Балкан
Убиство и самоубиство во Белград, додека едно лице скокнало од зградата на Клиниката за инфективни болести

Утрово во 6.00 часот на улицата „Будимска“ во Белград, се случило убиство и самоубиство, информацијата била од брзата помош утрово, но без повеќе детали.
Две безживотни тела биле пронајдени во стан во улицата „Будимска“ во Белград околу 6 часот утрово, потврдено во белградското МВР, каде допрва ќе се расветлува за случајот.
Претходно медиумите објавија дека станува збор за телата на мајка и ќерка, по што констатирано било дека имале убодни рани и дека покрај нив е пронајден нож.
Во текот на ноќта, едно лице скокнало од зградата на Клиниката за инфективни болести, додека синоќа во 23.15 часот на Сланачки се случила сообраќајна несреќа во која пет лица беа полесно повредени.
Екипи на брза помош интервенирале 111 пати во текот на ноќта, а 10 интервенции биле во јавност.
Извор: RTV Srbija
Балкан
Ноќва почина градоначалникот на Загреб – Милан Бандиќ

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, почина синоќа во Загреб на 66-годишна возраст. Првичните информации според хрватските медиуми се дека Бандиќ починал од срцев удар
Веста за неговата смрт ја потврди неговиот долгогодишен соработник, доктор и директор на Наставничкиот институт за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“, Звонимир Шостар.
По што веста за смртта на градоначалникот ја потврдија и од клиничката болница Свети Дух.
Почивај во мир.
Балкан
Тлото во Хрватска не мирува, пред еден час нов посилен земјотрес кај Петриња со јачина од 4,1 степен според Рихтер

Централна Хрватска околу 11 часот повторно беше погодена од посилен земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала со епицентар кај Петриња, а засега нема информации за можна материјална штета, каде страшниот потрес се почувствува и во Загреб.
Хрватската сеизмолошка служба објави дека во 10.58 часот забележала прилично силен земјотрес кај Глинска Полјана, недалеку од Петриња.
Земјотресот беше почувствуван на пошироко подрачје, а граѓаните известуваат дека се почувствувал и во БиХ и во Словенија.
Претходно, Европскиот медитерански сеизмолошки центар објави дека земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала.
Областа на централна Хрватска постојано се тресе од низата земјотреси што ја погодија областа на крајот на декември.
Најсилен меѓу нив беше 6,2 степени по Рихтер на 29 декември, со епицентар кај Петриња, кога загинаа седум лица и беше предизвикана голема материјална штета во областа Петриња, Сисак, Глина и околните села.
Штетата беше предизвикана и во Загреб и неговата околина, главно на покриви каде беа оштетени оџаци и плочки, особено на зградите кои веќе беа оштетени во земјотресот што го погоди хрватскиот главен град во март минатата година и чијашто јачина беше 5,5 степени по Рихтер.
M4.3 #earthquake (#potres) strikes 43 km SE of Zagreb – Centar (#Croatia) 21 min ago. Updated map of its effects: pic.twitter.com/oEDX6jDfov
— EMSC (@LastQuake) February 24, 2021
Балкан
Почина Ѓорѓе Балашевиќ

Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина денес.
Да потсетиме, Балашевиќ пред три дена беше примен на Инфективната клиника на Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад, каде се лекуваше од пневмонија.
Лекарите ги презедоа сите потребни мерки за лекување, но немаше подобрување. Попладнево неговата состојба дополнително се влоши заради претходните хронични здравствени проблеми.
За жал, неколкучасовните напори на лекарот КЦВ не вродија со плод, а Балашевиќ почина три месеци пред неговиот 68 роденден.
-
Кичево21 час
Важна информација од Кичевска Парохија
-
Случувања2 дена
(ВИДЕО) Страшни снимки од силниот земјотрес кој ја погоди Грција предмалку, истиот почуствуван и во делови од нашата држава
-
Македонија3 дена
Нови 726 случаи на Ковид-19, починале 7 лица од кои 2 се од Кичево
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за денес (4 март) четврток
-
Хороскоп3 дена
Дневен Хороскоп (3 март) среда
-
Временска прогноза3 дена
Следува промена на времето и пад на утринските температури, за време на викендот дожд на секаде во државата, детали..
-
Кичево2 дена
Неделна акција на прозиводи во АТВА Маркети – Кичево
-
Случувања1 ден
(ВИДЕО) Од низата снимки кои се појавија од земјторесот во Грција, на оваа се гледа морничавиот момент, бутикот се помести од своето земјиште