително да го намали ризикот од срцев удар, па дури и да делува подобро од...

Lifestyle12 часа

Колку часа дневно треба да спие вашето куче?

Новото истражување покажува дека кучињата треба да спијат многу повеќе отколку што повеќето сопственици мислат. Според податоците на добротворната организација...

Магазин12 часа

USB-C стана универзален полнач во Европската унија

Од денес, USB-C конекторот е официјален заеднички стандард за полнење електронски уреди во Европската унија, објави Европската комисија на платформата...

Магазин12 часа

Apple на чекор до историски успех: Може да стане првата компанија вредна 4 трилиони долари

Apple се наоѓа пред неверојатно достигнување, со пазарна вредност која би можела да достигне 4 трилиони долари. Овој потенцијален рекорд...

Магазин12 часа

Чекањето продолжува: iPhone без рамка е сè уште далеку од реалноста

Иако рамките на паметните телефони стануваат сè потенки, целосно безрамковен iPhone сè уште е само концепт. Според извори, Apple активно...

НАЈЧИТАНИ